Ова е денешната мантра на повеќето родители денес, ако родителот е среќен, нема да е нервозен и да се истура на детето и така детето е среќно. Ова за некои работи е точно, да, треба да сме ние смирени и со празна чаша за да може смирено да реагираме и се однесуваме со децата, но и тоа оди до некоја граница. На пример, не е во ред кога ги занемаруваме потребите на детето за сметка на нашите. Еден од примерите е тренингот за спиење, оставање на бебето да плаче за да се научи да се смирува само. Да, ние ќе се наспиеме, ќе сме посреќни, ама дали бебето ќе е среќно што плачело? Што дека после ние смирени ќе бидеме, кога потребите на бебето не се исполнети? Како општество некако сме повеќе насочени кон тоа ние да сме среќни, отколку да скратиме од нашите потреби за детето. Зошто нели, среќни родители, среќно дете. Какви се вашите мислења и искуства на темава?
Последица на Ана Бучевиќ и ЊуЕјџ гуруа и откривачи на тајните на Универзумот, за мамичките во ерата на нарцисите. I can't stress this enough живееме во ерата на нарцисите. Во превод, изговор за важно е јас да сум среќен/а. А да и среќата од небо паѓа секако, твое е само да веруваш со сето свое срце. Универзумот ќе ја донесе, Фејсбук селфи докаже. #хепифемили #goodvibesonly #какозрачиштакаипривлачиш #universe Зошто не на пример здрави родители, здрави деца (ез ин психички, што си ги средиле '' стварите'' ), со здрави бракови=здраво дете? Замислете што револуција и откривање на Универзумот би било тоа. #imagine
Затоа што во мода се здрави разводи и чување на заедничко гнездо во кое се собираат оние кои некогаш семејство биле. ...се за среќата на сите, а ја има се помалку. Лажни некои времиња....
Среќни родители-среќно дете на денешницава многу ретка појава. Зошто ? Епа затоа што родителите не можат да се усреќат (за повеќе да имаат, повеќе да шетаат и слично ) Како дете да биде среќно кога родители сакаат сите модни трендови да ги фатат: од соба уште кога се родило, играчки до велосипеди тротинети, коли на акомулатори итн. За да може се тоа да биде сликано, објавено на социјални мрежи. Тренди е исто така и логопеди, педијатри, приватни болници ( гледам мн мајки од здрави прави деца трчаат од врата на врата), брзо време на живот деца во градинка, дома се нервозно. Ми брка на живци и барби манија (мајка деца барби кен) Инфлуенсерство-родителство Сепак постои и страв па се чуваат во стаклени ѕвона Не се радуваат во малите работи( мора да биде гламур од крштевки, родендени, полуматури, матури) Многу има да се зборува на оваа тема (ново време) ама ајде доста од мене
Па не дека не може детето да е среќно ако родителите се несреќни, посекако можат да глумат и да не дозволуваат да осети дека се несреќни, колку ги има такви семејства. За мене тоа "среќни родители, среќно дете" повеќе се однесува на тоа родителите да не си ги игнорираат своите потреби и желби, само затоа што имаат деца. Ова поготово важи за жените, зошто живееме во свет каде што жената и оди на работи и ги извршува повеќето домашни обврски и ги прави повеќето нешта околу децата. На децата сме им потребни повеќе отколку што сме си потребни сами на себе, треба да се биде свесен. Секогаш да се на прво место. Ама многу е битно да се одржуваат здрави навики за добро здравје - и физичко и психичко - за да бидеш најдобрата верзија што можеш да бидеш, за да и децата го добијат најдоброто од тебе.
а да подискитираме на темата КАКО РОДИТЕЛОТ ДА Е СРЕЌЕН? еве јас се сложувам во потполност со коментарот на @Malesia светот во кој живееме, општеството во кое се наоѓаме ни налага и наметнува обврски планови и морално материјални средства кои ни придонесуваат дополнителен стрес. Една мајка денес за 24 часа треба да заврши обврски кои порано би се завршувале за 2 дена и оди биди среќен да те видам.
Делимично да.Ама среќата е индивидуална ствар.За некого е среќа да се дома сите живи и здрави за некого е среќа да напредува во кариерата а тоа повлекува други нешта како често отсуствување од дома и немање време да се посветат на фамилијата.Може некоја мајка е среќна да е цел ден на третмани ама дали детето е среќно ако не поминува квалитетно време со неа.
Ова е вистинското значење, да. Проблемот е што денес многу го извртуваат како нив им одговара, под изговор дека тоа го прават за детето, а уствари го прават од свои себични причини, како што пишаа И Или се фокусираат на површна '' среќа''. Добра поента иначе. А во меѓувреме и забораваат на ова.
Ако бебето плаче рика, нема ни комшиите да се наспијат, не па ли родителите. Али капирам на што се алудира, задоволување на сопствените потреби додека се запоставуваат потребите на децата, што никако не може да значи среќно дете.
Искрено не познавам пар што би го оставил бебето да плаче за да го ,,тренира"... Ова ,,среќни родители -среќно дете " Се додека нештото не е крајност ок е ,реално еве јас многу лошо праам зошто немам ни 2 минути време за себе. Секогаш сите други ми се поважни и навистина не е во ред се фаќам сама себе дека и се истурам за безвезе а уствари е од мој премор...
Епа ете една мамичка инсистира дете од 2 години да се носи на логопед затоа што зборувало бебешки, дете од 6 години зборувало литературно што му било дома не сакало на дијалект да зборува по дома, мамичка го носи детето кај друг матичен во соседен град затоа што овие 10тина не и биле задоволителни (познати случки од блиску што имам наслушнато)
Зависи што се смета за среќен родител, според мене ако основни потреби не ти се задоволени на пример си гладен, преморен, немаш капацитет да се грижиш за бебе. Денес една мајка се очекува да постигне сѐ, дете, работа, дома, не е реално едноставно, порано едно дете гледале куп луѓе, сега се очекува двајца ненаспани родители со полно работно време да го изгледаат и да го направат човек.. Не би оставила дете да плаче а јас да си штракам на телефон и слично ама ако одам да измијам раце откако сум сменила пелена а бебе плаче по мене ќе си поплаче или ако треба да одам до тоалет. Некако се очекува дека родителите треба да се безгрешни, а всушност се обични луѓе што се трудат колку можат, значи ќе има некој пропуст секако Едит; а да, не значи дека некоја потреба му е незадоволена на бебе ако плаче, едноставно тоа им е единствен начин на комуникација бидејќи не знаат да зборуваат, на пример моето бебе изразува незадоволство ако го пресоблекувам со вриштење па тоа не значи дека треба да си седи со несменета пелена
Баш спротивно размислувам од воведот на темата. Сметам дека како општество генерално насочени сме исклучиво кон потребите на децата, целосно занемарувајќи се себеси. Не го сфаќам терминот среќна мајка-среќно дете дека мајката треба да искача секој ден, да седи на телефон додека детето вришти. Но, ни психички ни физички не е здраво 100% од времето на жената да е насочено кон детето, гладна, жедна, неспиена да ги задоволува сите потреби. Проблемот тука мислам дека е неделењето на обрски, односно, се паѓа на товар на жената. Кога би се делеле обврските околу куќа и дете и на мајката и на таткото, сите ќе бидат најадени, наспиени, среќни. И баш тие жени кои го носат целиот товар на семејството, на крај се претвараат во најтоксични и исфрустрирани. И тука имаш: нереални очекувања од детето, манипулации од типот “јас цел живот за тебе го жртвував ти вака ми враќаш” етц… Да, мајчинството е голема работа, можеби и најголема, ама не треба да се заборави дека настрана мајка, вие сте жена, индивидуа која има свои потреби, која сака да испие кафе со другарки, која сака да оди на нокти, сака да тренира, да се најаде, да се наспие. Децата ќе ви пораснат за некоја година, нема да ве рецкаат растрчани во својот свет, и што останало од вас?
@Directioner005 и ова е точно,апсолутно. Не знам како @RainBow ја замислила темата, и дали воведот е само нејзино лично мислење или насока за темата. Мислам дека треба да е општа за '' Среќни родители, среќни деца''. Добри поенти и прашања се поставија додатно; Што се подразбира под среќа? Што значи среќен родител? Како и
Само има разлика дали за својата несреќа му се истураш и го обвинуваш детето или не. Збориме нели за тие со поголеми деца. Оти имаш несреќни родители што пак знаат кој е коренот на нивната несреќа (дека детето не е криво) и се трудат детето да не трпи. Имаш и такви што едвај чекаат да се нафрлат "од тебе сум ваква, ти ќе ме умреш" и ова да се случува секој божји ден
Ова ко happy wife- happy life ми звучи.. Некако е самообјаснувачко . Мизерен родител не може да одгледува среќни деца. Среќен родител не може да е ако е детето несреќно, болно, со пречки некакви. Јас сакам и имам време за себе , секогаш било така, за да бидам функционална . Што мислеле станка и петкана за тоа, шап ме габри...факт.
Како растат имаме повеќе време за себе со тоа што се посамостални. Темава поопшто ја поставив зашто сите имаме различна претстава за среќа, а и нашите потреби се различни. Главното беше кога се оди до таму што потребите на детето не се исполнети, ама нашите се, па ние сме среќни и сега и детето ќе е среќно, а не е така, зошто не е исто. Бебето има потреба од допири, од блискост, бебето се потпира на нас да го заштитме. И да го оставиме со некој да плаче, ние да излеземе три саати зошто ќе бидеме после среќни, не е во ред. Бебето не го знае тоа и не му е гајле. Или детето сака да си игра, сака конекција, сака време со нас, ама ние уморни, ќе му пуштиме цртани или нешто, зошто ни треба време и за нас нели, за да си ги задоволиме потребите и да сме среќни. Поентата ми беше дека не е само ние среќни, дете среќно. Треба нашите потреби да се задоволат, без тоа да биде на сметка на детето. Проблемот е што општеството е какво што е, бара од нас премногу и од негде мора да се скрати...
Ќерка ми уште од мала зборуваше литературно, јас битолски цепам отсекогаш и засекогаш, маж ми литературно ...децата впиваат и од околината. А за дете 2 години на логопед, можеби и не ја знаеш целата приказна...да не судиме пребрзо, оти животот кучка знае да биде некогаш.
Бебето не знае баш баш дали мама или баба е со него. Или тато. Мислам на новородено , што се вика очи неококорени...свекрва ми ја причувуваше кога кризирав а јас се вратив и доста рано на работа . Плус доев. Она кога беше кенкава, беше и со мене ,и со татко и,и со баба и иста...јас ненаспана, хистерија ме фаќаше, една ноќ ги оставив маж ми и свекрва ми да ја чуваат и им реков само за доење да ме будат. Оти плачев од умор, не поднесуваат сите умор исто. Зар во очај и анксиозност и депресија да се фрлев за херој да бидам? Свекрва ми се пресели кај нас од друг град дури малата наполни 4 и пол месеци. Дома остави свое дете студент, за нас да ни се најде. До гроб нема да и го заборавам тоа добро, без неа ќе беше многу, многу, многу потешко. За мене уморот е убиствен и неспиена сум гроги, зомби, вештерка, ѕвер и сви.а...и тоа го знам и постапувам соодветно . Не плачеше моето ништо повеќе од оние гушнати со мајка 24/7 24 месеци или повеќе..