1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Србија и Босна и Херцеговина под вода

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 17 мај 2014.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Имаме еден куп теми за проста и дневна политика, но ништо за овие настани кои се најважни и се гледање малку повеќе пред сопствениот нос.

    Нејсе, на темава може да пишувате за сите нови случувања околу оваа непогода.
    Истовремено може да споделувате за секакви акции и можности за помош на настраданите (иако се поклопува како тема за хуманитарни акции).

    http://a1on.mk/wordpress/archives/331271

    Се чини под цинизмот за новиот светски поредок и на име на паранојата се покриваат навистина реални и возможни работи. Експеримент, тревога или не знам веќе што, голем дел од луѓето, интересно веќе и експерти се убедени дека е се освен природна непогода.

    Во Недела ќе бидат поставени пунктови, не сум информирана каде и од колку до колку часот, но веројатно до утре информацијата ќе се рашири прецизно и ќе знаеме. Можете да донирате вода,ќебиња, средства за лична хигиена,пелени и храна.
     
    На ines.h, daylight и Scar.Tissue им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ПОМОШ ЗА СРБИЈА
    Утре на плоштад Македонија во 12 часот, ќе има акција за собирање на млеко во прав, пелени, облека, вода, ќебиња .... се оноа што мислите дека на соседите од Србија ќе им е од помош.
    Бидете хумани, и воедно споделете го овој пост на вашиот ФБ профил, за што повеќе луѓе да бидат инфомирани за утрешната хуманитарна акција.
     
    На malecka91 и gangstergirl им се допаѓа ова.
  3. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
  4. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Еве наша страна на фб за помош за настраданите во Србија и Босна па кој сака и кој колку може да помогне https://www.facebook.com/groups/8049422 ... 4/?fref=nf
    Секоја чест на сите доброволци пред Комбак Арена :clap:
     
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Поарно нека кажат каде се тие пунктовите, да донирам таму облека,храна, од каде знам во чиј џеб ќе одат парите донирани преку интернет.
     
  6. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    ПОМОШ ЗА СРБИЈА
    Утре на плоштад Македонија во 12 часот, ќе има акција за собирање на млеко во прав, пелени, облека, вода, ќебиња .... се она што мислите дека на соседите од Србија ќе им е од помош.
    Бидете хумани, и воедно споделете го овој пост, за што повеќе луѓе да бидат инфомирани за утрешната хуманитарна акција!
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
  8. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Средствата кои е пожелно да се донираат
     

    Прикачени фајлови:

  9. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Херцеговина не е под вода зашто... не е погодена од поплави. Ако запазуваме детали.
     
  10. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Со повикување на бројот 143 400 донирате по 100 денари за настраданите во поплавите.
     
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Отворена е и жиро сметка на Црвебиот крст за донации за настраданите:
    http://www.novini.mk/read/807120/cr...-telefonska-linija-za-donacii-za-srbija-i-bih

     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Браво за темава и за кажаново Lilit!!! :clap:

    Воедно ваквите настани треба да им бидат опомена на сите народи дека нема заебанција кога планетата Земја и елементите ќе земат збор!

    Наместо да се курчиме со политики и патриотизми ќе биде подобро да се преиспита кои се ранливите делови на регионот, како да се обезбеди обилна и ефтина а квалитетна храна и вода за пиење како и бесплатна неограничена или барем ефтина енергија(сонце, ветер....). Тастатурава пена ми фати од чукање за ова... :@
    Ама не, нас ни е побитно името, каде бил закопан Александар Македонеро, на другите зошто не им е официјален јазикот низ цела земја, на третите им беше побитно Косово, на четвртите зошто сме се викале Македонија... сето тоа станува тоооолку небитно кога ќе се случат вакви работи како поплавата, земјотреси, цунамија, тонечки дупки, вулкани...

    Лично не мислам дека ова има врска со некакви HAARP системи за контролирање бранови, а и да има, суштински не менува многу. Политичарите но и народот на балканот веќе 2 децении губи скапоцено време со спорадични работи, а настаните и катастрофите си подаваат рака едни на други сè позабрзано.
    Сето ова време ширум балканот можеа толку одбранбени ѕидови, одводни канали, сончеви централи, ветерници за струја, супербрзи железници да се изградат - ама они градеа политики и традиции.
     
    На kate21, Unica, darcy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Се согласувам, со природата човек не може да си игра играчки, повеќе од јасно е сето тоа што се случувало низ светот, со отварање на дупки на земјата и сл.
    Во врска со второто, на човека секогаш му текнува дека тоа е важно, кога веќе има некаква катастрофа, до тогаш се тера политика, бизнис и др.
    Дали има врска со тие системи ова, човек веќе не може да верува, не може да биде сигурен, која е вистинската причина за поплавиве.Човек се ќе прочита, чуе и види.

    Кроце со тастатурата, да не ти се стопит, па ќе треба нова да купуваш :lol:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  16. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Жалосно :(
     
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
  18. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    КАДЕ МОЖЕТЕ ДА ДОНИРАТЕ ПОМОШ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ?

    Македонските граѓани самоиницијативно се организираат за помош на настраданите лица во поплавите во Србија и во Босна. Ова се пунктовите за кои засега е сигурно дека утре (недела) ќе бидат поставени во повеќе општини во земјава:

    Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква

    Плоштад Македонија – 12 часот

    Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад

    Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката)

    Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови)

    Битола – 12 часот, плоштад Магнолија

    Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“

    Кисела Вода – во текот на целиот ден, ул. Стојан Стојановски, зад магацините на Славија, до пругите

    Воедно, со вртење на бројот 143 400 од било кој мобилен оператор можете да донирате 100 денари за акцијата за помош на настраданите.

    Граѓаните апелираат дека треба да се внимава што се донира. Ова се списоците на работи кои засега им се најпотребни на оние што останаа без покрив над главата по катастрофалните поплави.
     
  19. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    6.907
    Пол:
    Женски
    Жалнооо,жално!Во Битола никој ништо не се интересира,ниту се организира нешто барем јас не сум запознаена.А темава многу ме засега бидеќи имам роднини во Врање и брачед што беше на терен некаде надвор од обреновац,се градеше тунел.Сеуште не знаеме како е ;(
     
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ќе има утре собирна акција на плоштадот Магнолија во 12 сатот на пладне.