уххх...девојки...за мене ова е многу осетлива тема....10 години каде што имам возачка дозвола,,и дури сега почнав по малку да возам на кратки релации,,дури сега почнувам да ја разбивам тремата во мене,,стравот...ве молам пишете ваше искуство..со кого возевте после положувањето?..кој ви помогна,,како разбивте трема?.....јас почнав сама,,ако ми покажуваше некој друг уште толку ми губеше волја..се разочарував како нешто невозможно да е...а се што сум правела во животот ,се трудев да биде најдобро..а сега со возењево ми изгледаше невозможно...можеби веќе има ваква тема но јас не успеав да ја најџдам,,ако веќе има може во канта да оди хехе........споделете ваше искуство..ми требааа волја,,надеж дека еден ден ќе станам супер шофер..хехе
1. Ваква тема веќе има. 2. Добро што си го совладала пишувањето на кирилица, ај сега и голема буква. 3. Наместо запирки користиш долни наводници. 4. После интерпункциски знак се остава празно место. 5. Нема таков интерпункциски знак со пет точки. И тоа, имај убав ден
Можеби ако насловот се смени во 'Страв од возење автомобил', имаме нова тема која е вредна за одговори. Има многу луѓе кои се соочуваат со истото. Имаат возачки дозволи, ама се тресат зад волан иако сакаат да го надминат тоа. @ssiillaa те разбирам. Сама не можеш, ако има некој до тебе те фаќа уште поголема трема. Не сум возач, ама за други работи се соочувам со истото и не сум нашла начин да си помогнам, па не можам да ти кажам како да го надминеш. Остај тоа со волја и упорност, знам дека кога има некоја внатрешна пречка едноставно не оди. Стравот секогаш доаѓа од некаде. Ако успееш да ја откриеш причината, можеби ќе го најдеш и решението.
@ssiillaa и јас сум во слична ситуација, на прсти се бројат моите возења откако сум положила. Не дека не знам да возам и сум несигурна во себе, туку кога гледам како се вози низ Скопје, страв ми е од дома да излезам дури и како пешак. Ужасно е, не се почитуваат никакви сообраќајни правила, немаме никаква сообраќајна култура, мене возењето во шпиц гужва ми е стресно и како совозач. Упорно кочам на непостоечката кочница пред мене Татко ми дечко ми упорно ме убедуваат да седнам да возам, ама јас секогаш си наоѓам изговори. Еее не можам да возам со балетанки, еее сега штикли носам, еее возачката дома ја заборавив (на што дечко ми се понудил да ми ја плати казната ако ме сопрат ). Вака кога ќе се сетам, имав голема желба за возење порано. Не знам што се случи, можеби сфатив дека возењето низ Скопје не е како она на колички во Луна Парк Додека учев да возам, редовно се среќавав со секакви будали, за кои инструкторот ми викаше да ги игнорирам. Тој ги пцуеше низ прозор место мене Што знам, можеби тој страв ми се продлабочи откако татко ми направи тешка сообраќајка. Со години се канам да почнам редовно да возам, зашто некогаш стварно е потреба. И жално е да имаш возачка, да имаш кола, а да ти стои во двор.
И јас имав страв на почетокот,а сега страв ми е само татко ми кога го возам,не за друго,он е ептен искусен возач и стално маани ми наоѓа,јас дупло во стрес и ништо не сме напраиле @ssiillaa Ти советувам прво да возиш на помали релации,и не во големи гужви.Уште полошо е ако бараш паркинг во центар на град,мене паркирањето ми е најхорор од цела вожња.Сама најубаво би ти било,бидејќи ќе бидеш концентрирана,но кога веќе не можеш,викни некој што знае да вози ама и што те опушта.Јас секогаш кога можам го викам брат ми,иако е 15 години,ми влева храброст,башка и тој знае да вози,и подруго е чувството. Само најбитно е полека да ја навикнеш колата,сообраќајот и гужвата. А што ќе има будали што се испречуваат,ќе има.Само смирено,брзината според ограниченоста,рефлексите истренирани и то.
Татко ми, покрај се, ми напнуваше да полагам за кола. Јас неможам да се замислам зад воланот. Кога седам зад него ме фаќа паника, ми се чини зајче на пат само да помини јас ќе испаничам и ќе кренам рацете од воланот. Никогаш не сум можела да се замислам како возач и нека остани така додека не сум малце посигурна ... подобро вака.
Маж ми го има овој проблем , возачка има од 18 години , веќе 10 години и почна да вози поради тоа што го натеравме јас и татко му ( и јас не возам инаку-немам возачка) Почна лани , со помош на татко му двапати седна , но човек се гледа кога има страв , го затегаше воланот , му течеше пот по лицето како река.. Возеше така еден месец и тоа само кога излегувавме јас и он навечер , се додека не се удривме во друга кола - среќа беше паркирана и го поминавме со удрена врата и изгребан браник за среќа и од тогаш сосема престана да вози. Јас се разочарав , но од друга страна мислам дека е подобро што вика неможам да возам имам страв и крај - веќе не возам одколку да направи утре некоја белја не дај Боже..
Јас имав страв од возење автомобил, кој со тек на време стана се помал... Се појави во 2005 година, ми пресекоа пат на 2 полни ленти, имав тешка сообраќајка во која одвај останав жива. Сега не ми е страв да фатам волан... ама не влегувам кај секого во кола.
Од кога положив возам секој ден , сама најчесто и со децата ! Страв немам ,првите пати кога почнував да возам ми беше чудно ама се изгуби тоа. Не мислам што ќе се случи ако се случи .. Јас возењето го гледам како потреба , без кола неможам никаде да мрднам. Сама треба да си дадеш мотив дека можеш да возиш!
Исто и јас. http://libertas.mk/13-годишно-дете-загина-на-илинденска-во/ Лудаци возат по скопскиве улици, вчера како ќе ме треснеше кола на пешачки кај мене. Абер немаат да застанат, убиваат пешаци ко од шала. Да е до мене, сегашниве казни троструко ќе ги зголемам. Не може секој мочко што ќе влезе у аудито на татичко, да се понаша ко господ да се симнал на земјата.
ОК, прво да ти кажам, одредена доза на страв е добра работа кога се работи за возење кола - тие што ги прават најголемите сообраќајки не се оние „уплашените“ шофери, туку баш оние кои имаат преголема (и неоснована) самодоверба. Второ, треба да откриеш од што всушност се плашиш кога се работи за возењето - дали за тоа дека нешто ќе ти се случи на тебе, дека ти ќе направиш нешто на другите учесници во сообраќајот или едноставно, не си доволно сигурна во себе? 10 години пауза не се малце, а сообраќајот во Скопје е доста сменет (на полошо, секако). За почеток, треба да стекнеш рутина и сигурност во самата себе. Ако возиш сама, за почеток бирај некои мртви периоди - недела отсабајле, на пример, кога нема гужви. Ако се одлучиш да се возиш со некој, гледај тој некој да не ти предизвикува тензии и дополнителен стрес - нема ништо полошо од совозач кој стално критикува. Или нека биде некој кој вистински ќе те посоветува, ако не, некој што ќе ќути. На крај, можеш и да земеш некој час со авто-школа, чисто да стекнеш осет за градот и возењето. За крај, вози со брзина со која ти се осеќаш сигурна - макар тоа било и 40 на час. Многумина забораваат дека дозволена брзина во град е 60 (а ако се усвојат новите законски измени од наредниот месец ќе биде и 50) и дека у град нема лента „за претекнување“ - сите се само за возење. Ти вози онака како што ти одговара, а се додека си у законски дозволените рамки, останатите возачи можат да свират и да се нервираат колку сакаат. Не обрнувај внимание на таквите и - само храбро! Поздрав!
Сила се е до психата на човек, ако си заземала ваков страв и став уште од одамна тешко дека ќе се вратиш во нормала и ќе го пребродиш стравот во тебе. Ако толку многу те влече возењето и имаш баш потреба од истото единствен начин е како што велат "соочи се со стравот" и продолжи да го држиш до тебе за да го пребродиш. Како за почеток почни да возиш на места каде што нема сообраќај со нечија придружба, и подоцна самата ти ќе процениш кога е време да излезеш во сообраќајот и лека полека да го потиснуваш тој страв што го имаш. Ќе видиш дека со тек на време ќе биде подобро а и самата пракса околу возењето си го прави своето. Што повеќе праксираш тоа помалку стравуваш.
И јас не возам, бар не во СКопје, страв ми е, многу возила ми се. СТрав ми е дека ке згазам некој на душа ке го носам. А во која држава би возела?
И јас имам страв од возење ама не поради себе и својата несигурност туку поради тоа што сметам дека голем дел од возачите немаат три чисти од ,,шоферл'к,, И со право се плашиме. За некои шофери никакви правила не важат. И морам да бидам контра својот пол да нагласам дека ние жените сме крајно безобразни во сообраќајот. Некоректни...забораваме дека во сообраќајот не важи џентламенство
http://www.economist.com/blogs/economist-explains/2014/02/economist-explains-16 Еве јас кај би возела. "We simply do not accept any deaths or injuries on our roads," says Hans Berg of the national transport agency. Swedes believe—and are now proving—that they can have mobility and safety at the same time. Браво за Швеѓаните и нивното успешно справување со сообраќајната криза и жртви на патиштата. Треба да се вложи во нешто, а не само со казни да се решаваат работите. И јас не возам, страв ми е пешки што одам, не зад волан да седнам.
Не планирав да оговорам на темава бидејќи сметам дека не сум компетентна. Ама ова ми привлече внимание. Јас сум далеку од возење, ама кога се возам со татко ми примеќам дека бавните возила претставуваат уште поголема опасност. Ова веројатно не важи за во град, ама на регионален пат е многу опасно. Треба сите возила да те преминуваат, и со тоа ствараш многу поголема опасност, како за себе, така и за другите. Секако не зборувам да се вози 100 на саат, ама 40 е премногу бавно и опасно.
Јас имам голем страв од возење не знам зошто ама цело време мислам дека ако се качам во автомобилот и ако утнам нешто дека ќе стане голема беља... Инаку јас требаше оваа лето да полагам ама ми се натрупаа плус многу работи и ја баталив таа работа. Планирам догодина летно време да одам
Бидејќи работното место ми е на 7-8 км од каде што живеам, се наканив да почнам да полагам за кола. Заврши и тоа успешно и веќе 3 месеци сум положена. Не завозив веднаш бидејќи као ќе почекам да излезе некоја зачувена кола на старо па да купиме, ама за 8 Септември мораше да одам на работа а автобуските линии беа укинати и тогаш прв пат влегов во кола за до работа. Од тогаш стално си возам, не сум имала некој инциндент до сега пу пу не дај боже, и немам страв. Немам проблем со паркирање, рикверц, итн. мада колата е дизел па е многу лесна за возење.