1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стан или студентски дом?

Дискусија во 'Образование' започната од mystic92, 28 мај 2011.

  1. mystic92

    mystic92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пред одлука сум..дали стан или студентски. Вие што би одбрале? Има ли некоја фемина-студентка што е последна година на факс па го ослободува станот?Знајте ли контакт од некој што издава станови во Скопје,близу до правен факултет? :call:
     
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Ако имаш со кого, дефинитивно СТАН !!.. Студентските домови не нудат добри услови (почнувајќи од хигиената и мирот)... Во стан ќе си имаш повеќе слобода како и време за учење, додека во студенстски поголема предност ти е дружбата, но секако ти ќе дојдеш во Скопје да учиш, а дружбата можеш секогаш да ја добиеш ;) ...
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    стан дефинитвно барај си цимер/ки ;)
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    И јас ја имам истата дилема.

    Тежнеам накај стан, не можам да учам во хаос и гужви како во студентски, во читална на стол уште помалку. Да не зборувам дека многу е тешко да се ујдисаш, што би се рекло, со карактери. Еднава спие навечер, другата учи навечер, трета со дечкото во еден ќош... во студентски нема бегање, една соба, што знаеш прави внатре. :D Е, сега е поскапо. Не знам, најверојатно ќе биде стан, ама никогаш не се знае.

    Размислував и да патувам, не ми е далеку Скопје. Ќе треба секојдневно да се бафтам по возови, автобуси, па ладно, жешко... Самиот пат те отепува, кога ќе си дојдам, кога ќе учам. :sweat:

    Една жена еднаш ми рече : Во прва година седев во студентски, присуствував на најјаките журки, ги запознав најдобрите пријатели ама ја повторував годината. :D
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас сум прва година ан факултет, ја поминав во студентски, цимерка колеска, случајно се погодивме, мирно, тивко, никогаш не отидов во читална (си учев во соба). Не сум на лесен факултет туку на факултет на кој треба многу труд и континуирано учење за да поминеш. Лажат тие што викаат дека заради факултетот не поминале година. Ако си дојден да учиш секаде ќе учиш. Една моја другарка смени и стан и студетски и воопшто не беше задоволна ни од едното ни од другото, од цимерките пред се. Можеби јас имав среќа, не знам...
     
    На Anastasija2001 и zara им се допаѓа ова.
  6. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Стан дефинитивно!
    Имам многу колешки што не се од Скопје, првата година беа во студентски дом и ич, ама баш ич не беа задоволни пред се од хигиенските услови, од галамата, од тоа што многу се крадело итн. итн. Издржаа едвај една година, па од втора си земаа стан и супер им беше. Нормално дека е поскапо во стан, ама барем ќе се осеќаш како дома. Многу е битно да ти се погодат цимерките, за да не мора после и од нив да бегаш :D Инаку, да се прашувам јас, никогаш не би можела да изберам студентски дом...доволно ми е да се спомне поимот спратно WC и готово, се откажувам :D Е сега и домовите си имаат некои предности, се прават многу јаки журки, ама...стан си е стан, па на журка можеш кај сакаш да отидеш :)
     
  7. mr.farmacevt

    mr.farmacevt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Јас кога се запишав на факултет требасе да седам в стан па испаднаа компликации со цимерката на 30 сепември , па ајде некако со врски ме сместија во студентскиот Гоце ( таму се 2 креветни собите со wc во собата) и мислев дека тоа ке биди привремено додека н најдам цимерка за во стан. Но јас останав таму до завршувањето на факултетот ( а студирав фармација ниту еден испит не паднав, никогаш не бев сама) нон стоп бев опкружена со другарки колешки другари и мислам дека се би дала да се врати тоа време барем на еден ден :D и данапоменат таму го запознав и мојот сегашен вереник :lol:
     
    На Anastasija2001, Juki84, agirl17 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Оваа година сум бруцош и си најдов стан бидејќи многу викаат дека дека во стан е подобро... е сега, сакам од наредна година да си одм во студентски чисто онака да видам како е :D :D :D
     
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Прва година бев во стан, и сега оваа година пак во стан сум.
    Не би седела во студентски, замо зашто не ми се свиѓа идејата да бидам во соба уште со 3 девојки, кои појма немам какви се на карактер и слично. Не би да ризикувам со такви работи, сепак ми треба удобност и добар простор за да учам и да се сконцентрирам.
     
    На teressa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. butterfly89

    butterfly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    103
    стан јас сега завршив со студите но додека студирав бев под стан поскапо е да се седи под стан но е многу подобро некако домови кај нас се не безбедни има некои имаат тоалет за цел спрат како што е гоце некои блокови немаат никакво обезбедување на врат кој влегува и излегува а јас си бев малку плашливка и од тие причини некако немаше никакви шани да отидам во дом да седам, некои пак ке кажат дом е поубави јас мислам дека тоа е индивидуална работа кој како си се осека дали ке може да се издржи во дом има и многу кои ги познавам што не издржале во дом, мене лично од страна не ми се допага не пак да живеам немаш некој посебен мир и слобода како може во стан да ја имаш а многу зависи и од цимерките како ке ви се погодат
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    За оние кои имаат финансиски можности, најдобро е во стан. Еве ке ви кажам барем 5 едноставни и најпрости причини:
    1.Читај:Интернат во никој случај не се препорачува за девојки, ова најчесто ми го кажува машкиот пол!
    2. Незнаеш на што ќе налеташ (зборувам за цимерките)
    3.Станот ти е опција со повеќе соби, што значи ако ти се учи, немора да се "тепаш" со цимерките да не прават галама, фино си идеш у другата соба.
    3.Ако направиш глупост, нема цел интернат да те разбере.Обично во мојот град, за секоја девојка што е во интернат ваѓаат по некој муабет.
    4.За оние што дечкото им останал во родниот град. Е нема да може да преноќева кај вас само за да бидете заедно неколку дена бидејќи си фалите еден на друг :)

    Не за џабе се рекло, Свое си е свое. Дома си, никој не те чепка, си легнуваш кога сакаш, стануваш кога сакаш, нема половина факултет да те знае што правиш.

    Е сега за сите оние што немаат доволно средства за стан, интернатот им е најдобар избор.
     
    На Libra19 и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  12. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    33.626
    Пол:
    Женски
    Јас во прва година патував и не ми беше толку напорно колку што си мислев дека ќе биде. Сите предавања ми беа од сабајле и завршував до 13 или 14 h најдоцна. Потоа следните три години ги поминав во стан. Уште пред да се запишам на факултет го имав тоа во глава дека студентски дом не доаѓа во предвид. Неколку мои колешки седеа во студентски домови и навистина секој не би се прилагодил на живот во студентски дом. Се зависи од самиот човек, но ако немаш услови тогаш си приморан да седиш таму, иако не ти е по волја. Конкретно во студентскиот дом Пелагонија и не е така лошо, скоро секоја соба си има посебно WC, но таму во соба се по 4, што за мене тоа би било премногу. Тешко е да се погодиш со плус уште еден непознат а камоли со 3. Факт е дека многумина студенти не одат таму за да студираат туку да се журкаат, значи можно е на секакви да налеташ. Локацијата на домот и не е така лоша, јас седев во стан близу домот. Центар е на отприлика 25 мин. пешки, а факултетите на 40 мин. Бидејќи нема директна линија до Битпазар, ние често се групиравме по 3/4 и си одевме со такси до факултет ( тоа најчесто го практикувавме во 3та и 4та год. бидејќи ни беше смачено од патот :lol: или кога времето не беше најдобро ). Во Кузман позитивното е тоа што е во центар и во соба се по 2, но делиш WC со цел спрат, WCињата се мизерија, а и собите се во лоша состојба ( освен ако во меѓувреме нешто е реновирано и посредено :?: ).
    Околу храната, овие од Кузман беа позадоволни :D .
    За другите домови не знам, бидејќи не сум била во посета.
    Како и да е, најбитно од се е да ви се погодат цимерките, на условите ќе се навикнете некако ако сте веќе приморани да седите во дом. Ништо не е иделано, се има свои предности и свои маани.
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Бев сместена во стан и не ни помислив на студентски дом! Можеби е поисплатливо, поефтино, можеби и за дружење е добро во студентски дом, ама јас очекувам и барам комфор и приватност, не сакам да се буткам во една соба, нити пак да учам во читална, нити пак би толерирала нехигиена што е чест случај за студенстките домови! :puke:

    Јас бев сместена со мојата цимерка во спрат од куќа, ги имавме сите услови и целата потребна приватност! Не беше проблем да ни дојдеа гости бидејќи имавме слободна соба каде спиевме, не беше проблем ни за учење ни за лудување до зори,ни за ништо! Мислам дека тој комфор во студентски дом не може да се има! :wasntme:
    Подобар избор е стан но секој си ги знае финансиите и знае колку може да си допушти, но ако имате доволно средства за да си овозможите престој во стан тогаш тоа ви е најдобрата одлука! Помалку нервози, повеќе приватност и подобри услови за учење!
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Со искуство можам да зборувам за стан и за студентски. И станот и студенскиот си имаат свои предности и негативности.

    Стидентски: Не се сложувам дека студентскиот на е за девојчиња |( Кој не е живеел во студентски незнае што е студентски живот :) Прва година на факултет живеев во студентски, две девојчиња бевме во соба и имавме WC во собата. Супер беше! Си го имав потребниот комфор, си учев во соба и немав никакви проблеми. Голема предност студентскиот тоа што запознаваш многу нови пријатели, многу колеги и доколку има некои комбинации за испитни прашања најпрви се дознаваат во студентскиот. Никогаш неможе да ти биде досадно, секогаш има со кој кафе да се напиеш, да утепаш саат- два во било која доба во денот, а богами и во ноќта :lol: Единствено нешто што не ми се допаѓаше беше храната поточно немавме избор, неможеше да избереш помеѓу неколку јадења и исто така доколку ти дојде некој на гости, на спиење ( илегалец ) малку е потешко да го прошверцуваш :) И да не ги заборавам запивките :lol:
    Стан: Многу од предностите на студентскиот се негативностите на станот. Кога ќе посакаш немаш секогаш друштво, многупати за некои испитни комбинации може и да не дознаеш. Предноста на станот е интимноста и приватноста. Неможе кој сака и кога сака да ти дојде на гости, а доколку дојде ќе заѕвони ако сакаш ќе отвориш, ако не нема. Јадењето си е твој проблем што си сакаш ќе си готвиш. Никој нема да те озборува кој ти дошол на спиење, со кој си се дружила, што си правела и такви ствар.
    И пак ќе кажам сепак е индивидуална работа со свои предности и недостатоци!
     
  15. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Може некој да ми каже од прилика колку изнесуваат кириите за становите во Скопје..??
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Зависи каде и за колку студенти. Имаш од 180е, па нагоре. Ние сме три, имаме двособен стан и плаќаме 200е. :)
     
  17. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    А за еднособен стан...нема од 180е подолу??
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Нема шанси, било каков да е, од 180 евра многу тешко да најдеш подолу.
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Имаше летово некои гарсониери во Ново Лисиче за 150 евра, ама сега тешко, не верувам. :x Не знам како планираш да седиш и колку пари имаш на располагање. Сама ако сакаш, да речеме дека ќе земеш стан подалеку, гарсониера за 150 евра, уште 100 за сметки и 100 за тебе плус храна... Ова минимум 350е ти требаат месечно.
     
  20. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Ај да не настапувам одма осудувачки,да си го кажам моето. :)

    Сега ќе сум втора година,прва седев во Сениќ,и оваа година ќе седам. Сум била скоро во сите студентски,имам седено некоја недела време во стан и едноставно неможам во стан. Неможам,многу м ие тивко,многу си осамен,а најлошо е ако се навикнеш на осаменоста.

    Мене ми беше преубаво. Како ми се погодија цимерките,фала ти Господе. Мислам дека тоа сето зависи од човек. Во студентските има секакви. И такви кои се лесноприспособливи,и такви кои не се,такви кои се многу комуникативни ( дури и премногу понекогаш ) и такви кои не се воопшто,такви кои цел живот не си ја издепилирале стефанија и кои се бањаат еднаш неделно,такви кои со дечкото се како сијамски близнаци па секаде си го носи со неа... Стварно има се и сешто,да се крстиш. Но се е до тоа како се ќе поставиш,да си направиш муабет со човек. Не знам,можеби и јас сум наивна,еве оваа година пак сум таму,но пак не знам што луѓе ќе ми се погодат,така да сеедно ми е. Мислам и за хигиена и за ствари кои требаат во домот можеш да се разбереш. Хигиената е иста ко во стан,колку ќе си чистиш ти,тебе ќе ти биде чисто.
    Јас во принцип лесно се прилагодувам,знам кога треба јас да се прилагодам,а кога треба другиот да се прилагоди на мене,комуникативна сум мислам каква и да ми донесат,нема да има проблем.

    За студентските важи едно правило - човек на СЕ се навикнува. Под се мислам буквално се. На јадење,тепачки,журки,ептен изменет живот,абе се. Или ќе се навикнеш или нема да преживееш. Затоа треба ти самиот да си знаеш дали си спремен да седиш во студентски,а не само да се силиме,за после два месеци трт. Не се гледа животот во студентскиот после сесии,после колоквиумски,сега кога сме на почеток. Кога ќе почне да се учи,е тогаш е жустро во домовите. Тогаш на сите им гори под газ и тогаш може да настанат некои компликации,али ништо страшно. :D

    Да,животот во студентски е студентски живот. Тука е убавината. Не дека во стан го немаш сето тоа,може и далеку поубаво да имаш,но спеак ова е тоа бесценетото. :)

    Јас мислам дека никогаш нема да седам во стан и дека никогаш нема да се навикнам на таков живот. Ме гушат многу тие ѕидови,а тука може да прошеташ,да си одмориш мозокот со кафе со некој од другата соба,да се глупираш,да плачеш со некој заедно...

    Сепак,за вкусовите не се расправа. :)
     
    На Anastasija2001 му/ѝ се допаѓа ова.