Како правите вие и зошто? Дали ви е само ритуал или така ве научиле родителите? Дали има исправен начин? Дали има погрешен начин? Воедно тука би прашал и дали се нервирате кога ќе ви се лизне пастата од четката и заврши во лавабото? Дали си ја црпнувате истата (бљак) или ставате нова? Колку често ви паѓа пастата? Како може да се избегне овој проблем? Пример, дали можеби ја тапкате со прсти? (Disclaimer: Се надевам нема да ме банираат со темиве. Повеќе членови ме замолија да отворам лабави теми за да се релаксираат па еве исполнувам желби пошто ним им е незгодно)
Последната опција е добитна. Цел живот така прам, ваљда така моите ме научиле, ама тоа не значи дека не ми е ритуал. Мора секогаш да се запази редоследот, ако не, почнувам пак одново. Мразам кога ќе ми се лизне пастата од четката! Се троши паста и ми се отвара работа(чистење лавабо). Ја црпнувам ако нема веќе паста во пакувањето , оти секогаш прво треба да снема паста па после(со трчање) се купва. Можи да се избегни проблемот, ама тајна е како. П.С. Не инволвира прсти.
Не ја влажнам четката ни пред ни после ставање на паста за заби, по препорака на стоматолог за да се активираат плунковите жлезди да лачат плунка. Речиси па никогаш не ми паѓа паста во лавабото, ако падни не враќам назад.
Контроверзно мислење хехе. И јас мразам коа треба да го чистам лавабото. Најчесто ја грепкам пастата со дршката од четката оти неќам со прсти. Браво ова за црпнувањето ме изненади, скроз си badass . Скроз ме заинтригира со ова шо би можело да е тајната. Инаку Цел живот растев со трчање по паста дека се потрошила, сега има една а некогаш и две за резерва. Ако видам попуст, ама тоа е друга тема. За тоа зборам во темата Пазарење секојдневни намирници (во општи дискусии) на која никој се уште ми нема коментирано, ама нема везе, еве да ја изрекламирам Спојлер: Линк https://forum.femina.mk/threads/Пазарење-секојдневни-намирници.33823// Спојлер .
Ставам паста, па ја влажнам четката, ама пазам да не е силен млазот вода за да не ми падне пастата Инаку нема шанси падната паста да соберам и во уста да ставам, одвратна ми е самата помисла, а не па така да направам.
На сува четка ставам паста и мојам заби. Не ми паѓа паста зашто четката е сува. Се прави пена и без мацкање во вода, плунковите жлезди почнуваат да лачат и само од себе се напенува во уста.
Ја влажнам четката, ставам паста и пак малку ја влажнам.Сува четка не е ок за ранливи непца. Ако ми се слизне паста, тоа е.Не ја враќам. Внимавам, па ретко се случува да ми падне. Ако падне, пак ставам паста на четката.
...е ако видам паста лепната на умвалник , тогаш урлам Некој ќе се прцка и оро ќе си игра, јас пак со нокти ќе ја гребам засушена
Не Мислам дека повеќето сме жив арч со пред и после вода ставање. Само да знам кои се психопатите што не ставаат ич вода?
Малку off-topic, ама сепак блиску до темата. Од таа пастата од colgate, optic white од КАМ, сина е по боја самата паста, абе лом се прај лавабото и едвај се мие. Не знам шо ќе беше… Не ја препорачувам.
Прво ја наводенувам четкичката па ставам паста. Ретко ми паѓа паста во мијалникот, особено сум штедлива со пастата затоа што користам скапа паста . Ако ми падне кинам од тоалетната, бришам, па пуштам вода да се измие мијалникот , никако не ја земам ако ми падне , ставам нова со тешко срце .
Прво ја влажнам после ставам паста и обавезно малку ми паѓа од пастата дали правам некоја грешка или не незнам Првото го гласав
Од Кам еднаш купив Колгејт, толку ми пожолтеа забите, морав на заболекар да одам да ме оправат а сомнителна ми беше цената, но се зафркнав сакајќи да заштедам. Никогаш повеќе. На темата, почесто ја влажнам четката па мијам, но некогаш на суво кога сакам повеќе ефект, не знам дали е само мој впечаток, но имам приметено дека забите ми се побели и повеќе светат без влажнење на четката.
И да падне над лабаво не е страшно да си ја собереш со четката ипак кризно време, поза.бано е ако ти падне во вц школка