1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стапување во брак без финансиска независност

Дискусија во 'Брак' започната од mimiiiii, 10 август 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Темата ја отварам бидејки сите знаеме колку е важно жената да си има колку толку свој приход и да не биде зависна од друг ..
    Но за жал ситуацијата е таква каква што е , невработеноста е голема , работа тешко се наоѓа . Па се наметнува прашањето до кога да се чека за работа , доколку имате соодветен партнер ?
    Прашањето е за тие што се одлучиле на ваков чекор , како се одлучивте ? Дали ве помагаат домашните ? Или сопругот ве издржува?
    Мене лично ми е тешко да стапам во брак без приход колку за моите потреби , а одговорот на мајка ми е дека ќе ми ставала пари на сметка - мини плата :rofl: :rofl: што мене е неприфатливо .А и не би сакала да живеам на туѓ грб .
    Ме интересираат туѓи искуства и секако секој може да даде мислење за темата ..
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Јас ни маж имам ни пари имам, у која категорија да се стаам јас сега?



    Шала на страна кад би дошло време за овој чекор дефитнивно би сакала да бидам на свои нозе, со работа и плата(каква таква редовна да е) и за мене и за сопатникот.
    Доста до тогаш ќе бидам на товар дома на мајка ми, па уште и еден друг да и намкнам да го храни.
    Нит сум за тоа он да ме издржува истото ми е како мајка ми да ми плаќа, пак зависина.
    Али па затоа учам и се доградувам за да не зависам од никој еден ден, дај боже.
    И ќе насотојувам за тоа, уште сум премлада за брак и тамн до кога ќе созрам се надевам и јас ќе работам и он, и двајцата спремни за берба ќе бидеме од зрелост :)
     
    На femina90 и MaxyMax им се допаѓа ова.
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас сум дипломирана цела година , при крај со постдипломските , колку сертификати имам ни јас не знам :rofl: работа сеуште немам .. Тука учењето и обуката не ти гарантираат работа за жал :worried: ама тоа е друга тема . Предлогот на мајка ми беше во смисла да си имам свои пари додека не најдам работа не да го издржува зетот :D
    Ама јас не би си играла куќа а за пари да трчам кај мамичка и тато :lol:
    Не дека сакам јас утре да се мажам , ама ете размислуваме за во блиска иднина .. Ама во мојата околина гледам дека , рипаат во тавчето а немаат работа , па ме интересира кој ги издржува , како се навикнуваат итн итн и како се одлучуваат на ваков чекор без свој денар во џеб..
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Мими рипаат точно, ем не финансиски средени, премлади (за мене 20-21-22) се премлади години за брак.
    Па и колку се фактички зрели за тој чекор времето ќе покаже.
    Мими секој со својата среќа, не се откажувај, тука сме со годините мислам и со образование и мислам дека нема потреба да брзање, ќе се среди ќе си најдеш работа верувам.

    Е сега кој ги издржува, кој може мама и тато и на едните и на другите.
    Едниот да е вработен, па некако, барем ќе можат сами сметки да плаќаат, ама ако ни еден нема работа иксрено не знам како се одлучуваат за тој чекор.
    Ќе си пише некој вајда.

    И да знам дека не е решение и сигурност образование, ама секој со својата среќа и со своите шанси, јас не сум изгубила надеж, барем скоро ме изненадија пријатно во врска со тоа дека се се наместано, но тоа е друга тема.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    Jас кога стапив во брак јас работев, а сопругот не но кога се породив се вработи и тој и фала богу досега се што постигнавме за овие осум години брак беше со сопствени пари полека полека , но затоа сега и многу парови не се решаваат на брак од таа гледна точка немаат работа ,нема примања и од што ќе живета ,а искрено кажано во денешно време е многу тешко без пари но ако се има љубов разбирање доверба се се решава
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Цунки и гунки не хранат фамилија.
    Многу деца, моја генерација трчаат да се омажат оти престареле, не цели 20 години имаат на контото. |(
    Не можам да си замислам брак каде барем едниот не работи.

    И јас еден ден би сакала да бидам независна, прво да си олеснам на мене лично и на моите, па после да не се случи да барам од маж ми за едно влошки и за една пудра.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Oсвен ако не е шеик и има пари за извоз ке чекам работа па макар и минимално платена.АКо треба на 50 години нека се омажам ама знам дека пари од никој нема да барам. И да , во брак се е заедничко но никад не се знае што те чека во иднина. Да спијам на тоа уво дека он мене ке ме издржава а утре недај боже да дојде до развод што ке правам. Или ке треба да преминам преку се само затоа што тој ми го става лебот на маса.Не фала.

    Познавам многу парови кои имаат долги стабилни врски,кои имаат заврено факултет но ете сеуште не сакаат да стапат во брак ради таа невработеност.Ако некому му е битна финансиската стабилност за стапи во брак зошто да не почека некоја година. Секако е таа одлука за поздрав отколку мислата да се тргне од дома и да живее на туг грб.Доволен знак за неговата зрелост ми е тоа што сака да почека и да се потруди за подобра иднина и за мене и за децата во иднина што ке ги имаме .

    Секако овој мој став не важи за оние кои се веке во брак па од некоја причина останале без работа.

    Ова ме потсека на роднинава моја која што се омажи пред 2 недели. Не е вработена живее со старите на маж и. Ја прашуваме како ти е со нив,како во иста кука (бидејки од предходно живее со него неколку години пошто не е од СК.) и нејзиниот одговор на тоа-ЕЕЕЕ супер се НИ ГИ ПЛАКААТ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА,ЗА ВОДА ЗА МОБИЛЕН....Раат сум,башка и мајка му во пензија па готви абе убавини..
    Се прашувам само до кога ке и ги плакаат сметките и ке и готват по дома ?!?
     
    На imelda, The-Queen, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе мислев од аспект на жената . Значи чим се одлучуваат на брак веројатно е дека имаат некои средства за живот .
    Мислев повеќе како се чуствува жената кога нема свои пари ? Како се справува со тоа дека живее на туѓ грб .. Денес живееме во друго време, жената не е само домаќинка и еднаква со мажот . Еве моите и двајцата земаат исти плати , дури мајка ми зема 1000 денари повеќе :lol: така сум воспитана дека и двајцата треба да придонесуваат ..
    Од психолошки аспект како се чуствува и справува една образована и паметна жена кога влегува во брак без свој денар .
     
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    mimiiiii Јас мислам дека една образована и пред се ПАМЕТНА жена нема ни да влезе во брак без свои приходи. Тоа се само жени како примерот на SuperGirl24.

    Значи не се замара со ништо. И е гајле на неа утре кој, како, зашто, дали ќе имала, дали ќе немала, да не се случајно разведела итн. Таква некоја пред се ако размислува нема ни да влезе во тој брак, а затоа што уште од старт не размислува нема што да очекуваме после тоа да и' дојде памет. Таквите личности си живеат таков живот и дома. Таа на пример прво и основно сигурна сум дека не се потрудила работа да најде ни дома кај нејзините. Има многу што се невработени и тоа е ралноста во нашава земја ама таквите како нив не се ни трудат. Ако некој се труди, сигурно дека на крај ќе има позитивен исход, кога-тогаш. Ама тука во прашање е друга цел. Имав порано таква другарка, помали кога бевме, едноставно целта и' беше да си најде богат маж и да се омажи. Толку. Мајка и' пред мене и' збореше да си најдеш некој и мажи се. И? Не очекувам утре таа да се бори за независност, како што и не се ни запиша на факултет. Ама па и образованието не е секогаш мерило. Има многу со солидно образование што ете не размислуваат на таков начин. Не се стреми кон таква независност и првата посолидна прилика не ја испушта. Џабе е се ако самите не сме си свесни за некои работи. Не факултети, не образование, џабе е се ако мене од дома ми зборат да си најдам добра прилика и да си го фатам патот. Барем според мене е вака, се е до начинот на размислување кај секоја индивидуа. Штознам... :?:

    Еве на пример, не сакам никој да се најде навреден. Кај мене во група имав една колешка и сега седиме на кафе и правиме муабет, вели јас не го сакам факултетов, не сакам да го учам, тој ми е само отскочна даска за да си најдам соодветна прилика и да не се враќам назад. Еве баш со овие зборови. И еве не го ни продолжи факултетот, најверојатно си нашла соодветна прилика. Незнам.. :lol:
     
    На WarriorAngel и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Јас лично не би можела да се помирам со тоа, не сакам да ме издржува па да ми плесне во фаца јас те хранам, јас ова, јас она..Ама нормално, има жени кои само тоа и го чекаат - некој кој ќе ги издржува т.е спонзоруши. Веднаш би се фрлила на барање работа.
    За секое излегување до продавница би ми било многу тешко да барам пари од маж ми. Ако се случи веќе да сме во брак, па да едниот остане без работа нормално дека нема да бидам себична, би го поднела товарот врз мене и го очекувам истото и од него ако останам јас без работа.

    А ако ете не можат да најдат работа братучетка и на СуперГрл и маж и, нормално дека старите ќе помагаат. Ама, не треба да се чека на нив. Којзнае дали за некој месец уште ќе ги издржуваат. :^)
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас сум инспирирана да ја отворам темата од пример на една моја познаничка , 26 години е, технолог , малку фабрики има во нејзиниот град , па за работа тешко . Не би рекла дека е спонзоруша ама ми рече дека не и се чека дека едвај чек да си почне живот со љубениот . За работа вели -ќе даде Господ . Дај боже да даде . Ама што до тогаш :D
     
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    ^ Добро, си има и такви примери, не е се така црно-бело како што напишав јас на претходниот пост. Ете она можеби чувствува некоја потпора од дечкото, можеби он е со сигурна работа. Тоа е веќе друго, кај сите е различно во врската, ние не знаеме како им е на нив. Ама битно е да си бара работа, тоа е најбитно, да се стреми кон независност. Ете и да влезе во брак невработена можеби ќе си најде работа понатака. Ништо не се знае.
    Ама она, "ќе лежам јас, моите и неговите ќе даваат, не се замарам, ќе најдам нешто колку дома да не седам", мене ми е крајно незрело. Незнам како таквите воопшто се грижат за својата фамилија, утре деца, па се тоа си носи други финансиски побарувања, неможе цел живот постарите да не' издржуваат... Ама што воопшто ја си фантазирам, пак ќе кажам да мислеле на ова немало воопшто ни да влезат во брак.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Во целост се сложувам со болдираното. Се додека некоја личност без разлика дали е девојката или дечкото се стремат кон тоа да бидат независни и за да го заработуваат лепчето,може и да има исклучок од она -Не се мажам додека не се вработам. Во спротивно,лично ми се гади од оние кои чекаат на готово,кои се задоволуваат со тоа идниот сопруг да ги издржува. Ене го и мојот има добро платена работа,ама свесен е дека додека и јас не стигнам на негово ниво не го завршам факултетиштево не најдам некое работиче НЕМА ДА СЕ ЗЕМЕМЕ. Не за друго лично мене глупо ми е да го гледам секое утро рано како станува за на работа,како 8 саати ги седи таму во стрес наместо да ужива дома а јас по цели денови да си лешкарам од време на време да зготвам нешто да запеглам зачистам и на крајот од денот да му кажам Дај пари за цигари или улошки или за било што. За мене тоа е тотално нефер,некој да се мачи да работи а некој на готово преку леб погача да чека.

    Но секој со своите цели и замисли. Некој сака да работи,да биде рамноправен и независен а некој сака да се покака на она што жените се бореле низ вековите и да ти си биде домакинка која единствена цел и амбиција ке и бидат успешно водење на едно домакинство(перење, пеглање...) и нормално рагање потомство.
     
    На WarriorAngel и Daydream им се допаѓа ова.
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Паметна жена НИКОГАШ нема да зависи од мажот. Во никој поглед, ни емотивно, ни финансиски, ни материјално, ама буквално никогаш. Рамноправноста на партнерите во бракот носи многу постабилна среќа (не само финансиската рамноправност, секако). Луѓето се менуваат, доаѓаат најразлични ситуации, ама буквално се во животот се менува и се може да се смени преку ноќ, ама жената мора да биде паметна и да се труди секогаш да биде своја и независна, во секој поглед.
    Јас имам примери на поранешни колешки кои работеа иако не мораа, буквално не мораа. Едната не ја ни вадеше платата од сметка, си ја ставаше на книшка веднаш, викаше ја собира за децата, неа и така не и требале тие пари. Ама сепак секое утро си стануваше и одеше на работа... Затоа што така си беше/е своја. Другата која исто не мораше да се труди да работи воопшто си ја трошеше платата по потреба, и за дома и за себе, а мене, како на помлада, ми велеше дека жена не смее да си дозволи да не може да си купи на пример пар чевли кога смета дека и требаат. Или мажот да ја гледа намрштено ако посака нешто, или не дај Боже, да и пререкува. Да, во бракот се е заедничко и така треба да биде, ама мажите ја имаат таа лоша навика ако жената не заработува, во неа да гледаат (не)платена слугинка. И кога-тогаш тоа ќе излезе на површина.
    И за мене финансиска независност не е мама и тато да ми даваат пари :!: . Независна можам да бидам само кога сама ќе си ги заработам.
    И уште нешто, една постара од мене пријателка и колешка еднаш ме советуваше дека жената треба да го држи мажот секогаш во сознание дека таа во секое време може да го остави. Тогаш се чудев што ми зборува, ама да знаете, од овој аспект сега и од овие години, има и тоа логика. А и неколку пати сум имала прилика да слушнам од мажи од кои никогаш не би помислила дека ќе слушнам тоа, да кажат „Па кај на мајка и ќе оди?„ (нормално, за жената), како да сакаат да покажат дека ете, тие се оние кои ја имаат моќта.
    И ќе завршам со она што почнав, паметна жена НИКОГАШ нема да зависи од мажот.
     
    На angjelina, Ygritte, Camellie и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Не си свесна колку се сложувам со ова. :bow: :up:

    НИКОГАШ не смее да се дозволи мажот да ја сфаќа жената здраво за готово. Колку повеќе е своја и независна толку повеќе ќе го задржи до неа. ;)
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски

    Епа мене ова ме плаши . За мене овој начин на живот е кошмар . Што ако тој период на барање работа се пролонгира со години ? Мене потомство ми е главна цел во животот , за мене семејство и љубов е приоритет . Ама не можам да се замислам да бидам на туѓ грб , не можам и не можам ... А за постот на лајонес :bow:
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    ^ Епа да mimiiiii и за тоа си во право. Ама па ништо не ти е сигурно во денешно време во нашава земја. Ете и да влезеш во брак вработена и со сигурна плата може да се случи не дај боже да ја изгубиш работата веднаш по стапувањето во брак. И пак ќе бидеш на некој начин во лоша ситуација. Никако не си на сигурно. :?:

    Затоа велам, добро е штом се има таков начин на размислување, ако не на едно ќе отидеш на друго работно место. Можеби нема д биде лесно ама пак ќе си бидеш вработена. Ете да се случи да се изгуби работата, не застанува тука борбата, тој што сака, ќе најде нешто колку да не биде без ич, што се вика за едни влошки да се има. Можеби нема да најде работа соодветна за својата професија ама затоа велам колку да не се биде без ич и додека не дојдат подобро времиња.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Потомство може да се створи и на 29 и на 30 години. И тоа не е доцна напротив. Не за џабе викаат од повоздрасни мајки попаметни деца :D

    Нека не ви ствара спреги општеството и власта со овие реклами и пропаганди за деца уште од премлади воздрасти, они ги покажуваат само убавите приказни а што е со неубавите? Има и такви и тоа многу, ама нормално лош маркетинг.

    Подобро ќе знам дека ќе имам едно, ама ќе можам се да му пружам во животот, него 3 ама одвај крај со крај да крпиме. Или па и за деца ќе зависиме од родителите?

    Се во свое време не се секирајте што е ваше ќе си дојде, или сами ќе си го земете :)
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    И јас се удирав во гради дека нема шанси да се омажам додека не бидам финансиски независна. Сонував дека ќе бидам жена со кариера (и семејство откако го запознав мм), ама реалноста ме спушти на земја. Имав работа, каква таква, ама си заминав од мојот град. Се омажив невработена. И после три години во брак се уште сум невработена. Ама јас немам дваесетина години, веќе сум во четврта деценија. Пред четири години бев на крстопат, морав да донесам значајна одлука. А тоа што тогаш го избрав, ме донесе тука. Се почесто се затекнувам себеси како се прашувам дали ја донесов вистинската одлука.

    Не сакате да сте ми во кожа. Станувам она што не сакам да бидам. Без разлика што имам целосна поддршка од сопругот, мене не ми е сеедно што не работам. Ако не дај Боже утре дојде до развод, не му се плашам, имам каде да одам, не сум до толку финансиски зависна од мм. Ама тоа не значи дека би одела кај моите, напротив. Мене ми е проблем што немам постојани приходи. И да, активно барам работа, се јавувам и на огласи кои врска немаат со мојата струка... или немам доволно искуство, или сум преквалификувана, или не ја знам работата за која аплицирам... заедничко на сето тоа е што се потребни јаки врски. За жал, ги немам. Дали ќе останам очајна домаќинка или ќе успеам да станам финансиски независна, времето ќе покаже. Јас се надевам на ова второво.

    Lioness, да можев 10 лајкови да стиснам на постот, ќе стиснев. Точно е се што кажа, од збор до збор. Освен можеби (во мојот случај) дека мажот на мене гледа како на (не)платена слугинка поради тоа што не заработувам. Мојов тврди дека парите кои тој ги заработил се заеднички, што мене не ми држи вода, не се чувствувам така. Ако бидеме искрени, нема потреба да работам. Навистина. Ама сакам! Само заради себеси.
     
    На eli25, imelda, WarriorAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  20. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Мислам дека не е во ред да се биде во брак а да не си финансиски независен.
    Ама во оваа наша држава кој е пак финансиски независен?
    Само оние кои имаат партиска книшка и државна работа.
    Другите сите имаме неизвесна иднина.Верувам знаете каква е состојбата во приватниот сектор.
    Во секој момент може да ти заsвони телефонот,никој не те прашува дали е празник што ако си испланирал со семејството да го поминеш и она најболното ,во секој момент може да те шутнат од работа.
    А пак за личните доходи не смее да стане збор.

    Не се ценат семејните вредности, приватноста,едноставно човечноста ја снема кај работодавците.
    Ако успеете ете да станете финансиски независни од родителите,сепак пак сте зависени од некого.
    Со мали исклучоци на оние кои имаат мали дуќаничиња и се сами свои газди.
    Би рекла државата не и е наклонета на младите , за да успеат да бидат финансиски независни.
    Затоа и се намалија браковите,новороденчињата...
    На ова треба да се посвети посебно внимание, од страна на државата.
    Што се однесува до независноста на жената од мажот LIOnes kажа се. :clap:
     
    На WarriorAngel и Annath им се допаѓа ова.