Инспирирана од темата за Carrie Bradshaw, решив и јас да отворам тема за една од модинте икони на малите екрани Blair Waldorf. Девојка со изграден стил, која низ четирите сезони од серијата Gossip Girl продефилира со безвременски парчиња облека притоа добивајќи ја титулата на новата Кери Бредшоу.И секако неможе а да не го спомнеме модниот тренд кој го лансира оваа Озборувачка-додатоците за коса. Еве ги моите омилени комбинации од неа:
Стилот на Blair Waldorf Блер, поубава, посвежа и помодерна верзија на Кери Бредшо. Нежна, рафинирана, близу совршена. Не' натера сите да си купиме по некое венче за коса, да ги вратиме лентите, брошевите и нежните кадрици повторно во мода. Ја обожавам. Најубава. Фустанот од 17-тиот роденден и ѓерданот од Чак. Perfection.
Стилот на Blair Waldorf Мене само на последнава слика ми се свиѓа како е облечена. Некако пренатрупана е, премногу бои за мој вкус
Стилот на Blair Waldorf Најмногу ми се свиѓа ова фустанче. Неможам да најдам слика од позади, преубаво беше, грбот е феноменален Друго Тука незнам која ми е поубава Патем, би можела темава да биде и за двете во пакет Какви се, срцки Се заљубив во овој Вториов, совршенство Исто ги сакам и додатоците за коса
Стилот на Blair Waldorf Слободно можам да кажам дека нема комбинација на Блер што не ми се допаѓа. Секогаш ми е прекрасна.
Стилот на Blair Waldorf Ако станува збор за облека сепак малку повеќе сум Серена фан, но сепак Блаир има одлични фустани. Ми се допаѓаат и оние комбинации со бели дебели хулахопки Црвениот фустан да не го заборавиме A oна што Блер го врати во мода... венчињата A во приватен живот има циркуз комбинации. Еве пример лански Мет Бал. Еве Блер А Серена
Стилот на Blair Waldorf јас неможам да разберам како таа комбинација - црвениот фустан со тие љиљакови додатоци (ташничка и сандали) ви се свиѓа. И се чудам дали некој ако ја виде таа комбинација на женска кај нас за соодветна пригода ќе рече браво, прекрасна е, или овде се работи само за слепо следење на нејзиниот "прекрасен имиџ". Без навреда ова плс, го кажав чисто некој да не се понуди да ми го објасни Да не сум офтопик, не ја следам серијава ама според сликиве што ги имате ставено, ме бендисува нејзината храброст да си игра со бои и различни стилови, интересни додатоци... иако за мене од се е премногу во некои комбинации, посебно мешањето на дезени... а свечените комбинации и се баш убави.
Стилот на Blair Waldorf Преубав е стилот, откако излезе серијата па навака се повеќе и повеќе среќавам девојки што се облекуваат слично вака, и јас се облекувам слично зошто ми се свиѓа. Инаку и на Серена стилот ми се свиѓа, ама коа ќе и видам некои комбинации све ми боје лепо стоје ми се повраќа
Стилот на Blair Waldorf За вкус не се дискутира. Мене ептен ми се допаѓа, дал го носела тоа Елена Ристеска, дал Каролина, дал Блер Волфдор. Јас би го носела да можам и да имам прилика, ама кај нас нема балови и гала вечери Ние македончињата ич не мешаме принтови, стилови и бои и прилично сме ограничени во тој поглед, па затоа не ме чудат твоите коментари
Стилот на Blair Waldorf Ќе ги издвојам овие, иако ми се допаѓаат сите. Серена, нема грешка во комбинацииве.
Стилот на Blair Waldorf Стилот на Блер во првите 3 сезони беше одличен, не премногу по мој вкус ама сепак. Но кога има утка огромна е... нешто бабинско на неа често можеше да се види. А и стилот во 4та сезона речиси катастрофален. Повеќе ми се допаѓа стилот на Серена. Многу и е помодерен и посекси Убаво ми е капутчето а еве една од утките
Стилот на Blair Waldorf Многу е убава и таа и стилот, но стилот на Серена ми е далеку поубав Од сето она што го видов во четирите сезони има само една комбинција што не ми се допаѓа - црвено со розово (фустанот, сандалите и чантата посебно се феноменални)