Страв од брак

Дискусија во 'Брак' започната од gjyste, 9 март 2013.

  1. gjyste

    gjyste Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Здраво женски.. Се плашам од брак. Мислам дека кога ке се омажам и животот ке заврши за мене.. Со самото стапување во брак доаѓаат и другите проблеми како на пример: деца, нивно растење, школување, сметки плаќање итн. Си мислам дека тогаш скроз ке се запустам, нема флертување со други дечки, нема излегувања со другарки.. барем јас така мислам.. а најстрашното, од кое се плашам многу е дека мојот маж кога тогаш ќе ме изневери со друга, ќе си фаќа швалерки..се плашам дека кога тогаш мојот сопруг ке ја изгуби љубовта спрема мене.. Можеби кога ќе родам ке станам дебела и он нема да ме посакува,се плашам дека кога тогаш мојот сопруг ке ја изгуби љубовта спрема мене... ќе бара други жени ... пошто светот е полн со к*рви кои одат со ОЖЕНЕТИ МАЖИ.... како да го надминам овој страв??? :?:
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    СТРАВ ОД БРАК

    Ќе го надминеш кога ќе бидеш спремна за брак а од муабетот се гледа дека не си спремна.
     
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    2.886
    Пол:
    Женски
    СТРАВ ОД БРАК

    Де де, се во свое време. Кога ќе се заљубиш во некој, ќе сакаш да се омажиш нема да ти биде потребен флерт. Пак ќе си излегуваш со другарки додека немате деца, а и после-зошто да не ако имаш кој да ти ги чува. Ќе си излегувате заедно и со мажот ти.
    Животот не завршува со мажењето. Ќе имаш деца, па зарем тие не се животот? Зарем нивниот напредок не сакаш да го гледаш? Па мене ќе ми биде мило да давам пари за деца коишто учат и одат напред во животот.
    Ако те изневери, тогаш ќе му ја мислиш.
    И зошто уште сега се замараш не ми е јасно. :^) Кога ќе дојде проблемот ќе му ја мислиш и ќе се секираш. Вака се секираш дупло, уште пред да дошол проблемот.
    Уживкај си, живеј го животот, бидејќи како што и самата кажа, сепак некои работи ќе ти бидат ускратени. :)
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Ако ти е страв од брак- не се мажи.
    Next! :emo:
     
    На Lolo5, crazylady, AIT и 7 други им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Prvo se izvinuvam za latinicava.
    Vtoro-devojko imas 20 god., neli e malku rano za brak. Aj uzivaj si vo mladosta, izleguvaj, zurkaj se, flertuvaj itn.itn. a koga dovolno kje sozrees I porasnesh nema da te plasat I sekiraat vakvi prashanja.
    Sega za sega uzivaj.
     
  6. Tazna-solzicka

    Tazna-solzicka Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    23
    Јас имам 32 години и помислата на брак ужасно ме плаши, пред се ме плашат промените на телото во текот на бременоста и потоа. Се појавуваат стрии по стомако,т вагината се шири т.е не е онака цврста како порано, градите стануваат по млитави..... Тоа од аспект на телото, а кога на тоа ќе се додаде стравот од тоа да се биде цел живот со 1 човек а што ако 1 ден исчезне љубовта? Мислам милион прашалници ми вртат над глава, а времето си поминува. Добро сега за сега немам ни партнер но времето си поминува мојот биолошки часовник отчукува. Знаете имам дилема и размислувам за некоја варијанта да си родам дете без да се мажам, едноставно да ме оплоди некој и да му раскинам и така нема да знае дека сум трудна. Или да појдам кај тетками во Битола, да останам некое време и кога ќе зачнам да си дојдам во СК така е уште поубавобидејки доколку е од СК може да пресмета и да свати дека носам негово дете и да прави проблеми.
     
    На tigrica92 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Izvini vaka , ama poslednava recenica ....mnogu nezrelo I nesovesno ramisluvanje od 32 god. devojka.
    Nekako podmukla I pokvarena postapka bi bilo od nekogo da zatrudnis I potoa da kries deka imas dete od nego.
    Ne znam dali kaj nas ima od onie banki za vestacko oploduvanje so donatorska sperma, toa e podobra varijanta.

    Od druga strana mislam deka ako eden den nesudeniot tatko doznae sto si napravila moze I komotno da te tuzi, pa duri I da te vlecka po sudovi za staratelstvo.....taka sto izbrisi si ja ovaa ideja od glavata I ne si ja baraj so sila beljata.
    Pozdrav I sekoe dobro.
     
    На Vikiliks, Annath, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tazna-solzicka

    Tazna-solzicka Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    23
    Нема во македонија банка на сперма а и да има тоа е цела процедура а и и коштало доста. Што се однесу до мојата варијанта прво нема шанси да дознае затоа што нема да знае ниој освен мене, а фторо зошто би се чувствува некој искористен зарем кога свршуваат надвор колку животи така уништуваат мажите, вака нема да биде уништен жиот туку напротив.
     
  9. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.522
    Што ли те доведе до вакви мисли дека ако изчезне љубовта ,со еден маж цел живот ,ми изгледаш ептем разочарана од животот ,зошто вакви неубави мисли.А што не почнеш да мислиш дека ке си најдеш некој кој ке ти биде маж ,истовремено најверен другар,подршка во животот ,значи ти сама си имаш заклучено дека не треба да се мажиш ,мисли малку позитивно зашто верувај ова што го прочитав од тебе никаде не води,може само проблеми да ти донесе ништо повеќе.
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    75.662
    Пол:
    Женски
    Прво многу си млада за брак.Второ не може цел живот да бидеш на товар на твоите да ти плаќаат сметки.Во бракот не се запустува туку се созрева.Сега имаш со кого да излегуваш а што ќе биде кога сите блиски ќе се омажат ,отселат...со кого ќе излегуваш???Ќе излезеш и ќе ти се пуштат деца,зашто оние од твојата генерација се проберени и зафатени.Можеби звучи без врска ,ама ти ги кажувам реалните проблеми ако останеш сама.Мене повеќе би ме плашело дали ќе најдам човек кој искрено ќе ме сака и обратно.Ако најдеш таков тогаш желбата за брак ќе се роди.
    И да не раѓаш драга моја телото си старее.Стрии може да добиеш и ако ја покачиш килажата ,па ослабнеш.Уште некоја година и гравитацијата ќе си го направи своето на градите.А веќе во вториот дел од постот признаваш дека размислуваш за дете.Значи природата си го прави своето.Затоа опушти се ,побарај партер кој ќе ти го освои срцето и ќе формираш семејство.Желбата само да родиш дете без татко,мислам без тој да знае, мене лично не ми изгледа привлечно.Искрено не знам како ќе се снајдеш во таква ситуација.Многу среќа.
     
    На Moira, ilipili, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tazna-solzicka

    Tazna-solzicka Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    23
    Уф, незнам што ќе правам размислувајки на темаа цела нок не заспав, се превртував до 6 часот потоа решив дека нема спиење и дека е подобро да станам. Се согласувам дека е тешко да гледаш дете сама во денешно време ниту работата не е сигурна така да детето е огромна обвска. Но од друга страна бракот е уште поголема обрска премногу те ограничува ти ја одзема сексуалната слобода, а да останеш без наследник тогаш џабе се трудиш во животот кога ќе немаш на кого да го оставиш тоа што си го стекнала во текот на животот. Многу дилеми и недоумици ме мачат искрено многу сум напната во последно време. Незнам за која варијанта да се одлучам, за која и да се одлучам секако ќе биде последната и многу ќе изгубам а најмногу ми е жал што ќе си ја изгубам слободата што сега си ја имам.
     
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.617
    Ке си најдеш маж со европски сваќање и ке немаш проблем.Бракот е договор како ке се договорите така ке си живеете,ни јас не сум во брак,ама па не гледам така црно како тебе.поздрав
     
  13. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Па нели стравот од брак се должеше на стравот од промените на телото, а после бараш некој што ќе те затрудни без да знаеш??? Твоето не е страв од брак туку страв од осаменост. Кога ќе се појави вистинскиот со кого ќе имаш потреба да се заспиваш и да се будиш, да го гледаш секој ден, да направите дете и да го очекувате неговото раѓање е тогаш стравот од промената на телото ќе заборавиш дека постоел, а бракот ќе биде нешто со кое ќе се гордееш.
     
    На AIT, Moira, elisabeta и 2 други им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    А дали размисли утре кога детето ќе те прашува кој му е татко што ќе му речеш? Стварно мислиш дека ќе можеш да го лажеш цел живот? Оти нема да е дете засекогаш, ќе порасне, а кога ќе порасне ќе има секакво право да си го бара таткото, ќе напне за вистината, ќе издржиш ли на секоја драма дома да не пукнеш и да не му признаеш што си направила, и ќе врзува два со два, ќе бара, како ќе го спречиш, ќе го врзеш во подрум?
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.246
    Колку себично, пресебично, незрело, глупаво, злобно мислење. :x Тешко тебе во животов со ваков ум. Мислам, дај, сериозна си? :fubar:
     
    На Vikiliks и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  16. Tazna-solzicka

    Tazna-solzicka Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    23
    Да сосема сум сериозна бидејки неможам себеси да се замислам како домакинка, и како жена која некому дава отчет каде била, што правела, па ако заѕвони телефон кој бил...... Мислам тие работи ужасно ме нервираат а знам дека се случуваат во скоро секој брак малтене во 99,9% бракови. Знаете јас сум самостојна девојка уште од 19 години и никому не полагам рачун, научена сум да живеам слооден живот можеби затоа и не сум имала подолга врска од 8 мецеси затоа што некако бргу ми здосадуваат работите. А зошто мислите дека е подло и злобно? Заради тоа што реков дека сакам некој само да ме оплоди? Што има лошо во тоа, и немислам тоа да го направам веднаш туку таму некаде кон крајот на четвртата деценија. И, незнам зошто мислите дека би имала проблеми кога оној што ќе ме оплоди може да биде и надвор од Македонија на пример 1 месец одмор некаде на приморје интензивно конзумирање секс и ваљда ќе се фати. А, и така често патувам надвор деловно така да имам доволно прилики. Сега засега земам анти бејби пилули па не сум била во можно да пробам дали лесно зачнувам или не таа да има многу варијанти да имаш се во животот и довоно љубов и се а да ја заобиколиш институцијата брак.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.617
    Добро де ништо страшно,ако несакаш немора,и незнам што сакаш да ти кажеме,дали очекуваш подршка или критики,терај си како што си мислиш и уживај,не си ни прва ни последна. ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    24.960
    Пол:
    Женски
    Во многу од твоите размислувања се пронаоѓам. Исто како јас да сум пишувала пред едно 10-тина години, ама :!: откако си го пронајдов либенцево сфатив дека за многу размислувања сум била во заблуда. Не се сите мажи исти и не секој е болно љубоморен, па да ти ја загрозува слободата. Не вреди заради твоите сегашни стравови од сега да се откажуваш да си најдеш некој кој ќе биде токму за тебе т.е сродна душа во секој поглед. А има таков, некаде.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.023
    Допаѓања:
    135.096
    Пол:
    Женски
    Кога ќе го сретнеш вистинскиот човек, поинаку ќе размислуваш. Ова од лично искуство. Твоите постови ме опишуваат мене пред нешто повеќе од 4 години. Затоа, немој да се опседнуваш со такви мисли, уживај и ќе го сретнеш твојот човек кога најмалку се надеваш.

    Јас мислев дека нема да се омажам, дека ќе бидам жена со кариера и ќе родам дете од некој, било кој, оти не можев да се замислам да функционирам во заедница. Ама животот имал други планови за мене :)

    Верувам дека наскоро ќе го промениш мислењето ;)
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    20.660
    Пол:
    Женски
    Знаеш што, никогаш не речи никогаш :D Ќе ти кажам дека многу луѓе поминале низ твојава фаза, меѓу кои и јас. Јас велев НИКОГАШ, па еве сега тоа ми е сосема нормално. Врската и бракот функционираат како ти, односно вие ќе се договорите и уиграте. Ќе ти кажам за себе, јас сум човек кој се ужасува од самата помисла свадба правење, а јас во бело аууу сачувај боже (баш ова ми беше првата кочница за брак), и знаеш што мојот партнер ми рече, добро несакаш да бидеш невеста во бело, несакаш, па нема со сила, ајде тоа ќе биде наш момент со најблиските. Значи не како треба од народот, туку како ни е нас убаво. Второ се ужасував на некој јас да му готвам,му перам, пеглам, чистам, а тој да биде МАЖ во куќата. Ете сега него ништо од ова не му е проблем (освен машина за перење), обожава човеков да спрема јадење, се разбира некогаш и јас. Ете и вторава пречка ми е надмината.
    Поентата ми е не се оптеретувај пред време. Кога ќе дојде право време и прав маж тогаш ќе го правиме муабетов.
    А тоа со правењето на бебе во друг град или на море како ти беше батали, не заебавај. Така можеш некоја беља или не дај боже болест да си навлечеш. Имаш уште многу време пред себе, остави ги работите да си одат природно, па може и ќе се изненадиш.
     
    На tigrica92 и encimenci им се допаѓа ова.