1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Статусот на туристичките аранжмани за време на Корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од *Ива, 21 април 2020.

  1. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Ајде една тема да споделиме искуства доколку имате веќе резервирано патувања и одмори.
    Јас конкретно имам уплатено за почетокот на Јуни за во Турција и не знам што ќе се случи, дали ќе се оди, дали да одиме воопшто и да се одржи турата ( сеуште ќе биде брзо), далу ќе ни вратат капар, дали ќе има ваучер и слично. Многу прашања имам, сепак и не уплативме мала сума на капар, но одговори немам со оглед дека не работат агенциите.
    Имате ли вие некое инфо, има ли некој што исто така има уплатено за Јуни?
     
  2. Бисерка-С

    Бисерка-С Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Јас имам извршено целосна уплата за летување во Грција. Аранжманот е за крајот на Јули. Сакав да го искористам попустот за Black Friday и сега се чудам што ќе се прави. Се уште ги немам исконтактирано во агенцијата, некако одложувам оти знам дека ќе се изнервирам, не верувам дека ќе ни ги вратат парите. Не дека не е мала сума на пари, туку огромна е. Колку што читам на интернет, пари нема да ни вратат и ќе ни дадат ваучери. Мислам дека не е коректно што ги штитат агенциите, а не нас клиентите. Како што се погодени агенциите, така сме погодени и ние. Никој од нас не знае дали ќе си ја задржи работата. Никој од нас не знае дали ќе ни ја намалат платата. Сите ќе бидеме погодени од економската криза. Некои од луѓето што извршија рана уплата се повозрасни луѓе. Не е убаво што ќе речам, ама можеби следната година не ќе бидат здрави и живи, па не ќе можат да го искористат ваучерот. Што во тој случај? И јас имам милион прашања. Штом ќе стапам во контакт со луѓето во агенцијата, ќе пишам овде што ми рекоа.
     
    На kukla21, cresa-jagoda и Regina.Phalange им се допаѓа ова.
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е најдобро да се обратите до Организацијата на потрошувачи на Македонија и можеби тие ќе можат да стапат во контакт со агенциите и да ви дадат одговор на прашањето. Иако гледам дека најголем дел од агенциите даваат ваучери, не ги враќаат парите назад.
    Инаку јас имам купено авионска карта преку Виз Ер за јули (не е за туристичко патување, формално е) ама очекувам да пропадне. Денес баш имаше изјава од Министерството за транспорт дека не треба да уплаќаме аранжмани за одмор се уште, зашто не се знае кога ќе се отворат границите.
     
    На Бисерка-С и Amelia им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Конкретно јас имав резервирано за наши повозрасни роднини (67+ год.) аранжман преку ЈК Травел за во септември. Луѓето сами се откажаа од аранмжанот и ја контактирав ЈК Травел преку мејл, добив одговор многу набрзо и да, нема никаков поврат на средства туку ќе се даваат ваучери со целосната сума која била уплатена за аранжманот и потоа тие средства ќе може да се искористат за аранжман од ист тип.
    Морам да го пофалам односот на агенцијата и можам да потврдам дека без сомнеж ЈК Травел е најдобрата ТА во Македонија.
     
  5. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Сестра ми оваа година после 10год престој во Австралија решија да дојдат со сопругот. Исплатија за карти уште во Јануари месец како и смештај за три месеци јуни јули и август во Охрид, п(среќа платиле само 800 австралиски долари) во Грција исто и каде ли уште не. Ништо не им вратиле од парите. Се на две околу 10 000 австралиски долари. Ми велат баксуз биле невиден, па ке дојдат колку да ги искористат парите, ама не се сигурни, им е страв и тие си се со мали деца...
     
  6. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    и јас имам уплатено преку јк травел. ми кажаа дека ќе издаватт ваучери со рок до 31.12.2021 год., значи може да се искористи и наредно лето. И не е во ред. Јас потпишавц Договор и оопшти услови во јануари и за мене важат тие услови односно ако тие го откажат арнжманот дека треба да ми ја вратат целата сума, а ако јас го откажам арнжманот зависно од датата ќе ми задржат 5,10...%.
    ама за да се докажуваме треба по судски пат,а тој пат е...
    значи ништо од парите, вредносен ваучер па како знаеме и умееме да го користиме.
    не е во ред што ние не сме заштитени никако туку само агенциите.
     
  7. Бисерка-С

    Бисерка-С Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе дека не е во ред тоа што никој нас не не штити. Испаѓа дека договорот е безвредно парче хартија. За кој период имаш уплатено и дали планираш да го прифатиш ваучерот? На фејсбук прочитав коментар дека ЈК Травел не само што објавила дека ќе доделеле ваучери туку и ќе ги обврзува патниците каков аранжман да користат догодина. Веројатно исто ќе постапат и повеќето туристички агенции. Не знам во чија надлежност е, ама сигурно треба некој да интервенира ако некоја од агенциите некоректно постапува. Што се однесува до мене, пред некој ден ме контактираа од агенцијата каде имам направено резервација и ми побараа да им дадам мејл за да ми пратат ваучер. Се работи за битолска агенција. Малку беше нападен вработениот и одбив да прифатам ваучер. Наредниот ден ги контактирав телефонски и зборував со сопственикот на агенцијата. Имав направено рана уплата за да искористам попуст од 40%, па му посочив дека износот не ваучерот и вредноста на аранжманот нема да се совпаѓаат. Беше коректен. Делуваше искрено кога зборуваше за ситуацијата во која се најдоа и штетите коишто ги трпат. Ме убеди дека ќе направат се што е во нивна можност за ваучерот да биде искористен најдобро што може, дека повторно ќе има попусти и дека ќе гледаат колку што можат да ни помогнат. Веројатно и нема што да се направи освен да се прифатат ваучерите.
     
  8. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Јас имам уплатено за од 26 јули и се надевам дека ќе одам. Ме спречува единствено ако треба да се прават тестови за корона нема шанси да правам да давам пари. Јк травел ми кажаа дека ваучерите се автоматски издадени без разлика дали го прифаќаме или не. Може да го користиме кога сакаме за ист тип на аранжман, ако било хотел пак да е хотел... Ако сме сакале да смениме дата на срнжамнот требало во договор со нив да виделе дали ќе има слободно за периодот шо сакам. На еден начин испаднаа фер шо ни даваат шанса да смениме датум.
     
  9. Бисерка-С

    Бисерка-С Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Е па добро ако е така. Инаку, јас не планирам да одам на одмор оваа година. Мислам дека не е време за патување. Премногу е ризично.
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
  11. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоа дека ваучер ќе ни дадат. Малку не е фер затоа што по договор ако сега се откажам треба да ми вратат 95% од сумата, ама ај... оваа година тешко дека ќе искористиме ете ги откажуваат, здравје наредна
     
  12. dade123

    dade123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Јас истото му го кажав во јк травел и одговорот беше декс општите услови не важат во време на вонредна состојба шо правнички ме е во ред, ние потпишавме договор и општи услови во време кога немаше вонредна состојба и за нас треба да важат тие. Ама за да се докажуваме треба со тужби со глупости вака земи ваучер ако не ова лето ќе ги користиме наредно 2021 секако парите нема да пропаднат.
     
  13. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Дали сите аранжмани се откажани до 30 Септември? Ова е од Игуана: 20200509_180907.jpg
    Немам до сега уплатено, ама сакам да одам во хотел во Турција од 20-30 јули, ќе биде ли возможно?
     
  14. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Бидејќи Фубила ги откажале целосно патувањата за Турција и Египет мислам дека секаде ќе бидат откажани. И јас сакав за Турција да одам ама тоа е што е.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Возможно веројатно ќе биде, ама веројатно не преку туристича агенција, како што гледам. Ако почнат летовите колку толку нормално и ако не ви претставува проблем ќе можеш да провериш летови на Pegasus или Turkish Airlines со преседување во Истанбул до Алања или Анталија, потоа хотелот кој ќе го букираш најверојатно ќе нуди и трансфер од/ до аеродром. Е сега, не знам како ќе бидат процедурите ако одите со авион, на пр. Австрија планира да воведе задолжително тестирање при слетување, чинам 130€, или задолжителен карантин. Исто планира и Грција за туристите кои ќе стигаат преку аеродромите, ама мислам со 90€ тест. За Турција уште немам ништо прочитано.
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.975
    Пол:
    Женски
    Ова што се случува е класично крадење од страна на агенциите. Тоа е исто како да одам да купам некој производ и да не го добијам. За возврат да ми дадат нешто друго после 100 години. Така е кога државата не се ангажира за доброто на клиентите. Загрозени биле агенциите, некој не е. Разбирам да не вратат некој процент или капар ама да прават проблем за цели суми тие што платиле?!?
     
    На Бисерка-С му/ѝ се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Па и тие ги уплатиле парите за карти и хотели и на нив не им ги враќаат. Затоа и се ваучерите, за никој на никого да не враќа пари туку услуга.
     
    На JoyJoy, Spidy и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Реално, која услуга ако за цело лето се откажат аранжманите?
     
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Нели ваучерот важи до 2021?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Ваучерите важат до 31.12.2021.