Здраво на сите. Барав низ темиве но не најдов конкретно за оваа тема. Би сакала да прашам ако има некој стручен да објасни уште подобро- дали постојат шанси за забременување после направена стерилизација, и колкави се шансите за тоа? Познавате ли вие некоја жена на која и се случило ова? До која бременост (со царски рез) се нафаќаат лекарите кај нас да оперираат повторно, или каде според вас е сигурно дека има стручен кадар да изврши рецимо квадри или повеќе царски реза? Благодарам