Страв од блискост после токсична врска

Дискусија во 'Сингл' започната од corapce, 20 октомври 2015.

  1. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.
    Ја отворам темава зашто верувам дека не сум единствената која, година - две после токсична и болна врска со човек што навистина сте го сакале, е сеуште сингл. Јас чувствувам страв од повторно зближување со било кој маж, од самата помисла на тортура, на нагло заминување и манипулирање... и како однапред да си пресудувам дека во никој од новите контакти нема потенцијал за ништо долго и позитивно.

    Или па ако случајно се случи да видам дека се е океј и дека има простор за здрава и долга врска,и дека дечкото ми се свиѓа се повлекувам зашто знам дека кога тогаш ке завши и дека повторно ќе боли премногу.

    Дали некој друг бил во оваа ситуација и како сте ја победиле? Верувам дека не е реална , но што со стравот од блискост? Како некој вид на траума да е... ?:x
     
    На Mala Hembra и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    195.032
    Пол:
    Женски
    Кога ќе го пронајдеш "оној" вистинскиот сите овие чувства и стравови ќе ти пројдат, ќе ти поминат само по себе и нема воопшто да се сетиш на нивната помисла верувај.

    Твојава ситуација сега е сосема нормална, и најверојатно сеуште не си наишла на оној вистинскиот кој ќе ти го освои срцето и ќе ти го зароби разумот па сите овие мисли и размислувања се причина поради погрешен човек.

    Љубовта се случува спонтано и ненаметливо, а кога ќе ја почуствуваш овие прашања нема секако да ти паднат на памет никогаш повеќе, верувај дека љубовта и оравиот човек постојат.
     
    На Petar80, tockaAa. и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Женски
    Nesto slicno e i kaj mene , kako bolest , strav od nova vrska od losite iskustva...
     
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    Многу ќе се пронајдеме во темава ... борба против сам себе ... меѓутоа кога од другата страна се чуствува подршка и внимание и љубов тогаш се е поинаку, се додека тоа не го осетиш не оди, не се туркај со сила.
     
    На Petar80, Bojana.20 и anakonda88 им се допаѓа ова.
  5. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Ех... Ироничнотот е што и ов започна така... јас по природа сум човек кој тешко стекнува доверба... на почетокот се беше баш како што велиш ти... и тоа е дел од стравот...
     
  6. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Ти успеа да го победиш овој страв? :)
     
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.553
    Допаѓања:
    44.518
    Пол:
    Женски
    За почеток ќе го искорениш стравот, за да не те победи. Ќе го тргнеш егото. И без страв ќе љубиш.:inlove:
    Секако не се сите мажи исти и немора да се повтори приказната. Всушност и услуга ти направиле, што ако би останала во таа " токсична врска ". Биди среќна што завршило и спремај се за нови љубови :l:
     
    На Petar80, Outlook, vanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    51.932
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе, уште да беше толку лесно да се излечи страв со мисли ко од Семе Синапово. Сите ќе си шеткавме среќни и заљубени во животот. Не се работи за тоа што не го нашла правиот човек, тој и да наиде таа нема да му дозволи да и’ се приближи. Од потсвеста излегува тој страв и не е толку лесно да се контролира. Всушност, воопшто не е лесно. Има име за оваа состојба - филофобија.

    @corapce, не можеш да чекаш едноставно да се случи, и сама знаеш дека во тебе е проблемот и на тоа треба да работиш. Веќе знаеш од каде е стравот. Нема сам од себе да помине.
    Пишувај, искажи се, анализирај, но пробај да останеш неутрална кога го правиш тоа... да не се повторуваат емоциите што си ги доживувала тогаш. Кога ќе видиш нешто на хартија одма станува појасно и делува како своевидна терапија. Можеби на темава ќе се појави некој со слично искуство што те разбира и може да помогне.
     
    На Mishela, do-re-mi, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    285.325
    Знам дека е тешко после таква врска да почнеш нова, но несмееш така да гледаш на работите.
    Не се сите луѓе исти.
    Треба да не гледаш со сомнеж кон секого.
    Кога веќе поминале две години, што е доволно време да изболедуваш љубов, дозволи им на луѓето да ти пријдат и да покажат ,,што знаат,,.
    Нека таа врска ти послужи како ,школо, за понатаму.
    Држи си ти ,,резерва,, кон дечковците, но не го покажувај тоа визуелно за да не бидеш она што го викаат ,,неверни Тома,, , така само ќе ги оддалечуваш од себе.
    Опушти се.
    Крај краева и да смениш неколку дечковци, не е страшно, девојка си, и ти личи да менуваш се додека не дојдеш до вистинскиот.
     
    На Petar80, crazylady, corapce и 2 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    195.032
    Пол:
    Женски
    Човек треба да проба, да искуси, да доживее и проживее за да знае. Секоја случка, минато, ситуација е всушност училиште за нас и нашиот живот. Стравовите секогаш ќе постојат, но животот е ризик, ако не ризикуваме нема да знаеме никогаш дали ќе ја најдеме среќата или пак ќе запамтиме поука од нашата направена грешка.
     
    На corapce и referentka им се допаѓа ова.
  11. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    9.196
    Човек учи додека е жив,а сите ние учиме од сопствените грешки.Така да разглабај си ја ситуацијата убаво и извади си ги сите лоши работи од нејзе,и ке видиш каде си погрешила и каде понатака не треба да грешиш.
     
    На corapce, joy1 и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.311
    Пол:
    Женски
    Не знам која е потребата од постојано отварање на нови теми, иако веќе постојат соодветни.

    @corapce, кога веќе си ја отворила темава, си требала попрецизно да објасниш како тоа вашата врска била „токсична“. Дали си трпела физичко или психичко насилство од негова страна? Зашто во тој случај има соодветна тема. Дали сте биле подложени на константни взаемни караници и однесувања со цел да се повредат чувствата на другиот? Каква тортура имаш преживеано? Што е тоа што било негативно во вашата врска? На крај ли нагло заминување? Манипулирање во која смисла, односно за какви работи?

    Вака е некако многу општо напишано и нормално е речиси секој да се пронајде. Но ако не не' снабдиш со поконкретни информации, темава ќе биде само филозофска и ништо повеќе. Кажи ја својата мака со вистинските зборови, за да можеме колку може подобро да ти помогнеме.

    Велиш страв ти е од нова врска и блискост. И само тоа е конкретно во оваа тема. Што да ти кажам? Во зависност од тоа што си преживеала, може да постојат различни начини за надминување на твојот страв. Јас можам само да ти кажам да си го искористиш статусот „сингл“ и да поуживаш малку во него. Да изанализираш што се случувало во твојата претходна врска, да се обидеш да ги препознаеш првите знаци на таквото однесување, некои ситници кои од заслепеност не си ги забележувала, а укажувале дека човекот е таков каков што е. Да се обидеш да уживаш малку сама, да бидеш задоволна сама со себе и најважно од се' - да почнеш повеќе да се цениш.

    Со еден збор, остави да помине малку време, да ти „легнат“ случките од бившата врска и потруди се да излезеш посилна од истата, според советите кои ти ги дадов погоре. Потоа, ослободи се од стравот и дозволи си да сакаш и да бидеш сакана од некој кој заслужува.

    Поентата не е да се влегува од една во друга врска, туку треба да се остави малку време за сопствена слобода, па потоа да се впуштате повторно во нови авантури.
     
    На marama, Tanjamm и ku4ence им се допаѓа ова.
  13. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.767
    Најтешка е борбата самата со себе, против себе и против чувствата..
    Во иста ситуација бев и јас.. Кога раскинав со бившиот, ќе запознаев друг и едвај чекав да згреши и да го отерам кај што не треба.. дека се плашев од зближување и повторно разочарување.
    Ми велеа другарките околу мене дека сум нeмала самодоверба, а и така беше. Maшките се лепеа по мене а јас не бев заинтересирана.. Мислев дека нешто не е во ред со мене.
    Но.. тоа се промени пред некој период, сега сум подобро, многу подобро иако на моменти имам силни флешбекови од минатото.
    Така да сега можам слободно да кажам дека тој период е сосема нормален и секое живо битие ќе се чувствува така после пропастот на лошата врска.
    Нема потреба од страв, кога некој ќе се чувствува дека е закрепнат и доволно подготвен за следен чекор тогаш може да размислува за нова врска.
    Не е поентата да се скока од една во друга врска, тоа е само лага со која се лажеш самата себе, а тогаш повеќе се повредуваш.
     
    На Petar80, corapce и Outlook им се допаѓа ова.
  14. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    Да :) и убаво е чуството:)
     
  15. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    @corapce секој почеток е убав, се запознавате, двајцата се трудите се да е розево на некој начин, понатаму се откриваат карактерите и што е најважно чуствата и намерите на партнерите. Твој страв е оправдан доколку си била во врска фактички која сама си ја одржувала и си ја разубавувала, тоа не значи дека секој е ист (глобално сите жени сме исти, сите мажи се исти, ама не е така) Ако постои дечко што се труди да те освои не велам да му олесниш :D нека се мачи малку, поинтересно е ако не друго :D сепак во одреден момент барикадите ќе паднат дури и тој ако не забележи и тогаш ќе си дозволиш спонтано да уживаш во неговото внимание и љубов без тој страв. Што се однесува до доверба, мила се знае дека не можеш целосно да веруваш во се, тоа си оди постепено, верувај 70% останатите се за тебе за секој случај, зш ако не оди потоа треба да продолжиш понатаму. Не си ускратувај себе си да сакаш и да те сакаат и да почуствуваш убава и здрава врска ако е дечкото ОК.
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.812
    Пол:
    Женски
    Jas posle vakvata vrska, posle mnogute nepotrebni pricini za nervozi i sfakjanjeto deka nema potreba da trpis nekoe neandertalsko kopile si se fativ so najverniot drugar. Preubavo mi e me pravi mnogu srekna, uste mozam da se seguvam so nego i da se salam na negova i moja smetka. Moj sovet e ako nekoj ti dava znaci na ljubov, ako nekoj dr te saka vednas da mu dades sansa. Veruvaj jas taka napraviv ima dve godini i nekolku meseci kako odime so deteto i se nemam pokaeno, zosto mislev treba vreme ova ona. Takvo cuvstvo deka ke me povredi i sl ne sum pocuvstvuvala nitu pak strav deka ke go izgubam. :*
     
    На Wahnsinn му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WishMaster

    WishMaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Машки
    Кога ќе бидеш подготвена, тој ќе се појави без да го бараш... И ќе почувствуваш дека овојпат е поинаку, и стравот ќе исчезне сам од себе... Научи ја лекцијата, крени ја главата и продолжи гордо напред ;)(hollest)
     
    На corapce и julie77 им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    4.166
    Не знам каков совет би ти дала, зошто и јас се наоѓам во слична ситуација. Помина скоро година дена откако раскинав со бившиот, и сигурна сум дека не го сакам веќе и го имам преболено, но.. Сепак, остави некој белег.

    Мислам дека се плашам од сите наредни машки што следат, и со тоа самата не си дозволувам да бидам среќна. Имав пропаднат обид за врска пред некој месец, и како преку тоа дете да му наплатував се она што не можев на бившиот. Лошо чувство..

    Сега, месец и нешто се гледам со еден тип, првиот што ми значи после "токсичната" врска, и сум во постојан страв да не се случи нешто, да не ме повреди, да не го изгубам, да не ме остави.. Настојувам се да правам како што треба, но делувам стегнато зошто всушност и сум. :) На негов најмал знак на невнимание сум избезумена и мислам дека сите бродови ми потонале и настапувам параноично во некоја мера, што од машка страна изгледа доста лошо. На речиси секоја постапка на новиот наоѓам начин да го споредам со бившиот, дека и двајцата на почетокот биле исти, слаткоречиви, мили и добри, дури и дека се двајцата ист знак во хороскоп велам дека овој ист ќе испадне.. Не ми се верува на сама себе.

    Она што треба да го сфатиме е дека нашите бивши веќе не се дел од нашиот живот, тогаш зошто да дозволиме да управуваат со истиот? Тие во моментот (најверојатно) се среќни и воопшто не размислуваат за нас, и си го тераат животот, тогаш зошто ние заради нив се да ставиме во застој? Ако самата не си го смениш својот state of mind во врска со ситуацијата, и најдобриот дечко да ти затропа на врата ти ќе го одминеш без да го забележиш. Ние всушност треба да си дозволиме да сме среќни самите на себе, зошто кој и да дојде нема да го направи тоа ако ние не сакаме.
     
    На crazylady, LivingGlam и corapce им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.692
    Допаѓања:
    50.097
    Пол:
    Женски
    Јас претрпев болна разделба и мислев никогаш нема да бидам со друг, не сакав да бидам со друг, си реков ќе ги вртам машките како тие што ги вртат женските но кога го запознав дечко ми се сменија нештата. Имав страв дека повторно ќе бидам така повредена и уништена, но некако тој (сегашниот дечко) ме промени, ми покажа дека не е така, дека не се сите исти. Сигурна сум во тоа дека секоја разочарана, повредена или исплашена девојка ќе си го најде тој кој го заслужува, само се во свое време.
     
    На Miss.M5, Wahnsinn и Outlook им се допаѓа ова.