Можеби не е модна икона но премногу ми се допаѓа начинот на кој се облекува. Што мислете вие за нејзиниот стил? ] Секојдневните комбинации и ги најмногу сакам.
Мене не ми е нешто посебно. Повеќе ми се допаѓа како се облекува секојдневно отколку за свечени пригоди Единствено тука не ми се допаѓа: Спојлер Фризурата, облеката и шминката и се тотално лошо искомбинирани и личи на баба од 60-тина години Просечно се облекува како и секоја позната девојка иако често пати прави тотални утки во комбинирањето.
Мене Меган ми е прекрасна. И парчето облека што така празно, необлечено изгледа грдо - искомбинирано со нешто друго на неа изгледа прекрасно.
Не ми пречи онака како појава, не ја ни следам многу, за убава, има убави црти, ама не е ни нешто посебно па да паднеш во несвест Немам изградено некој посебен став за неа, ама нема ни таа изградено некој посебен стил. Некои нејзини кежуал комбинации ми се ОК, но она можам и јас подобро да го искомбинирам. А имиџот што го фура на црвениот тепих мене лично не ми се допаѓа (со мали исклучоци ). Има потенцијал за нешто повеќе, но таа упорно и упорно се нафатила да делува уличарски особено не ми се допаѓаат тие тетоважи по целото тело, мислам дека ептен ја претера со нив. Како што реков секојдневните комбинации и се ОК (тоа тренерките поише за по дома ) ама како што знае позитивно да изненади, така знае и негативно. Добар дел од она што го носи при свечени прилики јас не би облекла. Еве некои слики, дел се и постари, од времето пред да стане Меган Ботокс Спојлер Ни од свечените фустани ништо не ме воодушевило, дел и се дури и промашај според мене Катастрофа А се на се, ништо посебно, не ми се допаѓа имиџот за пред јавноста, некако ефтино ми делува Спојлер Спојлер Знам дека збориме за стил, ама кога сум веќе на темава, сакам да искоментирам дека мене ми изгледа некако послатко пред операциите, инаку се ми се чини дека ќе и пукне онаа гума на лицето А еве и некои слики од кога била тинејџерка па и помала Спојлер
Пред се убава девојка која знае да го истакне своето тело и сексипил преку облеката. Нејзините комбинации за на црвениот ќилим не ме воодушевуваат многу, но од она што можам да забележам нема некои големи грешки до сега во изборот на облека. Еве неколку нејзини секојдневни комбинации кои мене ми се допаѓаат: И за крај наидов на една многу интересна слика Спојлер
Стилот ко стил е беспрекорен, јас неа како личност и актерка не можам да ја смислам. Милион пати поубави жени газат по планетава, оваа е просечно девојче однесено на пластична и исфорсирано до даска. ПРЕслаба е, и ми има некој болен, анемичен, прегладнет израз на лицето. За мене убавина е нешто сосема различно од ова. Иначе има меѓу најубавите фризури и шминка, а и добар дел од фустаните ми се преубави.
Леле, преубава ми е. Ретко некогаш кога има утки. Секојдневните комбинации најмногу и ги сакам, што не значи дека не знае да се облече посвечено.
да не испадне дека хејтам ја сум љубител на убави жени ,ама оваа меган ми е тотален промашај . нит има некоја посебна убавина да паднеш на гс нит па некој стил посебен а најмалку па се покажала како актерка ( освен Трансформерс јас незз др филм со нејзе ) . ептен ми е фејк ,се некого копира ...ако нешто најмногу ме нервира тоа се личности без свое јас