Се повеќе лица кои ги знам се плашат да примаат вакцина инекција и Сл поради страв од иглата. Дали вие имате ваква фобија и како се соочувате со неа ?
Не дека имам страв, туку ми е језиво кога гледам како се вбгризнува. Затоа најчесто кога ме боцкаат си најдам дистракција на страна, гледам во неа и не мислам на иглата.
И мене ми беше гадно порано, ама повеќе не. Сакам да гледам кога ме буцкаат. Пред саат и пол ми земаа крв. Ама ме зашиба сестрата! Ама па од прва ја погоди вената
Не ми е страв, ама не сакам ни да гледам кога ме боцкаат језиво ми е. Ја вртам само главата настрана и чекам да завршат работа. Така и со крв земање и со вакцини.
Јас имам огромна фобија од игли, крв и слично, сум паѓала во несвест многу пати, а и сум плачела дури ми земале крв. Не знам како да ја надминам, ми трае од кога бев мала.
За вакцина до сега не сум имала проблем но, за вадење крв од вена мислам дека Господ ми доаѓа пред очи во моментот кога ќе го осетам памукот на рака. Пред 2-3 недели ми земаа крв, пола саат се убедувавме со сестрата за на крај да дојде друга сестра и ме држеше за другата рака и нозе и ми правеше муабет без престан . Поглед на страна и постојано зборење е најверојатно решение за полесно да се помине, мада и тоа е критично кај мене .
Да ти кажам и мене ми беше многу страв. Не од вакцина ко вакцина, туку баш од игли. Па и кога видиш на реклама (постер) толкава игла ставиле, страв да го фати човекот и кого не е страв Бев потресена целиот ден пред вакцината. Им кажав таму, срам- не срам, таа што ме боцкаше ми рече: сврти глава, читај таму што пишува и кога ме боцна абе ништо не осетив. Алал да и е, што нежна рака имаше.
Јас воопшто немам страв, ниту да ме боцкаат, ниту јас да боцкам. Дури и јако ми е, и си гледам во иглата додека ме боцкаат. Како мала, мајка ми никогаш не ми викаше “ич нема да боли”. Секогаш ми викаше “ ќе боли малку”, и некако си бев психички спремна дека малку ќе ме боли, и никогаш не ми беше страв.
Немам страв од игли, можеби е чудно но дури и интересно ми е да гледам како ме боцкаат. А како мал сум бил ептен проблематичен и ме држеле два-тројца за да ми стават инекција или да ми извадат крв. Сега па тоа ми е струката и вадењето капиларна и венска крв ќе ми биде рутина така да немам проблем со тоа. За тие што имаат фобија од игли препорачливо е да се посети стручно лице. Бидејќи овие фобии настануваат најчесто ако сме имале лошо искуство , јас како мал имав премногу лошо трауматско и болно искуство на заболекар и буквално развив страшна фобија од стоматолози која траеше 3-4 години. Бев на психолог и менував забар неколку пати заради страв од повторно такво искуство. Првиот пат кога ги правев со анестезија и кога го видов металниот шприц буквално срцето ми застана мислејќи дека ќе биде екстремно болно. Откако си го најдов соодветниот стоматолог еве веќе 3-4та година како одам на стоматолог без таа фобија која постоеше пред тоа , сепак пак ми е непријатно кога одам но споредбено со тоа што беше пред 8-9 години сега е топ.
Мене порано ми беше страшна и трауматична секоја средба со игли, ама кога бев веќе средно почнав да се терам себе си секој пат кога одам да ми земаат крв или да ме боцнат да зјапам во тоа што го прават, или да гледам додека на некој друг му земаат крв, и ми се подобри.Мислам дека најмногу ми беше зашто сум многу осетлива на физичка болка, еве уште сум драматична кога ме боли нешто, ама да, ако имате огромен страв единствено решение е да се терате да го правите тоа што е неудобно.
Колку што знам, фобијата од крв е невролошки процес, а не психички. Си живееш со тоа, цел живот. И најбитно, нема срам за тоа
Znaci od kako znam za sebe imam strav od strav od injekcii duri zabite nemozam da si gi sredam a moram Hitno ama pusto aj kako znaci igla se spremam jas veke vo nesvest
Не ми е страв крводарител сум, само ми е језиво да гледам. И покрај тоа што ми ја пукнаа вената на последното дарување, не се откажувам.
Не ми е страв ама не можам да гледам игли. Па и на секое земање крв, ми пукаат вените, па уште погрдо ми е
Јас да земам крв/да го боцнам на некого можам без проблем, не ми е гад. А и полесно е кога нешто е на друг... Ама на себеси воопшто не сакам, зошто имам нежна кожа, ми се прават модрици од земање крв од вена на пример и самата помисла од тоа ми прави некој бед филинг. Од помислата на болка за да земам лекарско за полагање за возачка кога требаше крвна група да ми се испита ми се слоши кога ми земаа крв, цела болница на нозе, се исплашија што ми е. Па и не можеа да ми ја погодат вената и дополнително некоја паника у момент ми дојде. Жив срам кога ќе ми текне...
Немам страв од игли. Секој ден скоро боцкам некого Имам страв, не страв у ствари ама мразам болка...пд што и да е. Со ботокс гоблен ме направија во последно време и таа е единствена корисна болка која радо ја трпам. Забележав дека помалку боли ако ја гледам иглата како влегува.
Малку сум трипанофобична,ама си повторувам во себе дека мора да ме боцнат.Понекогаш и се онесвестувам. Пред две години ми беше посебно интересно и непријатно во исто време кога ми земаа крв заради испитувања пред војници. Они се трудеа да ме храбрат,а јас се онесвестив.Ми идеше да пропаднам во земја.