Мислам дека сите ја знаеме а за тие што не ја знаат,пејачка и текстописец.Мислам има стил за кој има многу да се зборува, има многу да се гледа Најмногу од се ми се допаѓа кај неа уникатноста.Женската ми е тотално како да е избегана од најгламурозните времиња од минатото и постои во сегашноста за да не потсети како една дама треба да излега.Винтејџ сексапил со доза модерен шмек.Баш "генста Ненси Синатра".Ништо слично на неа не сум сретнала во поново време.
Кога ќе и‘ се загледам поубаво.... не ми е нешто за во несвест паѓање. Ама факт е дека девојката има шмек. Така ми е некако.... се вовлекува под кожа. Сензуална ми е многу. Стилот, како што веќе кажавте пред мене, и‘ е од стариот Холивуд, но според мене не експериментира доволно. Доволно е само да побара на Гугл како изгледале ѕвездите од тој период, да најде соодветни парчиња облека и да се облече. Ми нема нешто нејзино во тие нејзини комбинации, нешто по што ќе биде препознатлива. Спојлер Фотосесијата од Тери Ричардсон за T-magazine:
Што и да облече Лана, мене ќе ми биде прекрасна Има совршена коса и необично убаво лице. Понекогаш ретро, понекогаш гранџ, понекогаш Холивуд. Ма ја обожавам
Јас неа најпрво како појава ја сакам. Зрачи со нежност, грациозност, елеганција. Потсетува на некоја филмска дива од 60-те и 70-те. Исто и стилот на облекување и е усогласен со стилот на музика и со самата таа. Поради тоа што е од поскоро да кажам, во јавниот живот не сум гледала којзнае колку многу комбинации од неа ама оние што ги имам видено се прекрасни. Особено нема утка на манифестациите каде што се има појавено, барем од тоа што имам видено. Секогаш е елегантна и она што најмногу ми се допаѓа е што не меша многу дезени и бои, почесто е во една боја а сепак изгледа прекрасно и недосадно. Овде ми е совршена. А ми се допаѓа како се облекува и за настапи, уличен стил итн. Секогаш има некој детал на себе кој е интересен. Дали старки, некое интересно ретро палто или маичка. Важно е доста специфична и уникатна во стилот ама in a good way . И она што најмногу ми се допаѓа кај неа е косата, значи би убила за таква коса. Сјај, боја, буквално секаква фризура и стои иако најмногу и стојат нежни локни.
Многу ми се допаѓа нејзиниот стил,бидејќи е гламурозен и нежен и бидејќи изгледа поразлично,а нормално. Под нормално мислам не се облекува како циркузант како други пејачки ,кои сакаат да бидат "различни". Спојлер
Девојката е прејака! Зрачи со елеганција, грациозност, нежност и женственост. Самата појава ми се допаѓа, единствено нешто што не ми се допаѓа се нејзините нокти, долгии и заоблени, шпицести. Нејзиниот стил може да се дефинира како понова верзија на 60-те, 70-те еве на што точно мислам: Спојлер Комбинациите и се шик, фенси и малку специфични од она што сме навикнати да го гледаме. Знае да експериментира, да меша и да си игра со боите, а сепак она што ќе го облече и пријатно за око. Во прилог неколку нејзини комбинации .
Аиии, зошто ми е некако жалничка и зошто ја облекле во оваа робичка на EMAs? И штиклите и се за никаде. И поубава ми беше со посветла, црвеникава коса.