Дали некогаш се навраќате на некои стари постови и се прашувате која е личноста што тоа го напишала? Да? И јас исто. Еве тука може да си цитираме стари постови и да си образложиме како ни се променило мислењето. Постов од 2012. Што сум си мислела дека било смешно. Мило ми е што мојот брак тера во поинаква насока. Имам уште многу за цитирање, речиси секој стар пост што ќе го прочитам кринџ ми е.
Јас не сум многу тука за да имам некои мислења што сум ги променила. Ама затоа кога отварам некои теми,и ти си коментирала на нив на првата страна,се запрашувам дали е истата онаа Реин,како и сега.Не,не е. Тогаш си имала поопуштени мислења,сега сите мислења ти се професионално и добро напишани.
Да. Не си ги читам старите мислења никогаш оти срам ме јади, но ова случајно го забележав пред некој ден: Не дека мислењето ми е многу поинакво туку начинот на кој е напишано. Изгледа мислев дека сè шо лета се јади, скоро дипломирана. Парите се важни, но не се на прво место, неправдата е.
За ништо во животот не се каам, така не би се каела ни за некое мислење напишано на форум некогаш. Сум го мислела тоа во моментот, сум го кажала и напишала, тоа е, стојам зад своите ставови секогаш.
Си ја утнала малку поентата на темава. Како луѓе растеме и се менуваме, созреваме, размислуваме поинаку. Јас сум на форумов од 2009, нормално дека многу мислења ми се променети, а токму за тоа е и темава, не дали се каеме или не.
Ја сфатив поентата, само кажувам дека ми е сеедно што ќе напишам и кажам некогаш на форум. Во моментот така сум мислела дека треба, по 10 години би си стоела на истото кажано во тој момент, така требало. Си искажав дека немам такво мислење за кое сум сменила став изминативе месеци, ни ми е криво за нешто кажано и напишано. Во ред е да има и поинакво мислење мислам.
Сум пишувал по Покемон форуми кога бев помал уште во 2002ра, оттогаш неколку други кроз годините, лично интересно ми е да видам што сум напишал пошто ми дава перспектива каков outlook сум имал на животот и кој ми бил процесот на мислите. Секако некои работи не дека сакам да ги избришам, би го запалил интернетот колку се идиотски
Леле најголем кринџ ми е ова . Што сум мислела со мислењата во почетокот незнам, детиште се зачленило по форуми и мисли дека што и да пиши е во право Поарно да не издвојам некое мислење оти нема да можам да спијам вечер Не дека се каам за некое мислење, сега само ми се смешни, но и да не било во ред, сѐ е лекција во животов
јас сум од оние што не повлекуваат што рекле вчера ја прочитав темава, пробав да се сетам за некое мислење вака флеш да ме удри, ама не ме удри. Ако фатам да тарашкам по мислења од 2014, 2015, кога бев саде кепец, можно е да најдам некои неусогласици, чисто пошо денес сум повозрасна, имам друг POV, ама отсекогаш бев паметна и бистра. за некои банални работи, можеби имам друго мислење денес, ама за нешо посериозно и поконкретно, не. Не сум од оние еби ветровите, што менуваат став и мислење ко временска прогноза
За да биде успешна темава, треба да има опција лесно да си најдеш мислење од пред 10 години. Сега треба да кликам саат време да дојдам до 2012та, па уште да си најдам мислење. А сум сменила став, животот толку работи ме научи, што научив да се менувам и јас и да растам со животот. Лѓе кои ништо не смениле 10 години, ништо не научиле ниту изживеале.
Нема поента темава кога никој не цитира мислења од порано. Само онака си кажуваат аха да се каам и толку. Се согласувам со @Cka . Никој нема живци и време да бара цел саат стари мислења.
Имав еден профил од 2015 на кој што го имам заборавено пасвордот и баш разгледував пред некој ден што имам пишувано и најискрено многу пријатно се изненадив колку речито и елоквентно сум се изразувал дури и позрело сум размислувал.
Можете во било која тема на пребарувачот да си го напишете никот и ќе ви излезат вашите мислења од таа тема.
Да де, да одиш категорија по категорија, да пребаруваш... А за да одиш до мислење само од 2012 треба да кликаш наназад со саати. Некој може има време за тоа...
Имајќи предвид дека пола и повеќе од мислењата ми се напишани пред да имам каков било карактер, имам прилично голем материјал за оваа тема. Прво на ова ми текна: Сè ова што е напишано е парафразирано од тоа што сум го слушала дома за време на вести. Памтам дури дека и откако станав комплетно атеист пак имав некое мислење дека не требало цел свет да ги брани карикатуристите. Еден голем дел од ставовите што ги имаме ни се всадени од мали и затоа не ни доаѓаат на ред да се преиспитаат. За ова конкретно ми требаа години за да направам 180 промена и покрај тоа што во меѓувреме дознав што значи слобода на говор и сето тоа. Иста песна е и ова мислење за стапнувањето на месечината: Имав некои русофилски моменти кои се богато документирани на форумов, regrettably. Незрелост и неинформираност едноставно. Инаку ова не е ништо во споредба со коментарите во хороскопските теми што ги имав, ама не би да се бламирам пак со нив, нека останат длабоко закопани.
Не ми се губи време да ги барам. Како сум мислела, така сум пишала. Според мене, тоа било правилно тогаш.