Средношколски екскурзии во странство

Discussion in 'Образование' started by single.girl, Nov 12, 2014.

  1. single.girl

    single.girl Истакнат член

    Joined:
    Jan 6, 2014
    Messages:
    35
    Likes Received:
    7
    Gender:
    Female
    Здраво девојки трета година сум средно и се договараме нешто за екскурзија.Односно сакаме екскурзија.
    Работата е во тоа што ние ништо врска немаме што како оди ни колку пари чини.
    Знам дека не се оди така на екскурзија како што ќе ни текне нас,знам само дека услов за екскурзијата е над 45 деца.
    Ние рамислуваме за петдневна екскурзија ама не знаеме цени ни од приближно.Знам дека треба да се објавуваат тендери глупости па агенции ама подобро од овде да се информирам.
    Па ако некоја била кажете,дајте некој совет што,како.:call:
     
  2. Joi

    Joi Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2014
    Messages:
    606
    Likes Received:
    1,996
    МИслам дека сега со закон се забранети толку долгите екскурзии или така нешто, важно 5 дена во странство не можете да одите. Иначе јас сум прва сега и одосбовно сакав да бидам во средно за да одам така на екскурзија во италија, шпанија, ама нема..:(
     
  3. single.girl

    single.girl Истакнат член

    Joined:
    Jan 6, 2014
    Messages:
    35
    Likes Received:
    7
    Gender:
    Female
    забрането? баш на совет денеска зборувавме за тоа и и во септември имаше некакви брошури за екскурзии ама немаше доволно деца.
     
  4. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 4, 2013
    Messages:
    962
    Likes Received:
    514
    Gender:
    Female
    Не е забрането бе, кај нас редовно оние што се трета година одат на 5-6 дена во странство:D Едвај чекам да стигнам трета, обожавам екскурзии :inlove:
     
  5. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    212
    Likes Received:
    534
    Дозволено е (мислам) 5 дена да трае екскурзијата. Од школо ќе ви кажат за посигурно.
    Инаку, отприлика, за толку денови, цените се околу 200/250 евра. Зависи од локациите :)
    Мој совет... не се залетувајте да посетите што повеќе места, затоа што времето е кратко, а верувајте - бројката не е воопшто битна. Големо малтретирање ќе ви е, поголем дел од екскурзијата ќе го минете во автобус, а освен тоа, нема да можете ни една држава, ни еден град убаво да го разгледате... Се ќе ви дојде набрзина, нема да можете асално да се опуштите, да се сместите, да одморите.
    Убав помин, каде и да отидете :)

    П.С. Јас пишував за екскурзија во странство, затоа што, колку што знам јас, во трета обично одат надвор од границите на Македонија :)
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    4,133
    Likes Received:
    6,034
    Кај нас во 1 година се одеше на 1 ден во Македонија, во 2 година Србија - Белград и Нови Сад, во 3 година Италија - Рим, Ватикан, Венеција и Лидо ди Јесоло и 4 година - Чешка, Австрија и Унгарија (Прага, Виена и Будимпешта).

    Не знам сега како е, ама кај нас вкупно 7 дена траеше се на се екскурзијата во Италија на пример и најмногу ми остави впечаток, другите пократко и ќе кажам нешто повеќе за таа екскурзија еве баш зошто траеше повеќе од 5 дена.
    Памтам беше околу 14.000 и нешто еве да речеме 15.000 денари (250 евра во денарска противвредност од прилика) ама вредеше за сите пари, па и за повеќе. За натаму одевме со траект преку Драч, Албанија ноќно патување негде 8 часа, стигнавме во Бари, Италија и потоа со автобус. 2 вечери бевме сместени во прекрасен хотел во Анцио област во Рим, кој никогаш нема да го заборавам иако бевме поделени во 3 различни хотели по класови, нашиот се погоди најубав со 4**** и беше топ во секоја смисла на зборот со приватна плажа доле, базен горе отворен итн. итн. итн. и во тие денови ги шетавме Рим и Ватикан (бевме и во музејот и црквата во Ватикан не можевме да се изнашетаме од што имаше толку многу што да се види), потоа отидовме во Лидо ди Јесоло - е тој хотел не беше баш убав, ама добро таму шетавме и ноќта во српска дискотека бевме Splash така нешто се викаше и одлично си поминавме така што не ни бевме во хотелот многу колку да се јаде нешто и да се преспие. Утредента со такси бродче тргнавме накај Венеција (релативно блиску е и не се патува многу) и шетавме цееееел ден таму! И потоа се вративме и за накај дома со автобус се враќавме по пат поминавме неколку места, праевме паузи и од страна видовме и други градови и мислам дека побрзо ми помина времето него ли со траектот, иако беше луксузен таков за долги патувања на спратови внатре со скали, кафич и разни чуда, сепак е мачно толку долго да патуваш со траект и плус навечер, немаш никаква ориентација сред Јадранско море што си, до кај си, уште колку имаш итн. само прашања во главата, малце страв и надеж побрзо да стигнеш. Абе кога видовме копно за прв пат мислам дека беше еден од посреќните моменти во животот :D

    И така, се на се прекрасни се екскурзиите во странство што траат повеќе денови, е сеа си има и тоа своја негативна страна кај што спаѓа на пример фактот што доста време се поминува во патување во автобус, ама што е тука е, сакаме да посетуваме подалечни земји мора да го издржиме и тоа.
     
  7. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Joined:
    Jul 27, 2014
    Messages:
    1,202
    Likes Received:
    2,564
    Gender:
    Female
    Кај нас во училиште, средно :!:, рекоа дека нема да има екскурзии во странство, можеби само еден ден некаде во нашава држава, за не знам точно какви цели. А, јас пак, баш за екскурзиите а и повеќето се запишаа баш во тоа средно училиште, имаше многу екскурзии низ Европа: Италија, Франција, Шпанија, да ти е милина на училиште да одиш само за екскурзиите. Е сега, кажаа само во четврта година ќе имало.
     
  8. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    3,519
    Gender:
    Female
    Моето најдобро искуство од цело средно се баш екскурзиите во странство.

    Во трета година бевме низ бивша Југославија (Белград, Дубровник, Будва, Сплит). Пиење на плажа, ноќно купање :rofl:, глупирање по соби и ред други работи. Иако на една рака се броеа луѓето што ги поднесував, таму некако сите беа дружељубиви и фини. :D Сега кога веќе почнав да се потсеќам, ми текна дека улетавме случајно во едно диско преполно со лезбејки, педери и манијаци, па класните доаѓаа да не соберат дека без дозвола сме искочиле од хотелот. 8)

    A во четврта три ноќевања во Прага, плус посета на Виена и Карлови Вари. Супер беше што имавме шетање со водич и плус не оставија неколку саати сами да шетаме. Плаќавме околу 200 евра, плус за таму уште 150 евра за трошење. Подобро е вака со три ноќевања на едно место. Имаш повеќе можности да го разгледаш градот во вистинско светло.

    Кој има можност, ич нека не се мисли. Прво, има многу дружба и второ, незаборавно искуство e.
     
  9. single.girl

    single.girl Истакнат член

    Joined:
    Jan 6, 2014
    Messages:
    35
    Likes Received:
    7
    Gender:
    Female
    фала ви за мислењата :D
    кај нас постои можност да организираме со четврта година бидејќи не знам дали ќе има доволно деца.Но тука се јавуваат сите проблеми бидејќи екскурзиите за четврта можат да се одржат само до декември.Тие сите се запнати ама нема шанси да се организира екскурзија за месец дена,плус пасоши сите деца немаат дури извадат.
    Ајде тоа ама времево до декември?:?:Со дождови и снегови! Ако одиме барем убаво да се организираме и да прошетаме а не сега.
    Ќе видиме што ќе направиме.


    пс:
    многу бе 150 евра џепарлак:drunk:
     
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2011
    Messages:
    2,352
    Likes Received:
    3,519
    Gender:
    Female
    Секој со своите потреби, сигурно можеш и со сто два-триесе да поминеш.:D
     
    single.girl and Plavusa.17 like this.
  11. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2011
    Messages:
    504
    Likes Received:
    2,130
    Gender:
    Female
    Секогаш ќе се радувам што ја избегнав екскурзијата на крај од трета.
    Прво беше ненормално висока цена за шетање од 5 денови во Бивша Југославија.
    Второ што порано се вратија, односно два дена затоа што во Србија во Белград имаше тепачка меѓу охриѓани и скопјани (ние) па ги исфрлија од хотел. И врв на бруката беше што не пишуваше низ портали весници, а се работи за една од подобрите гимназии во Скопје. Плус парите за два дена порано што се вратија не им беа вратени.

    Инаку летото што намерно ја “пропуштив“ екскурзијата го имав најдобриот одмор, така што е индивидуално сечие искуство.
     
    single.girl likes this.
  12. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Joined:
    Mar 22, 2013
    Messages:
    434
    Likes Received:
    992
    Gender:
    Female
    Во нашето школо во трета година се одни на 5 дневна екскурзија во странство и тоа редовно секоја генерација оди и нема никаков проблем и промени.
     
    single.girl likes this.
  13. daks

    daks Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2014
    Messages:
    193
    Likes Received:
    207
    средношколскиве екскурзии во странство имаат и позитивни и негативни страни. на пример има дружба, посета на други држави, поинакво искуство....
    а негативни се што учениците си земаат малку повеќе слобода од што треба :/
     
    single.girl likes this.