Женски, заинтересирана сум за учење на 4та година средно во Америка. Моментално сум трета белингвална во Орце. Би ве замолила доколку некој има информации или искуство за оваа тема да ми пише бидејќи ми е итно, веќе каснам со целиот процес. Мислам дека ова е добра идеја затоа што би имала можност да ги полагам финалните испити таму односно SATs и знам дека ако добиеш добра оценка на нив, можеш да влезеш во било кој факултет, а тоа многууу ми значи бидејќи не ми се останува во Македонијава. Фала ви однапред, гушкииии
Колку што знам 3 и 4 се учат во една во Америка, незнам дали само 4та може.. Тука треба да се распрашаш по агенции кои посредуваат за визи и наоѓање семејство каде ќе си сместена, и мислам дека треба некој од испитиве TOEFL, FCE,ADVANCED или тој уште едниот кој не ми текнува во моментов како се викаше. Не ме држи здраво за готово со информацииве, сестра ми сакаше да ги земе 3 и 4 во една во Америка, а тоа беше пред добри 5-6 години, затоа не знам какви се условите и правилата сега. Распрашај се, и сериозно размисли да одиш, зошто познавам луѓе кои отишле и животот им се смени. Некои ги задржаа на тамошни универзитети како асистенти ко за почеток, други добија стипендии и усовршувања ширум светов, други станаа бренд во својот бизнис. Со еден збор големи врати им се отворија и жалам што тогаш не доволно бевме упорни домашните сестра ми да оди.
Баш затоа сакам да се натерам да одам затоа што кје имам многу повеќе можности таму но исто така знам дека може некое ужас семејство да ми се падне и да се зезнам многу. Прашував во коузон и аурора, аурора испаднаа многу непрофесионални и може недела дена ми се немаат јавено и ми немаат вратено на мејл, имаат брошура на нивната страна(ако некој е заинтересиран) а коузон немаат ништо на страната. Незнам дали е тешко добивањето на виза, барам информации некои колку да се упатена во сето тоа.
Прашај во Американското катче има натпревар т.е тестирања за средношколци и ако ги поминиш тестовите ќе добиеш стипендија. Околу 20 ученици од цела Македонија примаат , ако си добра во Англиски вреди да се пробаш. Поздрав.
Бев во Американското катче, ги прашав дали имаат некоја програма ми кажаа имале само за магистарски студии ако знае некој некоја друга агенција што може да овозможи нешто такво нека пише
Имаат и за средношколци погледни овде, прочитај . http://www.ac-see.org/programs/yes-mac.htm#15 http://yesprograms.org/country/macedonia
За American Council прв пат дознавам, дефинитивно ќе отидам да се распрашам за да имам повеќе варијанти, а инаку бев во American Corner што се наоѓа во универзитетската библиотека и таму ми кажаа дека немаат програма за средношколци. Утре ќе одам во коузон да дознаам повеќе како функционира програмата и така. Фала ви многу за советите
И јас сум 3та и сум заинтересирана да учам 4та во Америка, бев во една агенција овде кај нас и ми рекоја дека 4та се продолжува таму, а 3та не порано и 3та ама сега не, одлучиле дека се уште е рано и дека од 4та можи да се продолжи таму. За цената ми рекоја дека е 7000 долари. Јас имам блиски роднини таму и некоја нивна комшика заминала така 4та година таму да ја доучи па баш деновиве чекам информации како заминала. Па ќе ве известам
Јас прашав во аурора и ми кажаа дека цената изнесува 4750 долари без авионскиот билет меѓутоа со виза, студентска картичка за попусти, сместување во семејство, наоѓање на средно и уште нешто мислам дека имаше. Со моите пресметки мислам дека се на се би излегло 10000 долари за целата година, со личните трошоци ако на месец ми префрлаат моите 500 долари што мислам дека ќе ми бидат премногу. Инаку еве ја страната види си што како http://student.aurora.com.mk/wp-content ... SCHOOL.pdf
Мене ми кажаа можеш да си избереш во која држава сакаш да престојуваш, и семејството те бира тебе не ти него
Да не отварам нова тема за без везе тука ќе си прашам. Дали некој тука во МК има полагано САТ? Ако има нека ми пише ЛП