Драги мамички, како идна мама ме интересира како го стерилизирате или стерилизиравте приборот на вашето најмило? Постојано гледам некои реклами и многу видови на стерилизатори, ама сепак се мислам дали и воопшто се исплаќа да се купува кога би можело според советите на некои да се помине тој период од неколку месеци дури да стекне малото имунитет со превривање како начин на стерилизација? Е сега повелете да споделите искуства и на време добро да не потковате со корисни совети.
И мене ме интересира ова, посебно цуцлите лажалки(имаат пластика) и цуцлите за шишиња(силиконските), како да ги стерилизирам. Дали да ги ставам во тенџере и да ги извријам??? Да не ги оштетам?? За шишињата мислам дека нема да биде проблем, засега имаме пластично и стаклено , па мислам дека само со топла вода , сјај ќе ги поминам.
Меу и јас за тоа се мислев, оти за шишињата (ако има потреба) по 10 мин да вријат, а за цуцлите лажалки како и цуцлите од шишињата и лажичките за капки на пр по 5 мин. Ама не знам колку е веродостојна информацијава.Баш еве ми седат цуцли-лажалки и 1 шишенце како за почеток земав, и пластични лажички на Хипп и се мислам што да им правам пред првата употреба?
Јас шишињата за млеко и сок прво ги мијам убаво и после ги ставам во тенџере и со вода ги превривам ... деновиве ке си купам и стерилизатор за шишиња да си ја скратам работата Цуцлите лажалки порано ги миев секој ден и ги превривав и нив , денес ги мијам на 2 до 3 дена Иначе нема врска за пласитката на цуцлите , ништо не се оштетува
ние од почеток сме со адаптирано млеко на почеток ги вриев ама се откажав и купив стерилизатор од чико за во микробранова.ефтин е 1000 денари ама ми се најде многу, се стерилизирам од шишиња цуцли чинии лажички.. се што можи да се стерилизира.
Јас моите деца ги доев и затоа во првите 4 месеци шише користев единствено за чајче.Подоцна кога почнав да давам сокови,јогурт ,млеко почнав да ги користам повеќе односно секојдневно по неколку пати. За син ми еднаш пробав да извријам шише и кога го извадив беше целото бело од бигор од Скопскава вода и од тогаш не сум вриела .Потоа купив некои таблети за стерилизација од Зегин и тие се раствараа во вода во која се потопуваа шишињата и се оставаа да стојат половина час.Тоа ми беше многу згодна работа ,но по месец-два ги снема . Потоа продолжив неговиот прибор да го мијам така што најпрво го попарував со врела вода (од бокал) ,оставав да отстои половина час и потоа со четка за шишиња и слична таква четка со пластични влакна и сјај да ги мијам/тријам. Јас сум против употреба на сунѓер за миење на детски прибор ,затоа што сметам дека на нив се размножуваат многу бактерии,а за секое миење на приборот не можам да купувам ново сунѓерче.Сега за второво дете го практикувам истиот начин на миење,со тоа што еднаш неделно приборот и го мијам и во машина за садови за која мислам дека на некој начин заменува стерилизатор.
јас не мислам дека машината за садови даменува стерилизатор затоа што и кога се стерилизира нешто и кога го вриеш водата постигува и до 110 степени а машината за садови незнам дали толку постигнува. мојата машина за садови ина најмногу до 70 степени и то не е стерилно. јас така мислам мози не сум во право
Јас користам шишиња што сами се стерилизираат, се превртуваат цуцлите се става малку вода и се става на 2 минути во микро. Цуцлите ги замивам само со топла вода, додуша не ги сака многу, а лажички, тањирите, столчето за храненње ги мијам со еколошки/органски средства.
а од кај ги имаш купено шишињата?јас немам такви видено незнаев ни дека постојат.. а стаклени се така????
ние имаме баш ваков стерилизатор од Чико , но џабе го земавме. Прво не излажаа во болницата кај што се породив дека мора да го имам и таму , но потоа воопшто не ми затреба бидејки ќерка ми ја доев до 1 година а од 6 месец и давав вода од чаша со клунче... Инаку за вриењето на цуцли , шишиња , поисплатливо е да имаш стерилизатор , со тенџериња треба да чекаш дури се затопли водата , а јас кога пробав како се стерилизираат шишињата многу е лесно се става се внатре и цуцли и стаклени шишиња и за 15 минути се е готово.
Јас видов на Мам шишенца што им се одвртува дното и тука се става цуцлата,20мл вода, а одозгора се пректива со дозер што има улога и на дозер и на капаче за цуцлата и 3 мин во микро. Еве овие конкретно Спојлер http://bebesupermarket.mk/?p=1972 А за тоа како ќе се покажат допрва ќе коментирам
Лажалката нема проблем за вриење и покрај тоа што има пластика на неа??? Мене ми е страв да не испушта нешто штетно , зошто познато е дека пластика на повисока температура не чини а исто имаме и едно пластично шише засега, и едно стаклено, но ова пластичното немам идеа како да го измијам???
јас по секоја употреба убаво го миев приборот со посебна четка за приборот и шишињата на детето, а потоа ги попарував со врела, зовриена вода и ги оставав да отстојат....а од почетокот ги вриев шишињата ама од тврдата вода побелуваат-колку шишиња само уништив а кога потпорасна шишињата за сок ги вриев во тенџере со сјај и вода, ги оставав малку и потоа убаво ги плавев за да се измие сјајот- така не се обојуваат толку шишињата од соковите
Јас еден период ги вриев и лажалките, и цуцлите и пластичните шишиња барем еднаш дневно, всушност цуцлите секогаш кога ќе паднеа. Ова беше кога ќерка ми беше бебе. Пластичните играчки и ги стерилизирав со таблети за ладна стерилизација, а платнените ги перев на 60 степени, некои и на 90. Син ми главно користеше стаклени шишиња, кои само ги миев, не ги стерилизирав. Лажалките и цуцлите му ги стерилизирав, ама не толку често како на ќерка ми, туку два пати неделно, и тоа траеше од 4 до 6 месеци, а после тоа веќе престанав да му ги стерилизирам. Играчките воопшто не му ги стерилизирав. Второ дете, тоа е
Само еден совет: не се притресувајте многу околу стерилизацијата. Ако користите шишенца, подобро е да бидат стаклени, отколку пластични, или, ако веќе сакате пластични, барајте со ознаката BPA free. Оваа ознака значи дека пластиката не ослободува бисфенол А на високи температури (а бисфенолот е штетна супстанца) и слободно може шишињата да се попаруваат со врела вода, или да се мијат во машина за садови. Јас имав стерилизатор на Чико, од золва ми, инаку немаше да купувам, доволно е 5 минутно вриење на шишето и цуцлите во вода со малку сок од лимон и сода бикарбона (да не се нафаќа бигор). Стерилизирав некаде до 4 полни месеци, после само ги миев шишенцата со врела вода, четка за шишенца и ептен ако морав детергент, инаку со сок од лимон и сода бикарбона. Така до 6 месеци, а после тоа па еве досега, и понатаму, сите садови, чашки и прибор од малиот ги мијам во машина за садови, понекогаш и рачно. И за мало бебе е доволна стерилизацијата од машината за садови, дали навистина мислите дека 100% остануваат стерилни ако користите стерилизатор? А рацете со кои што фаќа сè што може да дофати и после што ги става во уста се 100% стерилни - ахам, да. А да не зборувам за околината. Цуцлите лажалки и обичните каучукови и силиконски цуцли е доволно пет минути да стојат во вода што вриела. Мојов не фати лажалка, па не се замарав со тоа. Скопскава вода е многу тврда, па кога вриев на почетокот ми оставаше бело на шишињата, па ме посоветуваа за сокот од лимон и сода бикарбона. Само ќе речам не претерувајте со стерилизацијата, не ги чувајте децата во стаклено ѕвоно. Јас сум за чисто, не за 100% стерилно, бидејќи такво нешто не постои.
можеби ќе ме осудите ама морам да кажам дека стерилизација на шишињата (цуцла не ми фаќаше) правев еднаш месечно. Си ги мијам најобично со ладна вода , сјај и со четка за шишиња. Син ми е темпераментно дете додека се свртам тој клекнал лижи дали лижи од земјата , без камен во рака не одиме никаде. Се лепи до Ѕидот и само ренда со забите. Па јас ќе се секирам на шишињата. Фала му на бога здрав како дрен е . Секоја мајка знае што е најдобро за детето нели.
Јас немаше да купам стерилизиратор, си вриев на почетокот. А и на исклучиво доење бевме па ретко користев шише. Кога купив пумпа за измолзување на томи типи си добив во комплетот кутија за стерилизација во микробранова печка. Супер работа, сега си ја користам еднаш во денот, обично навечер. Многу практична работа. Има денови кога го скокнувам стерилизирањето ама ништо страшно. Идеална стерилизација не е можна, а и не сакам детето да ми расте под стаклено звоно па на секое да се разболува.
Мене може и луда ќе ме направите, ама јас никогаш не ги стерилизирав работите на ќерка ми (во смисла на посебен стерилизарот, или вриење во тенџере, или во микробранова), туку само ги миев со потопла вода и сода, а ги измивав со ладна. До 15 месеци не знаевме што е настинка, ако мислите дека тоа е репер за здраво дете. Да напоменам дека на екслузивно доење беше 6 месеци, и после тоа не фати нит цуцла, нит шише со цуцла, па директно од чаша и чашка со клунче се научи да пие, и нив ги миев на истиот начин Не се опседнувајте многу, Анатх е во право - чисто ДА, ама не и претерано стерилизирано.