Знам дека не е дозволено отворање на нова тема за секој изведувач/група, но сметам дека оваа музичка група е многу потценета и сакав да ве запознаам со нивната музика. Затоа што ги следам новите бендови и 95% не прават квалитетна музика (според мене), оваа група ми во тие 5% кои вредат. Првпат ги запознав пред повеќе од една година, во финалето на серијата "The Vampire Diaries". Во одличното финале, одличен удел имаше и песната што прва ја слушнав од нив "Bloodstream". Откако ги преслушав сите нивни песни, веднаш ги ставив во топ 10 бендови. Доаѓаат од Англија, групата е формирана во 2002 година. Тројца од сегашниот 5 член бенд свиреле заедно неколку години, пишувале нивни песни, но за жал не успеале да примамат некое големо име да ги промовира. Подоцна почнуваат да додаваат примеси од електронската и хип хоп музиката. Она што денес го прават критичарите го оцениле како најблизу до Колдплеј (Група која исто така ја обожавам) и Radiohead (Повеќе од одлични). Делуваат смирувачки, имаат одлични текстови, прекрасни мелодии, шират некоја енергија и се одлични за релаксирање и за опуштање. Доколку сте фан на ваков тип на музика, тогаш сигурно ќе ви се допаднеат. Што и да напишам повеќе, нема ни приближно да ги долови нивните дела, треба да се слушнат. Имаат издадено 2 албума, Window 23 (2007) и Matilda (2011). Мои фаворити се дефинитивно: http://www.youtube.com/watch?v=viXt7SDq1O4 И песна што ми е хит деновиве, песна од која што не можам да се одделам http://www.youtube.com/watch?v=d7qt6VZX ... re=related Уживајте.