Стаклен Дом (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од unique123, 12 август 2011.

  1. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Серијава започна да се емитува ми се чини претходната недела. Ја изгледав уште првата епизода со доза на резерва дека се работи за бугарско производство и дека се емитува на Канал 5.

    Али за некое чудо ми се допадна. Се надевам не сум единствен фрик, па секој ден одвај чекам да почне. СЕ емитува од 19 и 50мин.

    Дејството за кое се разкажува може да се посматра од повеќе агли. За момчето кое на 18 годишна возраст го напуштил својот татко-пијаница и заминал во Америка. 20 години подоцна неговиот татко е успешен бизнисмен со семејство покрај себе. Момчето кое е веќе маж-Камен се враќа за да му прости на татка си. Сепак нема да успее во тоа, бидејќи на денот на неговиот роденден, татко му е застрелан.

    Ова е краткиот вовед во серијата. Сега за сега, умее вистински да го задржи вниманието и да те остави без здив цели 30 мин. Се на се, вреди да се гледа! :)
     
    На Monchence му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Филмот е  убав. Не е лош. Ама ретко го гледам  :lol:
     
  3. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Леле зар е можно само јас да сум НЕнормална па го гледам. Тоа значи дека имам вишок слободно време. Али ме разонодува и ми ги пополнува дупките во секојдневната рутина. :)

    Како и да е, навистина е добра. Ми се допаѓаат сите ликови и позитивни и негативни. Прекрасно се вклопени во целината.
     
  4. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    498
    Не знаев дека почнале да ја даваат на канал 5.Јас ги изгледав сите сезони на бугарски :D . Си ги симнав од замунда и ги изгледав без здив. Од септември најверојатно ќе почне и нова сезона.
    Многу ми се допадна серијата, буквално се...и приказната и ликовите ;)
     
  5. Princess-S

    Princess-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Многу е убааав :D Јас ги изгледав сите сезони на YouTube, има 3 и едвај чекам да ја стават на интернет 10 епизода од 3тата сезона.. Ако не ви се чека гледајте си го :D Ептен е јак, се заљубив :lol:
     
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.658
    Јуник,девојко,не се секирај,не си единствена. :)

    Јас го обожавам филмот. Не си ги симнувам од нет,ќе ги гледам. Ја обожавам Борјана,многу убава жена. Ми се допаѓа што во приказната има и млади,не се сконцентрирана само на стари приказната. Добри глумци,квалитетно сценарио,ами тој бугарскиот.. :D - е таква сум додека го слушам.

    Јас на сите го препорачувам. А и да,музиката ми се свиѓа.

    Се на се,десетче. :)
     
  7. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Го гледам понекогаш ама не често и не цел кога како зошто малку ме нервира бугарскиот јазик,глуп ми е одбивен..Ај да се вратам на темава,тато доста го фали си го гледа стално кога ќе може.. :)
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.314
    Допаѓања:
    18.073
    Пол:
    Женски
    Убава содржина, но премногу забележителни шминки и пластики кои ми го прават гледањето на овој филм одбивно. Поштувам корегирање и разубавување кое е направено умешно. Главно естетско правило: „малку е многу :)
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Многу ми се допаѓа серијава и мило ми е што не сум единствена.
    Одлична е приказната. :)
     
  10. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    122
    Чекајте пропуштив неколку епизоди... Стариот жив е ?
     
  11. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.658
    Да,али јас уште се обидувам да дознаам дали таа работа му е цела смислена од него или и тој е жртвата. Инаку,ако си пропуштил и ова да ти кажам. Камен и Борјана си завршија работа. Кај може малата да му тера инает.. :lol: Баш во денешната епизода беше ова. Ако не ја гледаш во 15 за 8 вечерта,ја даваат два пати реприза и во 15 за 12,тука некаде и после кај 4 и пол,така нешто,тоа време. :)
     
  12. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    122
    Ej фала ти ... Не успеав неделава да ја пратам само на кратко го видов стариот и ме зачуди... А знае тој семејството што му прави, како живеат или... И фала за репризите што ми кажа, во последно време не гледам телевизија многу а и терминиве им се тотално побркани на телевизииве едит А знае ли некој колку епизоди има серијата , секаде различно слушам... Да не се снима сеуште?
     
  13. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.658
    ^^ Да,свесен е за Елена и на Сијана татко и,сега не ми текнува како се викаше,свесен е дека сакаат само тие двајца да останат. Инаку не му даваат никаква комуникација со надворешниот свет оние шо го чуваат. И тој за тоа малку се изнервира денес,али ќе му помине.. :lol: :D А за снимањето,поима немам,прв пат слушам од тебе. Нека се снимаат,супер е серијата. :)
     
  14. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    122
    Не не знам ни јас дали се снима, само знам дека повеќе сезони биле... :) И навистина е супер серијата , во последно време ни пуштаа досадни српски и хрватски серии а ете оваа бугарска а подобра испадна. Јас сум за да пуштаат само квалитетни серии , не е важно чии се , само да не се досадни како повеќето :)
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Ја следам од време на време. Сметам дека е модерна, дека приказната е океј, преку глава ми е од напливот на индиско/узбекистански/турски/арапски серии. Се е океј, ама јазикот бре брате...

    Не ми влага во уво ,,не се притисњавај", ,,сабуждие" |(
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Баш пред некој ден ја пуштив, оти немаше што друго, и баш ме бендиса. Сега почнав да ја гледам така да со ликовите малку потешко ми оди, ама ќе ги научам. Интересна серија :)
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    9.930
    Пол:
    Женски
    Уба е серијата :) јас во Бугарија ја гледам,заврши втората сезона,треба трета да почни,ако е доснимана.Има многу перипетии,многу зафркнати случки,ама реални работи.Гледајте го :) Јас ко видов дека и во Македонија почнал си реков супер,само на почеток не сфатив до кај е,мислев понапред е,ама бил на почеток,пошто јас овде првите епизоди ги пропуштив и незнаев како почнал.
     
  18. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    122
    А знаеш колку епизоди има :) ?
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    9.930
    Пол:
    Женски

    Не,немам појма,незнам дали од шо не пишеле или јас не сум приметила...

    Еве за поќе информација,се надевам да не е ова како реклама,ако е бришете ми го мислењето...
    http://www.btv.bg/seriali/glass-home/epizodi
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Ти ли чукаш гаџото ми :D :D

    Закон се. Мене ми се свиѓа Николај и покрај тоа што има негативна улога. Некако ептен ми е одбран, а фаците што ги праи се забегани.

    Како и да е, дефинитивно има реална тематика. Е сега не ја гледав епизодата од петокот, али реприза обавезно ќе гледам.