Хелоооо форумџики Јас имам гингивитис на забите и ми се создаваат забни џебови и таму ми се собира храната и после ми крварат непцата. Знаете ли некое средство или паста за заби против тоа? Тенкјууууууууу))))
Хммм мислам дека паста нема да го реши тој проблем. Прашај го стоматологот тој ќе ти каже како можеш да го решиш проблемот. И мене ми тече крв од непцата и мојот матичен ми кажа дека тоа е нормално и убаво да тече крв, но сега кај тебе со тие забни џебови незнам колку е убаво.
Џебовите се прават кога ќе ти остане храна меѓу забите и со самото миење на забите не може да се извади храната меѓу нив. Два пати миење на забите и користење на конец секој ден го решава овој проблем.
LACALUT aktiv колку што знам е против крварење на непцата(или така нешто), ја користи брат по препорака од стоматологот и така нешто му беше намената, за зајакнување на непцата, против крварење...
^ Точно. Пастава е одлична, само не се користи нон-стоп туку на месец користење се прави пауза. Помага многу
И јас го имам истиот проблем, само што немам забни џебови. Мојот стоматолог ми рече почесто да си ги мијам забите. И така е, кога повеќе пати во денот ги измијам , не ми тече крв.
Пастава на мене, ама ич ич ич ич ИЧ не ми помогна, подобри резултати со Колгејт имам, отколку од неа што е специјална за вакви случаи! Повеќе витамин Ц, темелно чистење на забите, и тоа со четката повеќе горе-доле и кружни движења, и користи забен конец, исклучиво од аптека!!!
Исто така многу е важно четкањето на забите. Мене ми кажа стоматологот, колку и да боли и да течи крв да се четкаш силно тука и после неколку миења стварно веќе не крвариш
Не е баш нормално и убаво да тече крв од непцата, тоа е почетен знак за пародонтопатија. Не знам што ти кажал стоматологот, ама тоа не е нормална состојба. Најважно е да се утврди причината за крварењето, а оние што веќе имаат џебови, потребно е редовно одење на стоматолог и соодветно третирање. Пастата е само помошно средство.
Исто разбрав помагало и хидроген 3% од аптека за плакнење уста. не сум пробала сеуште, ама во план ми е.
Ништо нема да ти помогне може само заради превенција да користиш нешто.значи мора редовно да одиш на стоматолог за ти ги исчисти џебовите-да ги искеретира а ти мора да користиш конец за чистење на забите.за да не ти се задржува храна купи си физиолошки раствор од аптеките евтин е и шприц со игла,ке шприцаш секоја вечер меѓу забите за да ти излезе убаво храната.и хидрогенот помага,но не е решение-МОРАШ НА СТОМАТОЛОГ! gOOD LUCK
јас имав таков проблем кога бев бремена, стоматологот ми ре4е да ги плакнам со хидроген 3% и после тоа да ги мачкам со гингивал маст. Мене ми помогна
Доколку крварењето е доста долго обавезно посета на стоматолог. Во спротива може да дојде до губење на забот. Општо здраво за непцата е гаргарата и внимателно, многу внимателно миење. За гингвитис е сосем нормален симптом лошиот здив и вцрвенети непца. Дури и течење на крв е нормална појава. Доколку веќе толку иритира подобро е да не се советуваш за ова на форум туку на стоматолог. Здравјето пред се, не?
За џебови и крварење на непцата единствен спас е редовна посета на стоматолог чистење на непцата забен каменец и полирање 2 пати годишно конзумирање на Вит ц 1000 мг миенје на забите со помека четка паста Парадонтакс и забен конец се надевам помогнав бидејки со години си го имам овој проблем.
Мајка ми го имаше истиот проблем и забарката и препорача ампули со витамин ц (така некако се викаа не ме фаќајте за збор). Знам дека се втриваа на непцата мислам секоја вечер и за кратко време мајка ми повеќе го немаше тој проблем. Прашајте во локалната аптека и пробајте, евтино е и немате што да загубите
LACALUT aktiv ,но и гингивал гелот е многу ефикасе пробај,ако не зошто не појеш на стомотолог,тој подобро ќе ти каже
покрај пастата на Лакалут почнав да ја користам и нивната четка исто така Лакалут актив специјално е изработена за проблематични непца со продолжени влакненца како микроиглички и да ви кажам само колку е супер, воопшто не чувствуваш дека четкаш, мека е и нежна, а чисти невидено добро, ептен сум задоволна,исто така и од пастата, не ги менувам за жива глава. покрај паста треба да се внимава и на четката со која миеме заби, бидејќи некои четки се многу тврди и агресивни за нежни непца кои се подложни на крварење.
Редовно плакни ја устата со Бетадине или Хексорал, ако не ти помогне оди на Стоматологија, 3 спрат болести на уста и парадонтоза.
mene mi krvarea sekoj den koa gi miev zabite ali pred 1 mesec kupiv edna krema so se ma4ka posle mienje na zabite i 4 dena ne ti te4e krv pa posle pak se me4kas [mod-kirilica:2i03jz3t][/mod-kirilica:2i03jz3t]