Стариот Холивудски Гламур [The old Hollywood Glamour]

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Trendafilka, 18 март 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Дали и колку сте љубители и обожаватели на стариот Холивудски гламур?

    Грета Гарбо, Џин Харлоу, Мерилин Монро, Елизабет Тејлор, Марлен Дитрих, Бет Дејвис, Ингрид Берман, Софија Лорен, Грејс Кели, Ава Гарднер, Вивиен Ли... листата е бесконечна.
    Сметате ли дека глумата била поквалитетна, самите актерки - вистински диви, како на сцената, така и во обичните денови од животот, со оглед на фактот дека поголем дел од нив имаат култен статус на икони.

    Уживате ли во старите холивудски класици и кои ви се омилени филмови?
    Чија изведба ви оставила посебен впечаток?


    Меѓу моите омилени е секако неизбежната Одри Хепберн, која ја вбројувам во најквалитетните глумици на сите времиња.
    Плени во сите филмови, Појадок кај Тифани, Празник во Рим, Како да украдеш милион долари, Шарада, Почекај додека падне мрак... сите се прекрасни.
    Одри глуми со очите, вистинска филмска и модна икона на стариот Холивуд.
    [​IMG]

    Ја сакам и Ширли МекЛејн, се' уште добро се држи, глуми фантастично, ме обзема целосно со појавата додека ја гледам.
    [​IMG]

    За глумата и изгледот на young Елизабет Тејлор се излишни сите зборови.
    За Брижит Бардо - исто. Барем за изгледот. ;)

    Сметате ли дека денешните актерки на Холивуд можат барем малку да се мерат со стариот гламур?
     
    На 1209, Angelche, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.683
    Пол:
    Женски
    Тhe old Hollywood Glamour [Стариот Холивудски Гламур]

    Ах Трендафилке в срце ме погоди со темава.
    Не, сегашните актерки не можат да се стават рамо до рамо со ѕвездите на стариот Холивуд.

    Одри Хепберн и мене ми е прва на листата. Едноставно совршена жена, плени на големото платно. Со прекрасните очи, што изгледаат уште побаво во црно-бела техника.

    Vivien Leigh - Здивоодземачка е. Мојата омилена женска актерска изведба дефинитивно - во улогата на Скарлет О’Хара.
    [​IMG]

    Фред Астер и Џинџер Роџерс - заедно ги ставам зашто се најдобрата филмска двојка
    [​IMG]
    Не не, денешните филмови не се ни блиску до гламурот на оваа ера.



    Грета Гарбо - совршено несовршена. Прекрасна актерка
    [​IMG]

    Брижит Бардо, само името кажува доволно.
    [​IMG]


    Глумата во овие филмови е поквалитетна затоа што токму на тоа се сконцентрирани - на глума, а не на ефекти, бомбастичен надворешен изглед, шминка и слично. Ова биле вистински актери, а не вештачки силиконски производи на индустријата.
    Омилени филмови имам премногу, еве ќе спомнам само неколку:
    Апсолутно сите со Фред Астер (тука веќе не можам да издвојам еден).
    Roman Holiday, Breakfast at Tiffany's, Charade...
    Недостижниот Casablanca :bow:

    Ех немам време, а ќе се запишував до вечер. Ќе се вратам пак овде :)


    Едитирам
    набрзина јадев за да не ми помине времето за едит :D :tmi:

    Кој не го гледал филмов, под итно на даунлоуд:
    [​IMG]

    Овој исто така:
    [​IMG]
    Колку и да напредне технологијата, какви сакаат ефекти нека користат, Граѓанинот Кејн секогаш ќе остане меѓу најдобрите филмови некогаш снимени.

    И за крај да ве почестам со една брилијантна изведба:
    http://www.youtube.com/watch?v=IFabjc6mFk4

    Може некој да го гледа без да се насмевне?
    Беспрекорен.
     
    На 1209, Phyramide, Sparks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Тhe old Hollywood Glamour [Стариот Холивудски Гламур]

    :bow: :bow: :bow: Алал да ти е!

    Него мене една работа ме загрижува... Ако порано Холивудскиве актери биле вакви прекрасни, на денешницава не можат ни за малото прсте да му се фатат, а најновиов бран на актери е загрижувачки, што не чека во иднина?!

    Па кога ќе видам некоја што г нема од глумење, станала пејачка на некои дискутабилни гласовни способности ќе рече: Па еве сакам да се обидам во актерските води. Кој црни актерски води, глумењето не е играње на куцкамен па да се пробаш или не, глумењето е дар, или го имаш или го немаш... Како сега јас да нацртам куќа како што цртавме во забавиште со оџак и сонце со краци и да речам сакам да се обидам во сликарството... |(

    Да не ве повторувам, горенаведените ми спаѓаат меѓу омилените (Сите омилени филмови на Блер Валдорф бај д веј :lol: ), да не го заборавиме и

    [​IMG]

    Во "Last tango in Paris" е...немам зборови навистина.

    [​IMG]
    Лепота од жена. To Catch a Thief едно 10 пати ми е гледан.

    И да не го заборавиме Џејмс Дин во
    [​IMG]

    Инаку и мене како и на вас двете Одри ми е омилена. Дефинитивно. Онаква жена не се раѓа уште еднаш, имам пишано еве да се повторам пак.
     
    На Phyramide, lolyta777 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.683
    Пол:
    Женски
    Тhe old Hollywood Glamour [Стариот Холивудски Гламур]

    Ахх Џејмс Дин... Имал се’ што му треба на еден актер, дури и со вишок харизма. Штета што не успеал да даде уште повеќе.

    Значи ништо не може да разнежни како еден добар стар (по можност црно-бел) филм.
    Јас нови филмови ретко и гледам. Се решавам да ги изгледам единствено со добра препорака од некој кому му верувам :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Тhe old Hollywood Glamour [Стариот Холивудски Гламур]



    Прекрасна тема,прекрасно време на квалитетни актери и филмови.
    Јас на листата од Златното време на Холивуд би ги додала и филмовите на Хичкок, како посебни во оваа категорија и зачеток на нов вид филмови т.е. тие се лулка на современиот психолошки трилер.
    Романтичните филмови од овој период се незаменливи, мене лично ми оставиле најголем впечаток овие актери/ки Одри Хепберн, Вивиен Ли, Кетрин Хепберн, Грета Гарбо, Елизабет Тејлор, Софија Лорен, Ингрид Бергман, Хемфри Богарт, Марлон Брандо, Кларк Гебл, Грегори Пек и многу др.
    Мерилин Монро, Бризит Бардо и Ава Гарднер ми беа повеќе пример за совршена убавина, а пак Грејс Кели за тоа како треба да изгледа вистинска дама-затоа и стана принцеза :lol: .
    Филмови кои ми оставиле најголем впечаток „Појадок кај Тифани„ „Казабланка„ „Однесено со виорот„ „Оркански висови„ „Сабрина„ „Ребека„ и многу други на кои моментално не се сеќавам.
    Колку и да не ми се во најомилените морам да ги споменам и вестерн филмовите како доста значајна категорија филмови од тоа време и да им оддадам почит на Џон Вејн, Хенри Фонда и Кирк Даглас.
     

    Прикачени фајлови:

    На lolyta777 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    56.683
    Пол:
    Женски
    Тhe old Hollywood Glamour [Стариот Холивудски Гламур]

    :clap:
    И Клинт Иствуд :!:
    И Чарлс Бронсон.
     
    На Theodora и lolyta777 им се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.901
    Пол:
    Женски
    Тhe old Hollywood Glamour [Стариот Холивудски Гламур]

    Морам да го додадам мојот најомилен филм...секоја чест на глумата, го гледав по препорака на мајка ми и се воодушевив...оттогаш ги засакав класиците...повеќето што се претходно спомнати ги имам гледано..истиот впечаток го имам да не се повторуваме :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Phyramide, Theodora и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Прво - се зачудив од не посетеноста на темава :o
    Само 6 - 7 мислења, а Трендафилка ја направила уште на 18 март :|

    Толку убава, вредна тема на која треба да се дискутира - да се потсетуваме (те) на некои стари времиња - стари глумци - кои нема да останат заборавени :)

    Друго - не сакам да замре темава :shake:

    Кога ќе најдам време ќе пишувам по нешто за сите што сте ги набројале :)
    Секако да не се лажеме - не знам јас толку многу за сите,
    но боже мој - постои интернет, википедија, мама, тато .. сите по нешто ќе кажат :)

    Еве гледам Грета Гарбо е прва :sun:

    Изузетна жена со светска кариера. Како што пишува во мојот учебник по македонски јазик - ''.. останаа да се паметат веѓите на Грета Гарбо ..''

    [​IMG]

    Таа била шведска актерка, која (морам да го спомнам ова) Според Гинисовата Книга на Рекорди пак, Гарбо е прогласена за "најубавата жена што некогаш живеела на земјата ".
    Глумела и во неми филмови. Има добиено Почесен оскар во 1955 "за нејзините незаборавни изведби" :)

    Номинирана за најдобра актерка во филмовите:
    Anna Christie - Anna Christie
    [​IMG]
    Romance - Madame Rita Cavallini
    [​IMG]
    Anna Karenina - Anna Karenina
    [​IMG]
    Camille - Marguerite Gautier
    [​IMG]
    Ninotchka - Nina Ivanovna 'Ninotchka' Yakushova
    [​IMG]
    Two-Faced Woman - Karin Borg Blake
    [​IMG]

    Со еден збор - дива :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Продолжуваме понатаму ...

    Џин Харлоу :sun:

    Џин Харлоу била американска актерка и секс - симбол на триесетите,
    попозната како ''Platinum Blonde'' & ''Blonde Bombshell'' заради нејзината руса коса.

    [​IMG]

    Филмови со кои се прославила:

    Hell's Angels
    [​IMG]
    The Secret Six
    [​IMG]
    The Public Enemy
    [​IMG]
    Iron Man
    [​IMG]
    Goldie
    [​IMG]
    Platinum Blonde
    [​IMG]
    Bombshell
    [​IMG]

    Хух, и уште многу други .. :)

    На Интернет пронајдов и:
    http://www.facebook.com/group.php?gid=21324655442
    http://www.jeanharlow.com/about/films.html

    Ако има тука негде нејзин фан .. ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Секоја чест за темава, да им оддадеме малку повеќе почит на филмските великани (ова звучеше како шпица на вести)

    Очигледно дека Одри Хепберн ми е некој вид на идол на сите а има и зашто (пс кој го нема нека го гледа филомт за животот на одри, неа ја глуми џенифер лав хјуит, многу добро е направен)
    Сите филмови што ги спомнавте се класика а јас само ќе ги додадам легендарните Џери Луис и Дин Мартин
    [​IMG]
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Jayne Mansfield :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]


    Jane Russell
    [​IMG]


    Yvonne De Carlo
    [​IMG]


    Ava Gardner
    [​IMG]


    Marlon Brando
    [​IMG]


    Grace Kelly
    [​IMG]


    Grace Kelly & Jimmy Stewart
    [​IMG]


    Gene Kelly
    [​IMG]

    Останатите кои сметам припаѓаат да бидат кажани веќе се споменати во погорните постови, да не должам многу јас...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Браво за темава.
    ОГРОМЕН обожавател сум на стариот Холивуд. :D

    Прекрасни филмови, кој од кој подобар.
    Никој не може да ја замени Audrey Hepburn, a омилени од неа Roman Holiday, Charade и секако неповториливиот Breakfast at Tiffany's.

    Гламурот е најубавото нешто во овие филмови. Не е вештачки, се си е на место, глумците, глумата, стилот.
    Исто така од старите филмови: "Casablanca", "Gentlemen Prefer Blondes", "How to marry a millionaire" и многу други. :)
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.283
    Допаѓања:
    41.260
    Пол:
    Женски
    Сакам филмови, ја обожавам филмската уметност без разлика дали се стари или нови филмови, но филмовите со актерите и актерките од стариот Холивуд не се споредливи со денешните филмови без разлика колку и некој нов филм да е добар.Актери и актерки имаме колку сакаш и какви сакаш.Одлични, добри, просечни, лоши и такви што е срамно да го носат звањето актер.Но ниедни од овие не се мерат со филмските диви од тоа време.
    Мене многу од друграките или личности што ги знам ми велат како може да го гледаш тоа и жал ми е што ретко со кој може да поделам импресии за некој ваков филм.Најчесто си ги гледам сама и уживам во нив, и не ми е јасно како некој може да каже дека не се добри кога тоа е уметност,вистинска класика.Радо цел ден ќе гледам филм со некој како Одри отколку да пуштам и да гледам како американските студенти го живеат своето во Американска пита :worried: !

    Ќе почнам со Одри Хепберн.
    Толку прекрасно суштество никогаш веќе нема да се роди.Мене таа ми е симбол за убавина, гламур, сексипил и најдобар претставник на женската нежност и дамско однесување.Како што кажавте погоре таа заведува и глуми со очите, толку нежност, карактер и приказни може да се видат само од нејзините очи.Oмилен филм со неа ми е секако Појадок кај Тифани,никогаш нема да ја заборавам репликата
    -How do I look
    -Very good.I must say, I'm amazed и она нејзино Ooo My dear што секогаш ми измамува насмевка кога гледам филм со неа.Други што сум гледала со неа се Sabrina и War and Peace и се исто толку добри но првиот ми има оставено најголем впечаток.


    Второ место Вивијен Ли
    Mислам дека нема личност што не чула за Gone with the wind, и книгата и филмот се едноставно прекрасни.Филмот те држи 4 часа еднакво заинтересиран, а книгата :x Ова мене ми е единствен филм што го имам гледано со неа, за жал, но потполно ме освои во улогата на Скарлет О`Хара.Во улогата на Скарлет ја видовме во четри различни светла.Прво беше разгалена татина цура, потоа стана силна жена која се бори за да преживее за време на војната, потоа беше недостижна, вдовица, љубовница, жена, мајка за на крај да остане сама, но со сила да продолжи да го живее она што и прпаѓа.Мислам дека ниедна денешна актерка неможе да одглуми толку добро различни карактери во еден филм.


    Останатите актерки како Софија Лорен, Грејс Кели, Грета Гарб, Елизабет Тејлор, Бриџит Бардо, Мерлин Монро...има филмови кои ги имам гледано со нив но сега неможам да се сетам на имињата и на улогите кои ги имале за да коментирам, но можам да кажам дека сите до една имаат посебна убавина и шарм, женственост што веќе нема да се повтори на филмското платно.Тие се актерки, а не филмски ѕвезди, бидејки филмскте ѕвезди умираат, а актерите остануваат запаметени.Ова не е мое го прочитав некаде од Вивиен Ли цитат, но мислам дека е целосно вистинит.
     

    Прикачени фајлови:

    • Audrey_Hepburn.jpg
      Audrey_Hepburn.jpg
      Големина на фајлот:
      20,3 KB
      Прегледи:
      324
    • vivien.jpg
      vivien.jpg
      Големина на фајлот:
      118,8 KB
      Прегледи:
      324
    На Domino и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    ееееееее стариот холувуд имам 18 год. можеби не знам многу ама знам дека го сакам повеќе од овој новиов каде што секој има една главна улога поради силиконот во усните и градите и одма е ѕвезда и се појавува на оскарите и се чини кој знае кој ,многу се разочарувам кога во добар филм со добра екипа и буџет се појавува некоја напумпана во усните се се базира на нивниот надворешен изглед а врска нема од глумење.
    Мојот заклучок е дека сега нема ни трошка гламур од поранешниот холивуд со денешниов и искрено многу ми е жал за тоа од мене толку.
     
  15. monika1997

    monika1997 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Иако не сум живеела во тоа време, некако многу ми е убаво да гледам стари филмови од Холивуд. Колку само биле природни и убави глумиците, а глумците елегантни...
     
  16. Akapulka

    Akapulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2022
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.352
    Сум љубителка, поавтентични ми се и ликовите и филмовите од тоа време.

    Некои ретки исклучоци да, а повеќето не.
     
  17. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    2.469
    Пол:
    Женски
    Заљубена сум во стариот Холивуд. :inlove:
    Каква само била модата тогаш. Прекрасни филмови има од тоа време.