Стокомак- искуства и мислења за производи од флаер. Здраво феминки Отварам тема за Стокомак (не најдов слична ако има, или ако не смее, избришете) бидејќи скоро секоја недела имаат интересен флаер со акции, и често се наоѓаат интересни и корисни производи по пониска цена... Некои се стварно супер, некои па и не баш... Тука може да споделуваме: Дали сте купиле нешто од флаер и како сте задоволни. Дали некој производ вреди да се земе или да се прескокне... Како се користи некој производ... Лоши искуства... Целта е реални мислења од нас како купувачи, за полесно одлучување пред купување, а не реклама. (Немам врска со маркетот, освен редовен акциски муштерија)
Еве мене ме интересира за електричното ренде сега што е на флаер. Дали го купи некој и како е задоволен?
Јас сум Стокомак fan-girl ама за храната, друго ептен ретко гледам или купвам. Многу сакам тенките веган колбасици, си имав напраено залиха во замрзнувачот од нив зошто ги носат од прилика еднаш годишно. И имам уште едно паковање и ме депримира то. Ако негде донесат, ве молам означете ме со локација и ќе запалам колата и ќе одам да земам. Исто ретко наоѓам хумусот со карамелизиран кромид, и само наизменично наоѓам од тортиљите шо ги сакам. Во глобала има производи шо одма се трошат и после им треба време да ги донесат пак. Барем во ова Стокомак шо ми е в комшии. Барем багетот со зачини и лук го има (скоро) секогаш. Флаер немам гледано, пошто ми е на 5 минути па одам пеш многу често. Кајма флаер? Имат нешто како пдф шо се апдејтира или ... ?
Лепчињата до лук им се многу убави, замрзнатата храна им е претежно нова, и секогаш е тазе кога ќе се испече/испржи.
На фејсбук страната ја им гледам, и Кам и Стокомак, редовно таму објавуваат. Закачени им се обично како прва објава штом ќе го отвориш профилот. Исто така препораки за вегански/посни производи од овде со добар состав ми се повеќе од добредојдени. Ако земаш често, пуцај
Овие на слика колбасициве се оломнанско паковање, не знам дали се исти тие шо ги земав Август/Септември лани, ама во состав беа саде зеленчук и сончоглед и исто вкусни, можи само амбалажа сменаа. 10/10, ако сакаш после можам да ти сликнам и состав ама вервај ме еднаш годишно ги наоѓам. Буквално еднаш годишно. Дури и на моите им имам пратено слика да прашват секое пазарење, не само јас да прашвам дали има од колбасициве. Од јогуртчињата земам некогаш шо се веге, тие овошните ми се убај, за обичното немам муда да пробам не знам зошто. Ич не ме привлеква. Случајно да не имаш пробано? Geenzly мислам се викаа. Не знам шо да очекувам, се осеќам како да ќе е мрсно и кокосесто и зато немам пробано. А овошните јогуртчиња веган се превкусни. Са скоро и беа намалени баш тогаш ги јадев. Посно песто имаат со тофу и орев ако не се лажам е во состав место пармезан. И јас го преферирам наспроти обичното. Го преферирам оти е исто вкусно како обичното + трај барем 2-3 дена подолго зошто нема пармезан внатре. Од Вегини мелено имам земено и беше скоро вкусно како Вердино меленото. Видов дека имаат и салама веган, ама та исто не ме привлекваше, ми личеше како ко ќе сечам да е паштета. Не знам дали е или не, едноставно не ме привлече и не зедов. Ова е така брзински шо ми текнува шо купвам редовно и најчесто, + многу ми е убав хумусот со карамелизиран кромид. Веган си или постиш? Да знам дали и риба да ти пишам зошто јас и то јадам и дефинитивно имам 2-3 омилени продукти од тука. Спојлер За и од други продавници производи тука ставаме обично, иако малку имам подзабораено темава и неколку шо купвав последно немам баш ставено: https://forum.femina.mk/threads/Посни-веган-продукти.34208/ баш се ближат и пости, можи да активираме темава да е од корист.
Го купив сецкото што беше во флаерот пред некое време, Stymee, или како и да се пишуваше маркава што ја имаат. Топ е сецково, партали прави за неколку секунди. Ако некогаш го има пак во понудата и ако на некоја и' треба сецко, ич да не се мисли. Презадоволна сум. И столчиња за на балкон си купив, пред неколку месеци исто беа во флаерот. Црни на склопување, обложени со меки перничиња. На пролет здравје кога ќе ги ставам во употреба ќе видам како ќе се покажат. Вака удобни се, стабилни, цената беше багатела исто.
Еднаш начекав мало биро. Го користам над три години и уште се држи добро иако е милион пати преместувано. Имам и три дрвени полици кои ги користам речиси две години. Често имаат мали слушалки и усб кабли на понуда, па си купувам кога начекувам за да си имам резерви. Имам очила за сонце кои ми се 3 и пол години стари. Ме чинеа само 159 денари, а ден денес се во одлична состојба. Шминките од Quiz се добри. Многу сум задоволна од бб кремата. Сега за напитоци и храна. Има и хит и мис. Производите на Кузина се генерално добри. Ептен ми се свиѓаат алпската и француската супа. Обичните не толку. Пирето и сончогледовото масло се супер. Делисиоса мрсниот мајонез е промашај , додека пак посниот во кесе е превкусен. Кечапот од истава марка е пролазлив, но сепак Лебон на Кам ми е 5 нивоа погоре. Јајцата не им свиѓам. Неквалитетни добиваат. Лебовите едвај ден и пол им се добри. Грицките на Апетини им се супер. Често купувам бел сончоглед (оној печен од 200 грама). Таман ми е, ни несолен, ни пресолен. Чипсовите им се добри. Од млеката, најзадволна сум од она сино Милкос и штета што не го имаат стално. Превкусно е и кога го има го даваат за 45 денари. Друго кое ми се свиѓа е она Фармер. Од веганските ствари, солидни ми се веганското сирење и кашкавалот на парчиња на Бон Вивант. Капучината Мокате и Одор се супер со вкусот и цената (некое е под 50 денари, некое е до 60 денари). Има и поблаги и не толку благи. Од првава марка има доста избор бар во СК. Особено ме бендиса она со вишна. Штета што и ова не го имаат стално. Вафлини се убави благи работи. Превкусни се. Од риби, само гирици и ослиќ купувам од нив. Другото не ми е фејв.
Мислев дека сум единствена што едвај чека да искочи флаер да види што е ново во Стокомак ахаха Го имам земено мечето што чита пораки - малото ептен му се радува. Има три приказни на Македонски јазик, Петар Пан, грдото пајче и Пинокио. Јас се изненадив колку личи на мечето од Литература кое чини 3.000 денари. Јас го земав од Стокомак за 890ден. Имам земено фигаро за коса, нешто слично на dyson. Феноменално. Ги имам земено магнетните коцки за малото исто така се супер. Летото начекав ептен голем базен за смешни пари.
Ретко се начекуваат овие дури и во Скопје, јас па ги обожавам истиве само со месо, мислам 100 можам да изедам, ама и тие лотарија се да ги начекаш.
Колку сакам вакви теми Дајте за сите маркети марленка-нај ама најубавиот десерт што постои.Кој пробал знае. Бомбите за када втор пат ги земам,мн убав мирис имаат. Вакви организери никад доста, особено кога имате 3 ќерки
Овие благи ги има уште или на флаер биле? Ептен ми изгледаат убаво, не ми се верува да сум ги промашила до толку да не ги видам. Или може само во големите маркети да ги има.
Ааа, дефинитивно таму не сум гледала, ќе одам утре да ги купам. Затоа ми падна чудно да не водам иначе на памет го знам и рафтот за благо и фрижидерот со благо, особено пудинзите панакота, карамел, тоа ми е омилено.