Веќе долго време на форумов забележувам дека најактивни се темите каде што искажуваме зошто сме тажни, фрустрирани, нервозни, исплашени, каде што искажуваме колку се чувствуваме несфатено, несреќно, изморено. Па токму поради тоа посакав да отворам тема каде што ќе кажуваме за што се чувствуваме среќни и благодарни во животот. Честопати не забележуваме колку сме среќни во моментот, токму поради тоа што не ги кажуваме на глас малите нешта кои имаат удел во таа среќа. Мислам дека ме сфативте што е поентата на темава. Па да започнеме да ги споделуваме причините за насмевки Еве јас ќе почнам прва. Среќна сум затоа што започнав ново пријателство. П.С. Ако има ваква тема, нека оди во корпа. Се надевам дека нема
Во моментов,единствена среќа ми е што се мотивирав да почнам со диета. За некој може е смешно,но се израдував како мало дете кое добива нова играчка,кога видов минус два килограми на вагата Ова е големо достигнување за мене,како личност која 3-4 години неуспешно се бореше со диетите и хормоналните пореметувања
Во ова време/невреме кога сме преокупирани со себе и околу себе, забораваме да го чуваме и вреднуваме сопственото здравје. Лесно се губи, а тешко се враќа. Се може да се создаде и направи со здраво тело и силен дух. И тоа е една од причините да се биде среќен, мотивиран и исполнет. Среќна сум што сум здрава. Тоа е бесценета причина да верувам дека е голем просторот за насмевка. Така се чувствувам и имам волја за се.
Листата би била предолга ако почнам да пишувам и да се расфрлам со зборови. Само ќе кажам дека сум среќна поради малите работи кои му даваат душа и некаква смисла на мојот живот. На пример, темава ме поттикна подлабоко да размислам за сите оние работи кои ги имам во животот, а за кои се случува да бидам многу неблагодарна и да ги земам здраво за готово, без притоа да бидам свесна дека веќе следниот миг можат да ми се лизнат од рака и да ги изгубам засекогаш.
Јас сум намќореста антипатична анемична нихилистична готичарка која до неодамна беше жив мртовец но скорешните околности ме направија на моменти да звучам како пост на Семе Синапово. Ама сум среќна. Многу и тоа. И покрај хормоналниве пореметувања и болеста и стресови од психопатите околу мене сум среќна. Зошто станувам подобра и посилна од сите тие лоши искуства кои сум ги имала. И листава е долга но сакам да биде уште подолга. И работам на тоа. Среќна сум што се чувствувам поздраво и сум бар мал чекор поблиску до здравје. Среќна сум што наскоро ќе започнам нов живот далеку од семејството кое ме уништи психички. Среќна сум заради него, сета љубов и поддршка која тој ми ја пружа. Среќна сум кога ќе го видам среќен. Среќна сум што почнав екшли да се хранам, а не да бидам само на десет кафиња и цигари и алкохол и нешто ситно во текот на денот и организмот да не ми бара храна воопшто. Среќна сум што живеам поздрав живот. Што не сум толку бледа во лицето. Среќна сум што конечно се прифаќам себеси таква каква што сум. Среќна сум што ќе си земам куче! Среќна сум што имам другарки кои секогаш се тука да ме ислушаат. Среќна сум што сум редовна на тренинзите, иако после секој тренинг пушам по едно десет цигари. Среќна сум што не сум веќе огорчена и гневна како некогаш. Среќна сум што се развивам, интелектуално и емотивно.
Среќна сум затоа што викендов барем на еден ден повторно ќе бидам во местото кое ми буди само убави спомени, на чист воздух и опкружена со сите убавини кои ни ги нуди природата
Среќна сум што сум жива и здрава. Среќна сум што имам барем една личност која е секогаш тука за мене, секогаш успева да ме расположи и ме разбира најдобро. Среќна сум кога тој е среќен. Среќна сум за сите моменти што ги поминуваме заедно. Среќна сум кога ќе успеам некого да насмеам од срце онака, дури стомак не го заболи. Среќна сум кога наоколу владее позитивна енергија и насмеани лица. Среќна сум кога ќе слушнам убава вест за некого/некои. Среќна сум кога гледам видеа од мачки. Среќна сум кога луѓето околу мене се среќни.
Овој период,пренатрупани обврски,премногу стрес,не би рекла дека се чуствувам среќно. Ама среќа е едно моментално чуство,а се чуствувам среќна поради сите моменти поминати со семејството,покрај се што преживеавме, на крај сме заедно,а баш поради тоа почнав да ценам некои нешта,некои нешта кои ги земаме здраво за готово,се додека не ги изгубиме. Заради тоа,благодарна сум што ги имам,што се покрај мене и секогаш кога ќе сме заедно,особено во ретки моменти кога сум покрај нив и можам да се грижам и помагам,се чуствувам најсреќно на светот. Тоа нешто ме прави навистина среќна,другото е моментална радост или некаков успех кој и тоа како значи,но не ме исполнува внатрешно,како спокојт и среќата што ја чуствувам кога сум со семејството.
Среќна сум што имам некого за кого вреди да се борам. Среќна сум што чувствувам љубов од која ја црпам силата, истрајноста. Среќна сум зашто имам планови за иднината што ми даваат мотивација да ги пребродам тешките денови. Среќна сум што сум здрава. Што денеска се разбудив полна со енергија. Среќна сум зашто денеска уживав во прекрасен појадок, со мислата дека е сабота, дека имам шанса да се одморам. Среќна сум што одлично си го погодив кафето утрово. Среќа чувствував додека уживав во секоја голтка од него. Пред некое време, не се сеќавам точно каде, прочитав убава мисла. Човек е среќен кога по пат ја одминува аптеката со мисла дека ништо не го боли. Колку и да е тешко понекогаш, човек може да се обиде и да ја најде среќата и во навидум најмалите нешта. Зашто тие, малите нешта, се всушност најголемите.
Имам многу причини за да бидам среќна но убедливо над сите е љубовта. Има една добро позната реченица: There is only one happiness in this world, to love and be loved. Без тоа, сите други причини за среќа ми се бледи.
Колку што сум среќна толку сум и благодарна за некои работи. Среќна сум работам работа која многу ја засакав. Среќна сум што поради работата животот ми се промени за 360 степени и јас заедно со него. Среќна сум што запознав толку добар човек каков што не сум запознала до сега и сигурна сум дека би ги ставил рацете во оган за мене. Среќна сум што сакам и што сум заљубена..како и секогаш хехе Среќна сум што што имам луѓе околу мене што се грижат за мене исто како јас за нив. Среќна сум што ќе си ја ставам долго саканата тетоважа. Среќна сум секој патт кога ќе ја слушам мојата омилена музика... Има премногу работи за кои сум среќна, но битно јас сум во последно време пресреќна со животот
Премногу страдања постојат на овој свет, премногу солзи течат, премногу срца се кршат, премногу души се стегнати, премногу плеќи наведнати, премногу гладни, боси, жедни...МОЖНО ЛИ Е ЧОВЕК ВООПШТО ДА Е СРЕЌЕН ПОРЕД СИТЕ ОВИЕ СОЗНАНИЈА... не, јас незнам што значи точно тој збор, не сакам да правам споредби со други животи, не сакам да вагам маки за да видам која е потешка..демек среќна сум има и бетер...Не... Сум била среќна во неколку моменти, сум го почувствувала тој волшебен допир во срце и душа, но потоа секогаш друго чувство на стрепња ќе ја потурнела краткотрајноста на убавината...
Среќна сум што имам верба во Бога. Среќна сум што сите од мојата фамилија се здрави и живи. Среќна сум што сум здрава права и ништо не ми недостасува, дури и имам повеќе од тоа што ми треба. Среќна сум што имам прекрасна личност за пријателка. Среќна сум кога ќе видам некој како е среќен. Среќна сум што немам слаби оценки во училиште. Среќна сум што знам дека сум среќна.