1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ставање на вештачки нокти во домашни услови

Дискусија во 'Тело' започната од qxwy, 19 декември 2012.

  1. qxwy

    qxwy Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    5
    Хелоу еврибади ! Само сакав да прашам некого дали пробал да си стави обични вештачки нокти со лепак дома? ако има нека каже, зашто јас планирам да си ставам, пошто сум приллично добра во правење на нокти и одлична сум за дизајни! Но моментално неможам да се грижам нешто премногу за ноктите, па планирам за 100 ден. (како една моја другарка) со обични нокти и секундарен да си ставам и да немам гајле цела година ! Вештачки сум ставала на другарки и знам со лепак како да ги ставам, со турпија и ножици ја кратам должината. Па изгледа како да се природни или во салон. но никогаш не сум пробала на мене? некој искусен? :rofl:
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Вештачки нокти дома

    Aко имаш другарки на кои и самата си им направила таков експеримент, веќе самата имаш искуство и ти и тие на кои си им залепила нокти со лепак. Најдобро е нив да ги прашаш. Не си им ги видела ноктите откако им ги имаш залепено? Една година ги носат?
    Има и специјални лепаци за нокти, јас не би ставала секундарен или било каков друг лепак на нокти. Ноктите "дишат" и впиваат така да мислам дека ноктите ќе се уништат.
    Не ми е јасно само како мислиш цела година да немаш гајле 1 година, кога ноктите постојано растат. И да имаш вештачки нокти, природниот нокт ќе ги бутка нанапред. Кога расте ноктот, особено ако имаш надградба (вештачки нокти, наливни со акрил, гел или природни со гел или акрил...) кај коренот на ноктот почнува да се познава како вдлабнатина кај новиот дел од подраснатиот нокт. Кога ќе почне многу да се забележува (после 1-2 месеци) не изгледа убаво, се губи и формата на ноктите и тогаш или се вади надградбата или се прави корекција, односно нова надградба. Најлоша грешка е корнењето на ноктите, при што ноктите уште повеќе се истенчуваат и оштетуваат, па им треба многу долго опоравување.
    А како ќе отстраниш нокти залепени со секундарен лепак не знам баш...
    Башка ако ставиш вештачки нокти тоа не е гаранција дека дизајнот нема да ти се изгребе или дека ноктот нема да се скрши или оштети после некое време.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Вештачки нокти дома

    Имам слушнато дека ставаат така. Но јас лично не сум се осудила до сега. И мислам дека и нема.
     
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Вештачки нокти дома

    јАС на времето сум залепила еден нокт со секундарен лепак и да те разочарам по два саати додека миев раце ми се одлепи :( На мојот нокт не му беше ништо ,а вештачкиот морав да го фрлам зошто не можеше да фати од другиот лепак .
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Вештачки нокти дома

    Јас сама си ставив вештачки нокти и тоа за мојата свадба.
    Си купив од Битпазар, ги исеков и истурпијав до саканата големина, си ги заоблив како сакам, ги налакирав и ги оставив да се исушат.
    Сабајлето пред да одам на фризер ги залепив со секундарен лепак, ми издржаа цел ден, дури и ноќта спиев со нив.
    Утредента ги извадив така што ги ставив во топла вода рацете и ноктите се одлепија без проблем, многу лесно.

    На овој начин ставам вештачки нокти кога треба да одиме на некоја веселба, а јас сакам долги нокти. :wasntme:
    едит-редактирам за сликички да ставам...сите се вештачки нокти, ама различни...не ми се бришат со ацетон, се размачкуваат и се лепат, никакви се, па само за една употреба ми се. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1090.JPG
      IMG_1090.JPG
      Големина на фајлот:
      92,2 KB
      Прегледи:
      1.271
    • IMG_1142.JPG
      IMG_1142.JPG
      Големина на фајлот:
      208,3 KB
      Прегледи:
      1.267
    • IMG_1159.JPG
      IMG_1159.JPG
      Големина на фајлот:
      215,7 KB
      Прегледи:
      1.267
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Вештачки нокти дома

    ^после ти се оштетија ли твоите?
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Вештачки нокти дома

    Не, моите си се кратки, така среденки колку само малку да има нокте, ќе ги налакирам со безбоен лак, лепак вештачки и кога ќе ги извадам вештачките, моите ќе ги избришам со ацетон и ОК ми се, не се излупени, не се оштетени, добри си се, пак ќе си ги налакирам и како нови ми се. :)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Вештачки нокти дома

    ^е сега ќе ме натерате некогаш да пробам :D
     
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Вештачки нокти дома

    Јас нема шанса да издржам подолго од 10 минути со вештачки нокти на мене.
    Не можам буквално ништо да правам како што треба, како фатена сум у рацете, и ми се чини дека секој момент ќе ми падне некој - што е и точно. Ги лепев со тој лепакот што иде комплет со ноктите - ама залудно, пак паѓаат и се вадат. Имам и со УФО лепак пробувано, али истиот резултат го има и тука, дури и бетер е. За секударниот некако сум скептична, не знам дали да пробам. Јас и така имам слаби нокти, кршливи, делливи, па страв ми е да не си ги доупропастам. Сега ве читам, еве Лолита има пробувано и тоа за свадбата, па некако у мисла ме ставивте. Изгледа пак ќе си купам :D

    Имам купувано неколку пати, последен пат од Џамбо земав.
    Ми се видоа убави и си викам ај да ги пробам.
    Ги истурпирав, ги исеков, ги налакирав со црвен лак (чудно ќе беше да не ставев црвен, емоционално сум приврзана за бојава :D) ги залепив, многу ми беа убави :D и .... за 10 минути ги одлепив. Дупла работа си отворив, плус и мајка ми ќе ме убиеше, се околу мене направив лом додека (не)успешно ги налакирав, за после 10 минути да ги одлепам, нели. :D
     
    На iloveyou29 и Flower27 им се допаѓа ова.
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Вештачки нокти дома

    Lolita па ти си била мајстор за нокти :rofl:
    Инаку да,имам и јас лепено вештачки нокти со секундарен лепак,зашто со друг лепак не издржуваат,а вака можат да издржат една вечер.
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    Вештачки нокти дома

    ЈАс сега почнав да ставам гел и немам гајле, инаку летоска си купив од еликсир парфимеријата вештачки нокти од ПАрис Хилтон колекцијата, значи преубави се, толку изгледаат природно, пошто инаку од овие на бит пазар треба 3пакетчиња да купам за да ми се погоди големината,овие абе совршени се ништо не треба да преправаш, башка имаш 24 парчиња внатре и имаш секаква големина, имаа убави шари ..
    и ги носев некаде 3 недели, послем ги извадив со такви машинки за нокти имам за чистење, ги исчистив и моите и ноктите.. т.е го извадив лепакот и пак си ги носев :)
    многу практична работа и негде 250 денари се.. за тие пари, вреди и те како
    еве може и на слика да видите како изгледаат :)
     

    Прикачени фајлови:

  12. qxwy

    qxwy Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    5
    Вештачки нокти дома

    loso se izraziv, sakav da kazam cela nedela, ne godina ]:)
     
  13. qxwy

    qxwy Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    5
    Вештачки нокти дома

    Пробав ! Вештачките ги купувам за 100 ден, ги лепам со секундарен. Ноктитие не ми с оштетуваат. Ги менувам на секоја недела. Сама си ги лакирам инаку, прекрасни се :inlove:
     
  14. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Вештачки нокти дома

    Кога одам на козметичар и мене ми ги лепат некогаш со секундарно некогаш со специјален лепак , но поиздржливи се со секундарно ..исто така многу голема улога врши и гелот што се става одозгора врз ноктот
     
  15. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Вештачки нокти дома

    Еве ги моите нокти кои сама ги правев со типсови.
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0663.jpg
      Photo0663.jpg
      Големина на фајлот:
      175,4 KB
      Прегледи:
      505
    • Photo0664.jpg
      Photo0664.jpg
      Големина на фајлот:
      159,9 KB
      Прегледи:
      504
    • Photo0665.jpg
      Photo0665.jpg
      Големина на фајлот:
      136,8 KB
      Прегледи:
      503
    На london-girl и bubuce им се допаѓа ова.
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Вештачки нокти дома

    А акрилот и останатите материјали од каде ги имаш набавено?
     
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Вештачки нокти дома

    Од дистрибутер.
     
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Вештачки нокти дома

    Само нешто да кажам, се повикува Елена во темава. (Elennaa)
    Девојкава секогаш прекрасни ги прави вештачкиве, и и издржуваат 15 дена дури, со секундарен лепак :o
    Алал да и е...Иначе јас имам ставано, и никогаш не ми се оштетиле,ама многу ги кратам зашто како теткица сум на моиве години со толкави вештачки нокти,па вака само малце не ни ми се приметуваат, ама , ама обавезно пред да ги залепам моиве со безбоен лак ги премачкувам,така ништо немам промена, и после за вадење во жешка вода нокт по нокт ги ставам и се вадат еден по еден, па за Новава Година, може пак ке ставам, ама не големи, уште еднаш ке кажам. :!: Не ми е за друго , зашто јас имам препроблематични нокти, широки ко лопати, и ми растат малце за месец дена, па кога ке ми нарастат мора да ми се исцрнат лом да ми се направат и грозни се , па морам одма да ги сечам. |(
    И да , ми траат максимум 3 дена вештачките :lol:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Вештачки нокти дома

    Еве ме. :D
    Ноктите, ми држеле највеќе 25 дена, до сега. Литл, мислам дека на тебе ти се ваделе побрзо, затоа што си ставала безбоен лак. И јас едно време ставав, поради тоа што многу ми се оштетуваат од брзиот лепак. Но... јас кога и да ги налакирам моите нокти, ми се лупи лакот после 2 дена. И тоа можеби ми беше грешка... Откако им ставив безбоен лак како основа, цело време ми паѓаа ноктите, ми се одлепуваа... Или пак јас бев нестрплива, и одма ги лепев, без да чекам да ми се исуши лакот, само шлапав. Иначе, ако лепите нокти, јас би ви го препорачала овој. Дефинитивно е најиздржлив. Го има во Тинекс, 25 денари е. Иначе, и моиве нокти се многу широки, многу тешко наоѓам нокти за палецот. Еве неколку нокти, што ги имам направено, а се вештачки. Си прочепкав по мислењата, и си ги најдов. :)
    Порано многу повеќе се замарав и ги шарав ноктите, ама сега некако слабо...
    А како што приметувате, сите скоро се се различна форма. Или јас ги купувам ептен мали, или ептен големи. Или ги кратам. На последните дури и не се приметува дека се вештачки, дека се со нормална величина. И последните слики, ги имам сликано со мобилен, и затоа се поматни.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Се гледа мислам дека едно време бев обседната со вештачки нокти. :D
    Според мене, исплатливи се тие нокти за 20-30 денари... Меѓутоа, одкако ќе се извадат, оставаат последици... Поточно лепакот им штети на ноктите... Ама пак оној лепакон што е во пакување со ноктите, е гола вода, не лепи. И мора со брз...

    Според мене, исти се тие што се и за 30 денари и за 100 денари. Само види кои се поцврсти. Затоа што мене палецот стандард ми се крши. И види со некоја понормална велична, да ти пасува за сите нокти, а не некој да ти штрчи поголем, од самиот твој нокт. Јас многу пати се зезнувам за тоа, па зимам 2 пара, и ставам нокти со иста големина и на средниот и на домалиот прст. Не можам никако да им ја погодам големината. Ама како што кажав, гледај да се поцврсти! Со повеќе слоеви на ноктите, може да се искршат.
    А друго... Со едни нокти, не можеш да тераш цела година. Единствено со некој супер-супер-екстра лепак. Со најобичен секундарен, седат до 5-6 дена. Ќе падне некој нокт, ама пак се лепи. Јас како што кажав погоре, највеќе ми издржале 25 дена. Со нокти правени во салон, ќе бидеш раат 1 месец, после тоа веќе ќе ти се познаваат твоите нокти, а не пак со пластични нокти, за 1 година...

    Ама зависи, имам другарки што не можат да седат со вештачки нокти, повеќе од 1 час. Сами ги корнат, не им е убаво чувството. Неколку пати ми рекле: Дај бе извади ги веќе, орлишта ти се, твоите нокти се поубави. И како можеш така, два слоја, два нокта да носиш на тебе?
    Ама ете, јас против сите. :D

    Иначе, јас си немам проблем. Слободно си ги бришам вештачките нокти со ацетон, ништо не им е. Ама ако навлегол лак внатре под вештачкиот нокт, тешко се вади... А и многу е зафркнато, кога еднаш ќе ти падне некој нокт, и ставаш пак лепак. Изгледаат по неприродно. Лепакот останува на вештачкиот нокт, и треба да се иструга малце, со нешто, за да паднат слоевите на лепакот.

    Еее, сега видов, дека qxwy си мислела една недела. Ме мрзи да го преправам тоа горе пишаното. За една недела, дефинитивно си раат. Јас чим 3 недели сум раат... Башка лакот од вештачките нокти, многу споро се вади. Можам и 3 недели да истерам, со еден лак, без да се прелакирам.
     
    На lana.del-rey и LittleFairy им се допаѓа ова.
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Елена, до тоа ќе да е... Иначе се гледа дека и јас се заразувам со ноктиве, еве пак си купив Опоола (Opoola) 120 се, ама гледам дека пластикава е поцврста за разлика од тие од 20.
    Ако незнаете за која фирма зборам, не се истите, еве:
    [​IMG]

    Овие се 24 парчиња,лепаче кое нормално ни капка нема, а и да има не лепи, незнам дали нема де,ама претпоставувам,има специјална турпија за истите, и едно како дрвце, од едната страна како со боцка ( зашилено како чачкалица) а од другата страна е како делнато , незнам како да кажам, ах леле што неможам слики да ставаам :@ тоа валда е нешто што помага во лепењето, мислам да се отстрани лепакот од страна, и нешто на своите нокти да се направи, појма си немам , ќе видам тоа :lol: ми е жал да ги ставам да не ги упропастам ама за НГ цели скратени, направени, ќе ги ставам,сега си ги чувам,па ќе кажам квалитет после НГ, дали си вредат за парите :!: И да, бели се со некои светки исто бели на врвовите, интересни се ^_^
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.