Бидејќи има посебно тема за стилот во филмовите, зашто да нема посебна тема за стилот и модата во тв сериите. Можете да постирате слики, да разглобувате во која серија повеќе ви се допаѓа како се облечени актерките/актерите, која серија има најлошо облечни актери/ки итн. Имате ли некоја модна икона од сериите? Чиј лик ве инспирирал за некоја комбинација или пак нечија модна комбинација во серијата посакаувате да ја имате во вашиот плакар. http://wornontv.net/ е интернет страница која ги прати стилските комбинации на актерките и актери и не само тоа, туку ги наоѓа истите парчиња облека за која цена од каде може да се купат. Сосема практично, само штета што не живееме во Америка...
Ако почнам да ги набројувам моиве модни икони од серииве мислам дека постов нема да има крајДа не ја полнам темава, ќе пишам само за неколку Ај ќе почнам прво за Hart of Dixie. Zoe(Rachel Bilson) ми има многу добри комбинации, ми изгледа ултра модерно, ама се случува и понекогаш да има оутфити кои никогаш не би ги облекла.Од нејзе црпам инспирација за секојдневни и по лабави оутфити, па и оутфити за излегување. Спојлер: Koмбинации Lemon ми има интересен стил, многу женствен и vintage, но не е нешто што би го носела секојдневно.Но, во секој случај нејзините комбинации ми се убави на око. Спојлер: Комбинации Од потинејџерскиве серии, стилот на Lydia од Teen wolf ми е совршен.Има многу слатки комбинации, со флорал принтови & skater skirts, и многу се лесни за копирање. Спојлер: Комбинации
Прво име што ми падна на памет е Рејчел Гриин. Но, не од '93-та, туку од последните три сезони. Добар дел од комбинациите и денес изгледаат актуелно, особено оние деловните (вклучително и штиклите и ролките). А може само така ми изгледа мене, поради стегнатото тело на Џенифер. Единствено, outdated се комбинациите со јака (од кошулата) извадена над сакото или кожениот мантил. Тука ќе ја споменам и венчаницата на Моника - се' уште актуелен крој меѓу невестите по светот (но не и кај нас). Следна е Серена (van der Woodsen). Не сум ја гледала цела серија и не знам како и' се развивал стилот, но од она што се сеќавам, дефинитивно нејзиниот стил е највпечатлив. Свеж, малку бохо, малку гламур, одлично скроени јакни и палтенца, впечатливи детали, секогаш секси hair do (дури и кога е небрежно собрана во кок или опавче), скини џинс... милина. И ги обожавам кожените јакни на Ема (Once upon a time). Ептен клише одговор ќе биде ако ги споменам и SATC. Иако најблиску до мојата естетика е стилот на Шарлот, се' уште имам мерак на белиот Badgley Mischka фустан на Кери (во сцената кога Ејдан ја запроси). Накратко, тоа е. Може понатаму ќе дополнам и со фотографии. Сега се сетив и на Елка. Cutie pie во тренерчиња со шљокици Уникатна!
Прееска начекав епизода од Озборувачка на прва, и кога ја видов облеката на Серена ми се плачеше. Незнам колку слики имам во компјутер од нејзини комбинации во серијата. Вечна инспирација мислам дека ќе ми биде. Не само она, сите ликови во GG беа скоцкани од глава до пети. Секоја чест за Eric Daman. Ма каква Патриша Филд, ја на овој му симнувам капа кога станува збор за стајлинзи во серија Ајде слики (Зошто не може да се стават повеќе од 20?) Спојлер: Слики Се слики од Серена, али шта чеш. Би носела се, ама буквално се
Јас во темава дефинитивно на прво место би го ставила стајлингот на девојките од Pretty Little Liars. Серијата можеби е досадна, заплеткана ама за стилот на девојките немам коментар. Секогаш преубаво облечени, средени што дури тешко ми е да издвојам омилен стил, секоја си има специфичен, посебен стил. Спенсер ми е попрефинета и класична, Емили ми е поспортски тип, Хана има некој girly шик стил и Ариа повеќе edgy,рок стил. Искрено тешко ми е да си издвојам омилен стил, ама еве би ја издвоила Ариа и тоа најмногу заради широките сукњи што и ги обожавам и преубавите чизми И фустаните на Хана, и јакните на Емили и кошулите на Спенс!
На прво место ја ставам Gossip Girl. Од оваа серија, најдобро облечен лик ми е Серена. Ми се допаѓа нејзиниот стил затоа што е гламурозен, а сепак отмен и пристоен. Има многу добри лежерни дневни комбинации. Во продолжение нејзините најдобри:
Се извинувам што не е се во еден пост, неможев вчера да допишам. На второ место е Pretty Little Liars, посебно Спенцер со нејзиниот preppy стил. Оваа комбинација ми е меѓу поомилените. Предобро ја облекле, и косата совршено се вклопува. Исто во оваа серија и Хана ја облекуваат многу убаво, но некогаш ја претеруваат со огромните школки, а за тинејџерка и тоа во школо. Спојлер: Комбинации на Спенцер и Хана Glee. Но новата Рејчел Бери. Од 4та сезона па се до крај, стилот на Рејчел значително го променија и многу го подобрија. Многу подобро одговара на глумицата. Кратки туники комбинирани со високо чизми, отмени фризури, убави балски фустани. Мх,мх,мх. Спојлер: Комбинации на Рејчел
Definitivno ne si svesna kolku se slozhvam so tebe. Preubo se oblecheni vo sekoja nova epizoda se povekje me voodushevuvaat, mn retko ne mi se svigjat neshto sho imaat oblecheno inache sekogash se prekrasniiii. Isto taka vo The Vampire Diaries mn mi se svigjet kako se oblecheni osobeno Elena, sekogash mi se svigja epten retko nekoj kiks. Znachi od dveve serii bi gi izdvoila Aria i Elena vechna inspiracija hahah iako se razichni t.e imaaat razlichni stilovi mene dvete mn mi se svigjaat i nekogash go kradam stilot na Aria nekogash na Elena
Освен Pretty little liars, стилот во Suits за мене е меѓу подобрите, ако не и најдобар. Како кај жените, така и кај мажите. Скоцкани до детали. Не за џабе и името на серијата е такво. Спојлер: комбинации Исто и House of Cards се фини. Клер посебно, знае како да се носи. Само не секогаш ми се по вкус комбинациите. Во спојлер се тие што ми се свиѓаат. Спојлер: комбинации
Сара Џесика Паркер во Сексот и градот. Фустани, чанти, чеви нема нешто што не ми се допаѓа. Спортско, елегантно. ММММммм сањарам.
Иако е ненослив, го обожавам (модерниот) викторијански стил на Vanessa Ives. Спојлер: Penny Dreadful Кој гледал american horror story знае кои комбинации ги вадеа во Coven, посебно Cordelia Foxx, Madison Montgomery и Fiona Goode. Навидум досадни кроеви и темни, монотони бои, ама мене лично ми се прекрасни. Комбинациите на Корделија и Фиона се дамски, а оние на Медисон би рекла повеќе се за вечерно излегување. Спојлер: American horror story- Fiona Goode Спојлер: American horror story- Cordelia Foxx Спојлер: American horror story- Madison Montgomery
Јас на прво место би ја издвоила Викторија од Revenge.На женава и изградиле толку добар стил што едноставно зрачи во секој кадар.Мене таа ми е репер за она секогаш средена.Иако е доста возрсна, стилот што и го одредиле не е вулгарен, туку напротив дамски и елегантен за жена во нејзини години. Секој фустан кој го носела во серијата е толку софистициран од материјал до модел, па до тоа како и стои,Таа има совршено лице и тело, па затоа како лик остава многу голем впечаток.Комбинации кои ме оставиле без збор. Гледам ја имате спомнато Емили од истава серија, но морам и јас.Значи совршена е, облеката, ставот движењата и улогата, се е вклопено толку добро, да ти е мерак да гледаш.Вака не можам да најдам слики од посекојдневниот стил, ама фустаните и беа сон. Oвој фустан ќе ми остане фаворит, преубав е, многу убаво стои и ептен е оригинален. Me нервира што не можам да најдам слики од детективката од The Fall, ама морам да ја спомнам.Стилот и беше предобар, спој од елегантно, женствено и кежуал многу добро скоцкано, а и актеркава е таква ептен женствена и елегантна и многу добро го носи стилов. Се лигавев на исте свилени кошули кои ги носеше во серијата, преубави беа, би ги носела сите до една. Еве неколку... Спенсер веќе сте јаспомнале да не се повторувам, само ќе кажам дека би го носела секое парче кое таа го носи, совршена е.
Јас почнав да ја следам Stalker, серијава е онака супер за тепање време, не е нешто вов, ама не е лоша.Искрено најмногу ја загледав ради комбинациите на главната детективка, која инаку ја игра Maggie Q. Има предобар стил, комбинациите се спој од модерно, елегантно, секси и кежуал.Би ги носела сите комбинации, посебно чевлите, постојано е во кратки чизми кои се совршени, јас обожавам кратки чизми, па се лигавам додеа гледам.Исто и кошулчињата, перфекција, а и дека е слаба ептен и личи се што носи. Еве неколку кои ми останаа во мисли.Штета што нема слики од чевлите. https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/236x/6f/8b/db/6f8bdb2aa8f1e90dfb6ca1fb9b367a3e.jpg http://www.shopyourtv.com/wp-content/uploads/2015/01/Screen-Shot-2015-01-26-at-7.27.58-PM.png http://www.shopyourtv.com/wp-content/uploads/2015/01/beth-trench-coat.png http://d15irhca3igrs6.cloudfront.net/wp-content/uploads/2014/10/maggrey.png
Сексот и градот. Првата ТВ серија можеби во којашто модата и стилот на глумците ми има оставено впечаток воопшто. Чист пример за тоа дека многу е поважно како ја носиш облеката од што и да е друго. Некогаш ми подзастануваше погледот во зачудување како си играа со боите и видовите облека на начин на којшто не би ни` текнало да ги комбинираме за одредена пригода во нашето секојдневие. И тука, пак е пресудно како се носи облеката, а не што се носи. Многумина би делувале смешно доколку се подеднакво смели, доколку не знаат да го носат на вистинскиот начин.
Сум ја отворила темава а не сум се изјаснила. Пратам премногу серии и можам да кажам дека има извесен број на серии ги пратам и само заради аутфити, т.е тоа ми е светла точка на серијата. Имам неколку што онака ми оставиле силен впечаток, не само поедина кобинација или две, туку низ целата серија што не ме оставиле рамнодушна со секој аутфит. Една од нив е главната глумица во серија The Lying game кој за жал ја укинаа. Ама во тие 30 епизоди мислам дека немаше ни една утка во стилот на близначкиве Sutton Mercer/Ema Спојлер Сите комбинации се минималистики, едноставна облека и принтови и секогаш задолжително многу накит, едноставни ташни и високи потпетици. Накитот е секогаш интерено ускладен и секогаш го има во изобилство, комбинација ланче со алки со обетки кои ретко кој ја прави тука е одлично ускладена со облеката. Стилот е далеку од тинејџерски/средношколки за да и одговара на воздраста, баш а за оној период после адолесценција, блака класика и елеганција но сепак доста младешки и секси. Многу кратки панталончиња и многу фустанчиња и здолништа, ретко панталони и фармерки. Мислам дека заради тоа и најмногу ми се допаѓа зашто многу избегнувам фаремерки и панталони и обожавам здолништа и фустани во кежуал комбинации. И претерано многу ми се допаѓа како е ускладена облека со светки/мунитри да изгледа префинето а не сељачки и вулгарно, од маички до фустани и здолништа сите изгледаат убаво и сосема кежуал наспроти многу прифатениот став дека таа облека е исклучиво за диско-аутфити наменета. Стилот е многу женствен и елегантен па дури и кратките панталочиња ги носи на убав начин никогаш да не бидат вулгарни. И самата глумица е навистина нежна и убава девојка па и самиот стил го носи до перфекција, удобно го носи како да самата ги правела комбинациите. Ова е само еден дел од комбинациите не би ги собираше сите околу 60тина што имам зачувани аутфити. И останатите ликови не се двојат со стилот, но Сатн е најспецифична и можам да кажам најконстантна, има еден дефиниран стил.