Стивен Кинг (Stephen King)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Mishela, 6 септември 2021.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.881
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Неодамна излезе најновата книга на Стивен Кинг, па кога почнав да ја читам се запрашав дали имаме тема за него. Се фрапирав кога сфатив дека нема - како може сиве овие години да не ни текнало да отвориме тема за Стивен Кинг, Кралот на хорор жанрот? :o

    Еве, сега ќе имаме тема. :D

    Знам дека многу од вас го читаат, па сакав да имаме едно место кај што ќе збориме за неговите книги, за новитети, препораки, рецензии и сè по ред.

    Биографија мислам дека нема потреба да пишувам. Јас воопшто не обрнувам внимание на вакви биографски работи, ниту пак памтам нешто повеќе од основните податоци.
    Се знае, тој е еден од најпознатите Американски автори на хорор-трилери. И навистина, не познавам некој кој не слушнал за него.

    За најпознатите романи на Стивен Кинг веќе одамна има и филмски адаптации. Најдов една листа на imdb, можеби ќе му се најде на некој што сака прво да ги прочита книгите.


    А еве и листа со сите негови книги издадени досега.


    Ќе си кажам за себе. Порано многу го одбегнував Стивен Кинг затоа што не сакав хорори. Но, се навлеков на филмови, па тоа веројатно си потегна да ми се појави желба и за книга од овој жанр. А со што друго би почнала ако не со него? :D

    Последниве неколку години прочитав дел од неговите книги и би рекла дека е еден од ретките автори кај кој не ми смета доколку книгата е бавна или развлечена. Ме воодушеви леснотијата со која раскажува. Толку умешно и живописно, понекогаш имам чувство дека сум таму и од прва рака набљудувам сè што се случува. Иако темпото на раскажување знае да биде бавно понекогаш, страниците од книгата се вртат дури трепнеш.

    Не сум наишла на досадна книга од него, но не секогаш сум расположена за книга од тој тип на пример. Најчесто го читам периодов кога заладува. Идеален ми е за таму некаде накај октомври-ноември кога станува грч-студено и атмосферата е баш ко од хорор филм. :bandit:


    Па ајде да почнеме со муабетите. Дали го читате авторов, имате ли омилени книги и кои? Пишете сè што ќе ви текне поврзано со него, да ни биде забавно во темава. (highfive)
     
    На sweet-cherry, Lola.Luna, f.girl и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Јас порано гледав хорори и Misery ми беше еден од омилените па ја купив книгата, исто и The Shining стилот на пишување е сликовит и задржува внимание можда и ради филмовите што ги имам изгледано а IT го гледав само како филм уште одамна а знам дека е според негова книга направен.

    Но во секој случај не преферирам такви жанрови, како писател мислам дека премногу е искомерцијализиран и извикан повеќе од заслуженото по мене.
     
  3. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Се' уште не сум прочитала ништо од него а баш сакам. Сакав да го земам комплетот 6 книги што беше на попуст во Кит-Го ама немав прилика.. Сега на саемот ќе земам барем една од него.
     
  4. Traveler91

    Traveler91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    916
    Пол:
    Женски
    The Shining омилена, после Children of the Corn, Misery, 1922, Green Mile, Doctor Sleep.......... и многу многу други, омилен автор :l:
     
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    4.244
    Уште во текот на основно училиште забележав дека ако во најавната шпица се спомнува името на Stephen King дека филмот ќе биде интересен, па макар само за едно гледање. Освен тоа има напишано многу книги кои не се хорор, туку попрво се некаква мистериозна драма или трилер и нивната екранизација исто беше одлична како на пр. Зелената милја; Долорес Клејборн (со истата актерка од „Мизерија„), Искупението во Шошенк,
    Срца во Атлантис...

    Слабо имам читано книги од него, ја земав на англиски Dumma Key за некој сликар мислам дека се работеше, бидејќи беше смешна цената, дали 5 евра а толкава книга со тврд повез но не ја ни прочитав.
    А пред повеќе години во Србија за 1 евро ја земав малечката (70-80стр.) „Циклус вукодлака„ (филмувана како Сребрен Куршум 1985 година) и ме изненади описот на сонот в црква и откритието кој бил врколакот на крај.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Стивен Кинг го сметам за модереден филозоф.
    Не му се книгите хорори, туку психолошки трилери.
    Пишува за внатрешни борби, зависности, ментални болести итн итн...

    Го почитувам многу.
     
    На sweet-cherry, daylight, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    24.293
    Мојот човек. :l:
    Ова е мојата скромна колекција:

    rsz_20210906_152316.jpg

    Се започна со позајмување на "Pet Cemetery". Приказната е доста тинејџерска, а стилот на пишување едноставен, но! Само СК може да ја подеси таа атмосфера, мистична, фантастична, крајно нереалистична, а сепак прекрасна. Како вовлекува значи... не можам да се објаснам како му успева! Сепак мајсторијата на СК за мене е во ликовите. Во некои книги паралелно раскажува за 15/20 ликови. Сите заедно испреплетени, сите со своја улога во приказната. Од тие што ги имам читано, тоа најдобро се гледа во "The Stand", "Salem's Lot" и "Under the Dome".

    Омилена ми е "The Shinning". Филмот врска нема со книгата, книгата е билиони пати подобра, помистична, пострашна, те мава у психа бе! А јас ја читав у период период кога работев у хотел, баш ми беше таман за 3та смена. :lol:

    Да бидам искрена, не ми се допадна "Carrie". Има интересен осврт кон bulling и што тоа може да и направи на една личност, но едноставно не ми фати око. Едвај ја исчитав иако е многу кратка. Ми ја немаше таа типична атмосфера.

    Летово излезе серија за приказната "Lisey's Story", мене ептен ми се допадна, зажалив што прво ја изгледав серијата, наместо да ја прочитам книгата. Истата грешка ја направив и со "The Outsider" минатата година. Ама затоа пак ја исчитав "The Stand" пред да ја изгледам серијата што излезе зимоска. Искрено, серијата врска нема. Не можеш да набуташ 1450 страни во 9 епизоди.

    Од снимени работи, мора да се пофали "The Shawshank Redemption", таа е всушност приказна, дел е од книгата што ја имам "Different Seasons". Филмот е врв, ремек дело.

    Од моиве, ги немам исчитано триологијата "Mr. Mercedes", тие ќе ми бидат главна занимација есенва.
     
    Последна измена: 6 септември 2021
    На Dentina, sweet-cherry, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Немам читано многу од него, Зелената милја ми остави најголем впечаток, The Shining ми е одамна на листа, знам дека е класика по себе, но заради жанрот секогаш нешто друго ми се наоѓа.

    Инаку го пратам Stephen на Twitter, отсекогаш ми бил интересен лик и автор.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lola.Luna

    Lola.Luna Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2021
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно мојот омилен автор на него се навлеков уште кога го изгледав фимот "Misery" одличен филм потоа одчучив да ја купам и книгата која секако е уште подобра од фимот. "The shining" почнав да ја читам но поради обврски некако ја забаталив но темава ме потсети дека треба да ја дочитам :D. Сакав да си ја купам Dolores Claiborne но моментално не сум при пари така да ќе почека тоа малце :). Денес одлучив да го погледнам филмот Dolores Claiborne верувам дека ќе биде одличен како и се останато од Стивен .(y)
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.881
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    @MissChievous очекував дека ќе пишеш, знам дека си фан на Стивен Кинг. И баш ми е мило што се активира темава. :party:

    Мојата прва прочитана книга од Стивен Кинг беше всушност аудио книга. Не знаев дали книгиве ќе бидат за мој вкус, скептична бев многу и си реков ајде ќе пробам прво вака. Ја слушав Misery и многу, многу ми се допадна. Се изненадив зашто можеби и не очекував волку добро осмислени ликови со позадина, со целиот тој пакет што би требало да го имаат ликовите во добра книга.
    Не е како инстант-трилерите што стануваат сè повеќе популарни во книжевниот свет последниве неколку години, разликата е очигледна. И тоа е она кое ги прави неговите книги поразлични.

    После видов дека Литература ја имаа издадено Кери и си ја купив, но не ме воодушеви нешто многу. Сјаење ми се допадна, но има ужасен превод и си ја дочитав на Киндл. Исто и Doctor Sleep, морничава и заразна книга. Но, убедливо најдобра ми беше една од поновите, The Institute.

    Сега ја зачитав Billy Summers и не можам да се откачам од неа, само ја мислам. :D
    Многу добар сетинг, атмосфери, за ликовите да не зборувам. :)

    Следно би сакала да ги прочитам Pet Sematary, 11/22/63 и It.

    Можеби навистина го искомерцијализираа Стивен Кинг, не велам не, но сепак има голема причина за тоа и сè добива оправдување кога ќе се прочитаат некои од неговите книги. Барем според моето мислење.
    Јас ептен си го засакав и сакам да ги прочитам сите негови книги, но чекор по чекор, не се брзам. :D
     
    На MissChievous и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    Стивен Кинг е закон :bow:

    Прва книга од него ми беше Мобилен, мајка ми не ми даваше да ја читам зошто и била многу језива, и јас си ја земав од библиотека и скришно навечер заглавував со нејзе :D Ми беше страв, ама не можев да ја оставам, и кога ја завршив знаев дека Стивен Кинг ќе ми стане омилен автор. Пред некоја година и си ја купив да си ја имам во колекцијата, и си ја препрочитувам. И секогаш кога ја фалам нагласувам да не се гледа филмот, стварно не сум гледала полош направен филм базиран на книга. И мислам дека како негова книга е многу underrated.

    После тоа ја земав Сјаење на македонски и многу ми беше разочарувачки ради преводот. Сега сакам да ја препрочитам оригинално на англиски верувам многу повеќе ќе ми се допадне. Исто и Кери си ја купив на македонски, ама не ми е тоа тоа. Ама ако, бар ми е дел од колекцијата, се надевам еден ден ќе имам многу повеќе книги од Кинг.

    Последна ја прочитав сега The outsider и не можев да ја оставам, ми летаа страниците и едвај чекав мистеријата да се разоткрие. Стивен Кинг има таков специфичен стил што прави да се наежиш целиот ама едноставно да мораш да продолжиш да читаш зошто толку многу те копка. И од син му имам читано книги и он пишува хорори, ама не се споредуваат.

    Наредна ептен што ја мерачам за читање е The institute, си ја ставив на киндл па кај и да е ќе дојде на ред :D
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.881
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Вчера излезе новата книга на Стивен Кинг, корицата е фантазија. :inlove:

    [​IMG]

    Доста обемна е, 600 страници +/-, но добрата страна кај неговите книги е тоа што скоро па никогаш не се осеќа бројот на страници, влечат за да продолжиш да читаш.

    Во план ми е да ја читам, се надевам ќе биде исто толку добра колку и претходните книги.

    За сите заинтересирани, еве ја содржината:
    https://www.goodreads.com/book/show/60177373-fairy-tale
     
    На simoncelicius и MissChievous им се допаѓа ова.