1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Старомодниот водич за љубов и романса (Кирсти Гринвуд)

Дискусија во 'Книги' започната од I <3 Books, 17 октомври 2015.

  1. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Џесика Бим е девојка која знае да се забавува. Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта. Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено.

    Но ни на Матилда Бим не ѝ оди којзнае колку добро. Нејзините бестселери од времето кои ги учеле жените како да освојат маж на старомоден начин се потполно непрактични во ова модерно време и никој не сака да ги издаде за да ја извлече од тешките финансиски проблеми.

    Кога една издавачка куќа од Лондон им дава идеја, внуката и бабата добиваа шанса да си обезбедат покрив над главите со тоа што ќе ја трансформираат модерната и бунтовна Џес во вистинска старомодна дама со помош на првокласните совети и искуство на Матилда.

    Вистинскиот тест на оваа трансформација е освојувањето на срцето на озлогласениот женкар Лео Фрост, со што Џес би докажала дека книгите водичи на Матилда сè уште вредат и дека со нивна помош, секоја жена може да пронајде совршен маж. Проектот ќе бара голема посветеност, челични нерви и еден страшно шпицест старовремски градник...

    Преземено од sakamknigi.mk
     
    На Butterfly06, Avery и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Сакам да ја прочитам книгата, вака ми изгледа интересна. Ако на некој му е прочитана нека ми каже да ја зимам да ја читам или не. Некаде прочитав дека е како оние на Линдзи Келк од кои ја имам прочитано „Го сакам Њујорк“ и не ми се допадна баш, а другите ги немам прочитано.
     
  3. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми е мнооогу поубава од сите книги на Л.Келк :)
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав на англиски,навистина е забавна,и се согласувам,далеку поинтересна од оние на Линдзи.
    Совршена за релаксација во дождливо попладне или пред спиење,иако јас ја завршив за неколку часа :D
    Имаше некои интересни фрази и иако старомодни,многу корисни.
    Вакво нешто треба да се реализира во филм,многу би сакала да ја видам трансформацијата на Џес.

    А јако ми беше спомнувањето на Бенедикт Камбербач,дали авторката не го обожава,бидејќи стално беше во негативен контекст :D
     
    На jelena.rozga му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.395
    Каде би можел да ја најдам книгава?
     
  6. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Три, Топер, Матица, Култура, kupikniga.mk....
     
    На Kerim и Ketchup им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    101.499
    Пол:
    Женски
    Јас сега ја читам книгава. И мислам дека Самер намерно и го направи тоа со фустанот пред забавата, и намерно сакаше да ја тргне од нејзиниот живот.
     
    На Kerim и jelena.rozga им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав и јас книгава, нешто забавно ми се читаше.
    Морам да кажам дека не можев да ја сварам Џес во поголемиот дел од книгата, не би сакала да познавам таква личност, а и да познавам не би се дружела со неа. Одвратна ми беше целата, ми делуваше некако вештачки. Романсата со Лео исто не ми беше нешто посебно уверлива. Верувам така старински облечена да ја види некој е само за потсмев, а не за восхит во денешно време. Џејми ми беше апсолутно непотребен како лик, ставен колку да потполни некое местенце. Баба и не знам како мислеше дека ги исправа грешките кога со Џес се обидуваше да го нарави истото што го направила со ќерка и, да ја направи и претвори во нешто што не е.
    Ама онака, имаше забавни ситуации, се насмеав малку и тоа беше тоа, ќе патува книгава во заборавот.
     
  9. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Мене книгава ич не ми се допадна. Вчера ја почнав, стигнав до кај 100 стр. и ја оставив. Знам дека такви и не сакам да читам, книги како оваа и како Го сакам... Сакам книги во кое има некое интересно дејство, мистерии, некое тажно љубовно романче. Овие според мене се само за тепање време. Мое мислење...
     
  10. Kerim

    Kerim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    217
    Кучкааа!!! Многу сум и налутена на Самер. Ја читам сега книгата и баш го поминав тој дел и сето тоа што следуваше и моментот кога и кажа дека го прекинува и пријателството и соработката и разговарала со сите заеднички пријатели и сите потврдиле дека Џес само ја влечела надолу и кон пропаст... и колку глупаво беше кога и кажа НЕМАШ ТИ ТАКВА ПОКАНА ЗА СВАДБА. Не сака да те покани ..........
    Имате ли такво искуство со "другарки" ?