Инспирирана од дебатата во темата за Македонски јавни фаци за цицки и прслуци, како и од песна која се натпреваруваше во Шпанија за Евровизија која директно збори за оваа проблематика, решив да ја отворам темава. Живееме во свет каде неносењето на прслук многу луѓе го идентификуваат со провокативност, привлекување внимание, вулгарност, или пак во друга крајност со неуредност, негрижа за себеси и им е апсолутно неприфатливо. Од мали сме учени да се покриваме затоа што е некултурно да се шеташ со "растресени" гради, дека неносењето на прслук е неприфатливо кога се искача надвор. Цицките се цензурирани речиси секаде, освен во порно индустријата, некои "прогресивни" филмови и ретко во некој музички спот. Инстаграм одма ги брише сликите со голи брадавици. На нив се гледа како на нешто срамно, на нешто што не треба да се приметува, што треба да се покрие, да не "привлекува внимание" и слично. Е сеа мажите немаат па не знаат низ што врвиме ние, колку знае да е мачно цел ден да окапеш стегнат, па да те боли, стега и да ти е некомфорно, ама жениве и те како знаеме. Не ми е јасно зошто имаме толку проблем да го нормализираме неносењето на прслук, особено кога е лето и дополнително те поти и стега на 40+ степени. Апропо темата, еве ја и песната што дигна прашина, погледнете ја Мислења? Сте искочиле без прслук/би искочиле? Сметате дека треба да се нормализираат цицки кои си се на слобода или треба да носиме прслук секогаш кога искачаме у јавност? Треба ли да се тргне цензурата од нив и да прекинат да се сексуализираат?
Јас не носам, многу ретко ако седам со постар човек формално (интервју за работа пример), но е некој со мали корпи и без жици. Сум забележала дека те гледаат попреку луѓето, некои со чудење, други ко прв пат да гледаат (нема шо да се види). Дома ништо не ми рекле, дечко ми исто, ова го кажувам бидејќи тие ми се блиски и драго ми е шо не го гледаат како вулгарно. Откако престанав да носам животот ми е полесен. Слаба сум горе и не можев на најдам соодветен, морав напори да вложам да го балансирам цел ден да не ми падни или да ми се крени во вратот. Поради тоа секој ден имав грчеви во стомакот. Исто имам бенка на тоа место, па ми ја дразнеа, морав и на неа да внимавам. Со тоа, одговорот на последните прашања е: да за цицки на слобода. Освен ако ви е подобро со прслук.
Мене ме боли коа носам цел ден. Особено пак ако не е спортски, кога ќе го извадам навечер ми треба пола час за да си дојдам на себеси. А пример ако имам кафе договорено и облечам некој таков постегнат гинам после тоа. Лето па колку не можам да го трпам тоа е нешто страшно. И онака не сакам екстремно жешко и не можам да се изладам, уште па со тоа на мене а надвор пекол е ми иде да земам да го запалам. А уште немам храброст да искочам без, се познава кај мене, не дека ми се нешто ептен големи ама пак се познава. Еднаш до продавница отидов без, 100 души ме зјапаа, ептен, ептен неубаво се осетив. Зима коа носам 2 џемпери кои се широки уживам значи, онака сфаќам колку е убаво да не седиш со тоа на тебе.
Најпаметно е секоја жена да одлучи како ќе си ги носи, освен во случај кога лекар ќе советува соодветно понашање Носење градник 24/7 предизикува застој на лимфниот проток, плус користење антиперспирант и ете ти проблем. Јас лично и во темата МЈФ ја спомнав гравитацијата како фактор зошто повеќе сакам да носам градник, макар и спортски. Едноставно нема потреба да се прави драма околу тоа. Кој сака носи, кој не сака не носи. Не гледам ништо посебно еманципаторски во тоа да не носиш градник, ниту нешто посебно културно и елегантно во тоа да го носиш. Само криво ми е што мажите се согласуваат меѓусебно кога се во прашање рамбовки и голи шкембиња, а ние очи ќе си извадиме и водиме борба која посочно ќе ја искритикува другата за неносење градник. Веројатно пошто најголемиот угнетувач на жената е некоја друга жена.
Јас лично секогаш сум со прслук и по дома и надвор, така се осеќам убаво, се ми стои подобро со и тоа баш со голем пуш ап некој. Знам дека е лошо 24 7 со прслук ама навика ми е. Ми се има и случено да излезам без ама со широка блуза(кај мене нема да се познае зошто се мали мн) А дали другите треба или не да носат нека си одлучат сами само што мене искрено грдо ми изгледа и непријатно ми е да гледам и да ме гледаат сите
Јас голем дел од времето не носам прслук, без разлика дали е лето или зима. Цицки се, пола планета ги има, не знам што е толку контроверзно..
Цела планета. Само шо на едните смее да им е жешко на лето и бум вади маица и му ги гледаме цели, а другите треба да трпиме секакви погледи на улица само затоа што малку се познавале.
Не сфаќам зошто се градите на жениве од видеото предмет на дискусија? Не сум во тек што било пишувано во другата тема ама овде не гледам ништо непристојно. За мене приказната за градникот (и воопшто за тоа како треба или не треба да изгледа жената) е од минатиот век. Буквално. Нашите мајки и баби (на помладите членки) оваа борба ја завршија за нас уште во 70-те. Не ни треба регресија. Сите девојки треба да знаат дека не мора да носат штикли од 15см, или прслук, или шминка ако не сакаат. И пак ќе се убави и без нив. Сакајте си го телото такво какво што ви е и чувајте си го и негувајте го за да ве послужи подолго.
Многу е непријатно зјапањето, како да не виделе цицки. По дома не носам ништо. Градник со корпи носам само со потесни тенки блузи и посебни прилики, особено преку ден. А за онака носам бралети. Удобни се, не морам да ги местам постојано и можам слободно да се движам. Спојлер: Бралет
Најчесто жени шејмнуваат други жени за неносење и евентуално некој ЈНА чичко, ама поради тоа што "не може да се контролира".
Поентата на видеото е токму подигање на совест дека градите се најнормална работа, дека не мора да ни се прецвикани цело време у прслуци, дека треба да прекине сексуализацијата на истите, а исто дека доењето во јавност не е ништо срамно. Еве што вика текстот: I don't know why people are so afraid of our breasts without them, there would be no humanity or beauty and you know it well listen to me, mom, mom, mom! Затоа на настапот имаат глобус у форма на цицка
Не знаев дека се вика бралет ова. Може и за поголеми гради? Кај да најдам некое фино во Скопје знаеш?
Порано не носев секогаш зашто имав профи цицка Сеа вака виснати од доење ако не носам само ќе ми пречат. Инаку дали некоја носи или не, ватевр ми е. Може пред очи да ми стои и да не приметам јер ме боли цеф искрено да ви кажам
Носам на работа, значи пола ден секој ден прслукот е на мене. Не го сакам, ми смета, ме стега и некогаш кога ќе го соблечам се чувствувам како конечно да дишам слободно. Таква ми е работата и не можам да не носам, кога ќе ме видат луѓе ќе се осеќам непријатно затоа што знам каков уназаден народ живее на овие простори и знам веднаш што се ќе си мислат во себе (чест на исклучоци). На зима често знам за излегување ваму-таму да не носам. Радо би никогаш во живот веќе да не облечам, светот кај отиде напред а кај нас сѐ уште се коментираат цицките и прслуците, нешто најнормално на светот (цицките, не прслуците).
У new yorker имаш убави и комотни. Ја од таму купувам https://www.newyorker.de/mk/products/#/detail/02.15.250.2671/001?gender=FEMALE ево скролај
Едвај чекам дома да стигнам и прво што правам вадам прслук, како камен од гради да ми паѓа. Дома носам бралет ако има некој или доле сум кај старите, кога сум сама со маж ништо. Ако носам широк дуксер или џемпер не носам прслук и ми е супер, немам некој големи гради ама ми е непријатно зошто луѓево буквално цверат ако не носиш прслук како да не виделе.
Сега го знам како бралет откако видов на етикета дека така пишува. Порано бебидол го викавме. Зависи за колку големи гради се работи. Не знам дали би обезбедил добра поддршка. Има и со подебели прерамки што можеби би завршил работа. Спојлер: Подебели прерамки Инаку можеш да ги најдеш на пазар и со тенки и со дебели прерамки, а гледав и на Помпеа некаде. Производи од Помпеа мислам дека би требало да има во продавници како Стружанка. Земи еден да видиш дали ќе ти одговара.
И на aliexpress. Преголем избор има, секаков вид, дури и изработени од чипка кои баш добро изгледаат а од досегашно искуство и добра поддршка даваат. Јас без корпи и жици секогаш гледам да се. Апсолутно се комфорни. Само идеја плус. Спојлер @Abel