Бидејќи голем дел од времето денес се минува по социјални мрежи често се случува да комуницираме со личности кои никогаш претходно не сме ги сретнале. Ви се случило ли да се сретнете во живо личност со која претходно само виртуелно сте комуницирале? Како дојди до средбата? Колку беше личноста слична со претставата што ја имавте за неа? Што најмногу ве изненади, било позитивно или негативно, кај неа? Продолживте ли по средбата да комуницирате на било каков начин?
50-50 сум на темава, имам и лошо и добро искуство, само зависи каква слика си правиш за лицето од другата страна , колку поголеми очекувања толку поголеми шанси за разочарување. Еднот случај отиде во максимално позитивна насока и прерасна во прекрасно пријателство , додека другиот случај тотално разочарување .....
Сум запознала неколку ликови од форумов.До средбата дошло така што прво сме се цитирале по теми за кои имаме заеднички интереси и мислења, па сме продолжиле по лп, па сме се аднале на фб, сме разменале телефонски броеви, сме комницирале поинтезнивно па дошло ред и за средби во живо. За сите претставата која ја имав и впечатокот во живо биле идентични. Сите ми се позитивни доживувања. Со сите продолжи комуникацијата, со повеќето тоа се претвори во пријателство,со дел од нив станавме и семејни пријатели, ми доаѓаат дома, одам кај нив, за дел од нив кои сум ги сретнала на темите борба за бебе сум била и на бебе и ми било особено задоволство
Еднаш само се имам сретнато со таква личност, поточно со машко што ми пишуваше подолго време уште пред да го запознаам дм. Инсистираше да излезиме барем на кафе и тоа и се случи. Зборувавме некое време, сфатив дека со ликот сме на тотално различна фрекфенција. Многу беше конзервативен за мој вкус, а и искрено тоа го очекував според пишувањето виртуелно. Му реков дека мило ми беше што излеговме на кафе но не сакам ништо повеќе и тоа беше тоа. Од форумов никој немам запознаено, но би ми било мило ако има можност за средба и можеби понатаму пријателство. Ми требаат нови личности во животов.
Да, имав таков случај одамна можеби пред 5,6 години. Се случи само еднаш. Беше позитивна средбата и ништо страшно но, некако ми е чудно сето тоа па никогаш не сум продолжила со таквите запознавања. Доколку некој сака комуникација само за допишување онака ок. Не би сакала да се сретнувам со никого од виртуелниот свет. Имам доволно пријатели, познаници еден куп. Не сакам да се врзувам за луѓе кои не ги познавам доволно, а и не можам бидејќи немам доверба.Не знам ни што ме очекува. Многумина се спремни да ти забодат нож во грб и ич да не им е гајле, а јас тоа не го сакам.
Десетици сум запознала од интернет. Секакви приказни имам... Од пријателства, непријателства, љубов, брак , секс, до 'ништо посебно'. Не се разочарувам кога ќе ги видам во живо, затоа што обично, комуницирам долго претходно, и знам од прилика со каков човек си имам работа. Сакам да запознавам нови луѓе.. секогаш. А да.. од форумов, само со една сум се запознала во живо.
Во времето на мирц ова беше вообичаена појава. Моите одговори се: 1.Да. 2.Се допишувавме долго време и решив да приредам изненадување. 3.Не многу слична ама по описот одговараше, како што се имаше опишано а и јас тие бевме, фала богу 4.Позитивно што испадна многу фер во ситуација во која можеше многу лошо да излезе и ден денешен ја немам заборавено таа добрина. Негативно беше што во живо страмежливоста и повлеченоста си го направи своето, молкот царуваше, ама и така беше пријатно. 5. Не не продолживме. Јас прекинав комуникација и понекогаш кога патот ме носи крај тоа мало местенце си велам како е, се снајде ли, ја пронајде личноста која ќе има разберање и почит како што заслужува. Ова беше во времето на мирц кога почна ерата на фејзбук го побарав и уште знам понекогаш да побарам ама нема ни траг ни глас, а ликот и делото ми останал во спомен и никогаш нема да исчезне. За другиве соц.мрежи веќе се гледа што е како е.
Случајно се имам сретнато со некои со кои имам комуницирано тука и искрено се надевам дека никогаш повеќе нема да се сретнеме односно посакувам никогаш повторно да не ни се спојат патиштата. На последното прашање од воведот на темата немам одговор.
Со многу луѓе се имам запознаено на Фејс, Снап или Инста.Сме се допишувале па сме искочиле. Имам позитивни и негативни искуства, секој со своето. Нема проблем со такво запознавање, пазам во глобаала
Да. Од форумов. Средби од мирц и фб не сум имала. Но од овде да. Позитивно бев изненадена, фала богу. Со Дангелка посебно се изненадив пријатно. Како сродна душа да си сретнав. Многу ја сакам поради тоа. Една страна што никој што не ја познава лично не ја знае -ја видов. Тоа уште повеќе направи да ја ценам од претходно. Нарцис... неа и се тупнав у болница. И кажав.. верувам незгодно и беше да ме одбие. ја упознав у спаваЌа без прслук и шминка (ќе ми се налути сеа може). Позитивно изненадена само ме нервира што е дури по толерантна од мене А ја сакам за цел живот и неа. Мислам дека секогаш ќе сум благодарна што ги запознав тие две личности.