Kаролина е девојка која е секогаш претставителна, знае да носи буквално сè, од секси и женствено, до спортски и лежерно. Нејзиниот стил е препознатлив, а се темели на елеганција, убавина, женственост, но пред сè на квалитет.
^ Копи пејст кафе пауза Девојкава си држи убава линија, скоро се што носи и е по мерка. И нормално опкружена е со стилисти, сега незнам дали уште има соработка со Цаци Паковска, ама сите слики погоре и се од јавни настапи, фото сесии и спотови. Не сакам да мрчам нешто многу, не дека имам нешто против нејзе, ама ова не само што не е нејзин стил, таа мора да носи што ќе и биде дадено, плус е подвижна реклама за дизејнерот. Дајте некоја приватна фотка па ќе правиме муабет Плус пази разлика од времето кога немаше стилисти, кога сите ѕвезди си носеа облека по нив избор, без спонзори, и сега Можат 50 страни да се наполнат тука со фантастични избори Не можев да најдам нешто посебно, а и мрзи да пребарувам... п.с. ова многу ми се допаѓа п.п.с. не хејтам
Многу убав стил има али секако тука влијааат и парите ако имас пари ќе имаш се па така и стил кога сите ќе се грижат за твојот стил убав ќе ти ееее
кога бев малечка ја сакав премногу, ми беше секогаш топ облечена, без разлика дали ке ја сретнев во град или ја гледав на настап.Особено Ја паметам по една тиркизна Баретка и мантилче и како излегува од тренд.Во тој период паметам дека стилист и беше Ношпал, имаше топ килажа(не беше анорексична) и не изгледаше старо како денес туку беше млада и елегантна девојка.Е сега од како е под капата на Цаци паковска-која ја памтам по розовиот фустан од пулси квивчето , ужасно ружна и без стил, Каролинчето ми е катастрофа. Нека што ја ослабна 10кг, и ја остареа дваесет години плус,па изгледа како да е 40 а не 30 ,од кратките панталончиња и кошулка во секоја можна прилика,и за настап и за прошетка... единствен коментар што го имам е дека ...е колку љубоморна жена може да те упропасти некој друг неможе и да не зборам на празно еве пример ова е каролина денес а ова е каролина јас што си ја сакам и само да напоменам дека во тоа време и баш немаше некој избор на гардероба како што има денес
Ова од последниот концерт.Одлично,како и секогаш,кај неа нема промашај нема. Само,се имам изјаснето дека не ми се допаѓа што е преслаба Не и личи. А да,и ноктите-никогаш не и се средени,ептен груба слика ми дава и најдотерана кога ќе е
еве ова ми беше муабетот, а не ја прави паковска, сто пати е поубава и помлада како се правеше календарот , http://off.net.mk/full/making-pelisterka-kalendar-2013
Денес, музиката се слуша и се гледа. Да не беше Цаци Паковска, Дадар и сите останати кои се грижат за нејзиниот изглед, Каролина немаше да биде стилска икона во Македонија, а тоа многу придонесе за пораст на нејзината популарност. И така Каролина стана заштитно лице на многу македонски производи, дел од нивните промотивни кампањи, а со тоа идол на се повеќе тинејџерки. Очигледно луѓето добро си ја вршат работата, по примерот на светските ѕвезди.
Мене ми е најдобро облечена позната личност во Македонија а и пошироко.Не знам чија заслуга е тоа,дали на Цаци или нејзина битно ми се допаѓа.Исто и за шминката и фризурата,секогаш е средена,го вади максималното од себе.
Мене Каролина ми е подвижна реклама на Цаци Паковска. Ми се допага убаво изгледа и е згодна иако е слаба,но не ми се допага што во поглед на облеката ми делува многу унифомирано. Имам чувство дека Цаци да може и гаките би и ги бирала,ко да нема свое јас и свој печат во поглед на тоа.Ако нешто многу почитувам кај нејзе тоа е дека е прибрана девојка,ја нема по жути штампи и не се експонира во јавност со глупости како останативе wanna be звезди во нашево земјиче. Мојата омилена песна. http://www.youtube.com/watch?v=s4I1AS1pcUE
Се извинувам што сум оф топик, но, би сакала да знам, доколку знаете која е природната боја на коса на Каролина? Знам, дека косата и беше црна, но дали таа и беше природната боја или пак беше само фарба? Иако, одлично и стои моменталната боја на коса. А што се однесува до стилот, едноставно го обожавам. Толку е прибрана, умерена и женствена. Се што една жена би требало да поседува.
само фарба беше.Kаролина си има природно кафеава коса. и јас и го бендисам стилот.уникатна,оригинална,сексипилна
Тешко дека некој би имал критика за нашево македонско девојче. Секогаш средена, одмерено, елегантно, женствено, секси со вкус, онака tasteful. Ама ова.... не и‘ требеше. Не е таа крива додуша. Стилистите тоа...