1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Средување на домот додека сте во врска

Дискусија во 'Врски' започната од eli25, 2 септември 2011.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.433
    Допаѓања:
    126.241
    Незнаев каде да ја сместам темата,можеби од насловот нема да ви биде најјасно ама еве ќе образложам,зошто инаку темата би имала долг наслов :?:
    Се повеќе парови,дури и неверени,во долга врска,го средуваат идниот дом.Значи малку по малку,прво кујна,па веце,дневна соба...Потоа се верат и се земаат.Мене ова ми личи на некој договор или "врзување" на мажот или жената како некое ветување дека ќе се земат.Иако е логично после долга врска,но дали секогаш?
    Многу мои познаници прават така.Велат дека не се верени сеуште, а го средуваат идниот дом.Не сфаќам и ми нема логика.Ако се случи да раскинат-зошто се е можно.Вложените пари заеднички?
    Имав и другари кои живеат во Скопје а средуваат во местото од каде потекнуваат.А уште незнаат каде ќе ги однесе патот за цел живот-Во Скопје или родното место?
    Јас,искрено не би средувала додека немам прстен на рака(иако нели и тоа не е сигурно).Не би вложувала зошто сеуште незнам каде би живеела.Би вложила кога би била сигурна.
    Што мислите дали е поубаво на готово што се вика,или откако ќе се земете да почнете со средување и уредување?
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.558
    Мене ми е сосема во ред средување на домот пред да се земат барем кога ќе официјализираат се ќе им е средено. Не зборувам да средуват домот година, две туку месец, два пред веридбата. Познавам неколку парови што најпрвин си го средија домот по нивни вкус па си се зедоа и право си живееа во новиот дом. Сосема ми е вред и можда и јас би постапила така еден дена. Месец пред веридбата да си ги средиме собите, да си се вериме и право во новиот, наш дом да си се вселиме, да не живееме во заедницасо неговите родители.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.348
    Јас го средував меѓу веридбата и свадбата имаше некои 3-4 месеци. Претходно си кроевме некои планови ама онака, си фантазиравме и луфтиравме мозок. Мојата најдобра пријателка го среди 4 месеци пред брак. Ама беа сигурни и старите се запознаа и веќе се знаеше се, само се бараше датум.
    И јас би играла на таа карта мада јас го одиграв моето :) некој месец пред свадба кога веќе се знае. А онака не би се замарала и не би губела нерви, абе мајстори да ти влезат во куќа е многу потресна слика :) . Многу труд и потрошени нерви нееее, драгоцени ми се :$ . А и мислам дека нема потреба од толку врзување у старт на една врска 8)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.693
    И јас го забележувам тој тренд,да го наречам,во последно време :^)
    додека бевме во врска-8 години,ни на крај памет не ни било тоа.Кога почнавме да збориме за брак ова она,спомнувавме и за живеалиште ама ништо посебно.Кога се веривме сега,малку поозбилно.Само два пати во месец си одиме дома,значи се на се тоа се 5,6 дена во месец.Живееме во станот,со негоите тие неколку дена,ама имаат и куќа на која и фалат некои елементи :lol: Така сега наместија прозори,ламинат,сега ќе кречат и имаат нешто стар мебел.Ние одлучивме да го земеме станот.Едвај чекаме да се иселат за да почнеме со погдотовките.
    А оние што средуваат пред брак,во врска,што и мене ми нема смила,лажат дека не се верени.Сигурно си имаат дадено некојси збор,па да се одлучат на таков чекор.И псоле демек-оп прстен!
    Значи вака-после веридба сум ЗА да се почне со средување,али во врска не.Сепак кој како му е убаво :wasntme:
     
  5. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    26
    Можеби мојата ситуација е нетипична затоа што живеам во странство, ама сепак ќе коментирам на темава. Јас и дечко ми живееме заедно веќе 2 години, и не сме верени. Во врска сме скоро 3 години. Моментално живееме под кирија, ама станот ни е наместан по наш вкус. Мислам ок некој ќе каже не е тоа исто како да имаш свој стан и навистина не е. Ама сепак, ако утре купиме стан/куќа сигурно дел од намештајот што сме го купиле за овој стан би го искористиле. Купивме заедно и кола. Секој има своја сметка, а плус имаме и заедничка сметка. Зошто не сме земени, ни самата не знам. Можеби не придавам засега толкаво значење на бракот. Може тоа да се деси секој ден, а може и да не се деси. Во државата каде што јас сум моментално еднакво се третира животот во заедница (ако невенчан пар живее под исти кров повеќе од шест месеци) и животот во брак. Значи доколку би се разделиле јас и тој би поделиле се по пола, гледано финансиски. Така да јас не гледам проблем во тоа паровите да инвестираат во своето „гнездо„ пред да стапат во брак.
     
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.650
    Е сега ќе ви раскажам една вистинска случка баш за оваа тема. Живееја заедно цели 15 години ни верени ни во брак дечко и девојка. Куќата ја среди таа од плочки до ламинати до нови прозорци и врати, до кујни, купатила ,спални,нов мебел, машини за сушење, за садови, за пеглање значи буквално јас смени куќата од корен, а беше добар бизнисмен. И знаете што се случи? Тие се разделија. Затоа понекогаш не се избрзува со толку многу да придонесуваш во нечиј дома бидејќи не знаеш што те чека.

    Ние почнавме да уредуваме откако не ослободија спрат, значи 1,5 години после брак.
     
  7. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Мислам оти истово важи и за во Мк, ако не се лажам!
    Инаку јас мислам дека би било ок да се инвестира во заеднички дом, ако се верени или пред брак
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.433
    Допаѓања:
    126.241
    ^ Да,значи поентата е дали да сте за средување додека сте во врска,или откако ќе се верите(не ми беше згодно како, па пишав пред брак)
    И се согласувам со Бибко :)
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    26
    И јас се согласувам дека не треба да се избрзува, ама горе случкава е малку претеризам. Ако добро разбрав живееле заедно 15 год, и таа се средила во неговот дом. Потоа пропаднала врската и се останало на него :^) Па тоа било малтене брак. И бракови се распаѓаат. Колку што јас знам по законот за семјество во Македонија таа после една година заеднички живот има еднакви права како и тој за заеднички стекнатиот имот за време на траењето на таа заедница. Кој па гарантира дека ако сте верени и почнете да инвестирате во заеднички дом утре таа веридба нема да се раскине. Или дека ако сте во брак бракот нема да пропадне во следните х години (тој х може да биде многу помал од 15 години како во погоре опишаната случка). А ете може некој пар се решил да не стапува брак, не придава значење на бракот. Дали тоа значи дека таквиот пар не треба никогаш да инвестира во заеднички дом? Се разбира дека нема универзален одговор. Како и секогаш, секој со својата среќа :)
     
    На Edie.S и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  10. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    порано и ја така размислував зашто инвестирам и да праам кај него дома коа може утре ке ме остаи и некоја друг оп на готово ке си дое.па стално се смеам ко раскинеме да ми даде пола ламинат и плочки хаха.ние сме у врска 5ипол години се викаме сеа ке праиме веридба па чекај ова па чекај она и така се одолговлекува,а и поубаво ми е бар си седам и кај моите коа сакам па коа сакам кај него.ако се сакате и си планирате сериозно да се земете нема зашто да не си средувате дом полека ,се наеднаш нема да може да си напраите освен ако не сте пуни пари :) полека полека ке си средувате како на пример јас и либето мое за коа ке ме побара да си дојдам на наместено и да си бидеме сами да не мора да живеам со свекор и свекрва.а ако не бидне ништо јбг нека му остане поклон од мене хехехе па и бракови и веридби се распагаат ако е за така. :smirk:
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Јас не сум за таква опција уште во врска да инвестираш во нешто неизвесно.
    Ако се работи за тоа да тој инвестира а ти само му даваш планови и мислиш дека имаш битна улога во тоа ок. Но да извадиш и ти ќеш, пар иљада евричи да инвестираш во нешто што утре неможеш да го докажеш тоа е лудост.
    Но веројатно се мисли за правата варијанта кога тој се купува и тоа го нарекувате средување, бидејки денес ретко која девојка има капитал за да нешто прави што навистина се вика инвестиција од типот на правење куќа или купување на стан.
    Секоја нормална девојка колку и да е убедена во нивната врска тешко ќе се реши да инвестира во куќа, или стан, а да тие бидат на негово има. Пази, тоа е огромна инвестиција не збориме за 1000-2000 ден.
    Не потценувајки никого но ова ми делува малку како упизување и сосила терање врската кон брак. Ќе ти стави тато ламинат ама ај после раскини ми да те видам, или ќе ти направи купатило.....
    Според мене треба да се случи прво брак, без никакви притисоци, а потоа да се планира што понатаму. На крајот на краиштата чувај ги парите и кога ќе се земете тогаш инвестирај, ако имаш пари за месец дена можеш да ја спакуваш со се фасада.
    Искрено мој совет е да не избрзувате и да ги лупате парите кои после или нема да можете да си ги вратите или ќе треба да одите по судишта. Баш пред 1-2 месеци иаше на телевизија, дечкото ил во Авганистан, и верувал на девојката и дал полномошно, планирале брак, и кога дошол ни пари ни девојка. Така да, според мене треба да поминат година две од бракот да видиш како ќе функционирате па тек тогаш да ввложуваш.
    Јас сум о една поинаква позиција каде не морам да размислувам на таа тема, но кога би била во ситуација да бидам во сериозна врска со тип кој го нема решено стамбеното прашање или го нема уредено домот никогаш пред време и во првите 2 години не би инвестирал. Според мене секој оној кој ќе реши да се жени, треба да има прво и основно пристојни услови за таа жена и дете а потоа да планира брак. Познавам многу машки кои ветувале кули и градови, а нас девојките како што господ, не дал наивни, веруваме во се што ќе ни кажат и на крајот ниту уредиле дом ниту ништо, цел живот го поминале во мизерија.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.010
    Пол:
    Женски
    Kај нас вонбрачната заедница која што трае повеќе од една година се изнедначува со брачната, и во поглед на меѓусебна издршка, и во поглед на имот. Така што во примерот погоре за врската од 15 години, на девојката ѝ следува дел од имотот.

    Ако двајца се решат да живеат заедно, нормално дека ќе вложат во заедничкиот дом, без разлика на тоа дали се во брак. Е сега има парови кои не живеат заедно, а притоа девојката своеволно инвестира во станот на дечкото. Некои од тие врски завршуваат со заедничко живеење, ама некои раскинуваат. Па после настануваат циркузи околу стварите на девојката што ги донела кај него. Ако се само ствари - лесно е, ама ако дала пари за реновирање на купатило, или ставање ламинат и нови прозорци како што прочитав погоре, е тогаш нека си се прости со парите. А тоа не е баш мала инвестиција.
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Не можеш така да гледаш, што ако раскинат, бла бла... баш јас попрво тоа прво да се вериме би го сфатила како да им треба гаранција или врзување... ти ако си сигурен дека со некого сакаш да бидеш и се оди супер со години, ќе си речеш еј чекај нема да средувам дом пред да добијам прстен барем, што ако бидне нешто баш сега? Бог да чува... па многу парови ако е така имаат и заеднички дом и заеднички пари вложено и живеат заедно а не се ни верени. Потписот не е никаква гаранција за ништо, тој е само круната. А главната гаранција лежи во човекот. Сигурно знаеш со кого си имаш работа и што можеш да очекуваш од истиот ако си стигнал до уредување заеднички дом. :) Со исклучок на оние кои да не закаснат што би се рекло, се решаваат за тоа по само неколку месеци.

    Со дечко ми сме правеле муабет, негово е да го заврши грубото што треба, основното. За понатака, секако дека сакам и јас да учествувам во уредувањето на домот. Но не можеш да планираш, можеби и ние ќе бидеме верени или пак може и земени кога ќе уредиме, не знаеш што ти носи животот, но и да не е така јас знам со кого си имам работа и дека не би ми останал ни денар должен кога не дај Боже би се случило нешто, а секако доколку го изгубиш вистинскиот човек и нема прво да помислиш на материјалното што си го ризикувал. Така да, според мене, повеќето се сведува на духовното. Ако гледаш така треба да се потпишува и предбрачен договор... А пак ако такво нешто те поттикне да сфатиш некој каков е, не е подобро да ризикуваш 500 евра (карикирам) отколку да влезеш во брак со бескичмењак? Затоа што, пак ќе кажам, ако е човек нема да ти остане должен. А со нечовек кој уредува дом, нека му е со лесно.

    П.С. Може и после години години брак да испадне нешто, па тогаш треба сите разведени да се каат за се што вложиле во бракот, не само материјално туку и душевно, и деца што му родиле на тој човек. Не можеш така да гледаш, кај ни е крајот инаку, во ништо нема да имаме доверба... не постои човек што секогаш носи правилни одлуки, затоа е најважно во моментот како ќе сметаме дека е исправно и што ќе ни вели срцето, а ризик секогаш постои, и сите имаме судбина што не можеме да ја одбегнеме и баш поради тоа што не знаеш дали се ќе оди според планот или не (а не дај Боже не мора разделба да ги сруши плановите, за жал може и болест, смрт), зошто да не се сведува нашата среќа на она што го чувствуваме во моментот? Иднината никој не може да ја предвиди, затоа треба да го правиме она што не усреќува во моментот, само така нема да се каеме. Отидов предалеку, ама ова што го кажав е многу тесно сврзано со суштината на темава. :)
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.010
    Пол:
    Женски
    @Lovely93 затоа јас реков - ако живеат заедно, нормално дека ќе инвестираат во заедничкиот дом. И онака после една година вонбрачната заедница се изедначува со брачната во однос на правата и обврските според нашето законодавство. Има и парови кои со години живеат заедно, имаат и деца, но црно на бело не се венчани.

    Мислам дека темава повеќе се однесува на она кога дечкото има свој стан, а девојката вложува во него иако не живеат заедно. Е тука е маката.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    145.871
    Поголема инвестиција од давањето време и љубов нема. Парите се пролазна работа, па уште повеќе и елементите во домот. Јас кога сакам, сама со сето срце и цел новчаник, и затоа кога отсакувам имам сршено срце и празни џебови. Ама барем времето што поминало било добро, и ме научило на многу работи у животот.
    Конкретно, во ваква ситуација како погоре, би направила вака: ако живее со мајка му и татко му, НЕ МУ УРЕДУВАМ ДОМ.
    Ако живее сам, а јас мислам дека ќе се омажам со него и сакаме да средиме заедничко гнездо, ќе живеам со него и ќе уредувам. Не да давам пари за он да си има убав дом, а јас со моите да живеам или во друг стан сама. Нема логика да му уредувам, а да не живеам таму. Уредувам за нас, не за него.
     
    На do-re-mi, AnaKarenina и Sedmica им се допаѓа ова.
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Сфаќам што сакаше да кажеш, мојот пост беше општо на темава, не ни читав претходни пред да коментирам. :) Инаку да, тоа е можеби лошо ако не планираат да живеат заедно наскоро, иако дури и не разбирам зошто ако дечкото живее сам и веќе почнуваат да вложуваат заеднички, зошто не би живееле и заедно? Друго е ако тој дом не е подготвен за живеење па си вложуваат постепено, а друго е ако тој си живее сам а во меѓувреме таа си вложува. :D
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.476
    Пол:
    Женски
    Ако јас не сум сигурна во дечко ми (или тој во мене, исто е) од материјален аспект, тогаш не сум сигурна ни за брак со него. Не може за нешто да бидете 100% сигурни, дека тој е тој, дека го сакате, сакате деца со него, сакате брак со него, долго сте заедно, се' е супер, доверба, разбирање, почит, љубов, ама од друга страна кога се работи за пари не му верувате. Или верувате 100% или не. Нема трето. А ако не му верувате целосно и мислите дека може да ви раскине и да ве зафркне, тогаш зошто сте со него? Ако е баш тоа проблемот, не мора сега да ви раскине, може и утре во брак да се разведете. Потписот не е никаква гаранција дека секогаш ќе бидете заедно.

    Ние сме разговарале многу пати за ова со дечко ми. За мене е сосема нормална ствар. Ништо страшно не е. Во сериозна врска, во која планираш иднина, брак, деца итн, нормално е сериозно да размислуваш и за заеднички дом. Ние сме одлучни дека да, би инвестирале заедно ама во заеднички, наш дом, а не да инвестираме кај него дома или кај мене дома. За нас тоа нема смисла. Нит тој сака да инвестира дома, нит јас сакам. Сакаме во тоа што ќе вложиме да биде наше и на наше име, а не на име на татко ми или татко му. И овој план е многу реален. Здравје за уште некоја година, дај Боже да излезе се' како што планираме, ќе имаме наш заеднички дом. Нема ништо поубаво од тоа првата брачна ноќ да си ја поминеш во твојот сопствен дом. Уште од прв ден од бракот да си свој на своето.
     
    Последна измена: 14 ноември 2014
  18. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.533
    Допаѓања:
    128.116
    И ние сега ќе правиме веридба а домот почнавме да го средуваме пред 6 месеци,онака непланирано.Иако сме во скоро 7 годишна врска никогаш не сме зборуваме за брак.Нашата врска беше релаксирана,несакав да фантазирам напразно ни да брзаме.Случајно ме праша на каква боја сакам да биде дневната соба и трпезаријата.Ни тогаш не сакав да се мешам,сакав по негов вкус да биде,тој остави на мене.Малку по малку конечно завршивме,пред 4 месеци ме побара за жена па еве до веридбата сме готови.Неговите не се мешаа рекоа вие ќе седите таму треба вас да ви биде убаво.Учевствував колку што можев,повеќето е со материјални средства од дечко ми.Едвај чекам да си седнам во дневна:D
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.487
    Допаѓања:
    85.245
    Пол:
    Женски
    Јас дом би почнала да средувам после веридбата.