Страв од лекови

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 22 април 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    Дали лековите лечат или лекуваат?

    Добив алергија од таблети декортил, лошо ми делуваа и сега, врувајте ми луѓе, имам уплав од лекови.
    Читам нуспојави, контраиндикации, човек за глава да се фати...од можни мозочни удари, гушење, неурози, несоници идр...значи купишта несакани ефекти...Па ајде пиј сега:(

    Правев испитување на витамин Д и на долна граница ми е резултатот..ми препишаа капки вигантол..откако го прочитав упатството и откако видов што можни лоши ефекти дава, јас ги фрлив...
    Имате ли и вие ваков страв од лекови како мене, незнам што ми стана..уплав имам, несакам ништо да се напијам:(
    Имате ли обичај да го читате упатството на лекот и да најдете кои се контраиндикации предизвикуваат?
     
    Последна измена: 22 април 2018
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    Зарем само јас имам уплав од контра ефектите на лековите:(
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.312
    Допаѓања:
    109.965
    Пол:
    Женски
    Можно е да си била алергична на некоја состојка што ја содржи лекот.
    Јас на пример не пијам амоксиклав бидејќи имам контра ефект ама затоа со други лекови немам проблем.
    Колку повеќе си ја оптеретуваш психата толку повеќе ќе ти расте уплавот.
     
    На baba Rada, CaraMia и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    29.009
    Пол:
    Женски
    Де мори бабе....
    Контраефект и од хранава што ја јадеме има и ќе има, од воздухот што го дишеме- ич па да не навлегувам.
    Апни си, од апче не умрел никој.
    Без апче да. :D
     
    На Milobebence, Dadusicka, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    4.502
    Пол:
    Машки
    Немам страв но не сакам да ги смислам, ниту лекови ниту вакцини. Кога ќе ги погледнам несаканите појави на лековите или вакцините си велам зошто со здрава нога во трн да газам? Кај одредени вакцини и лекови како несакана појава стои смрт така да не фала за лекови и вакцини.
     
    На baba Rada, ALISA0000 и fina erika им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.350
    Допаѓања:
    9.252
    Пол:
    Машки
    Нема шанси да лечат, ја мислам дека лекуваат.
     
    На Someonespecial, Sanjichka007, makedonkamak и 5 други им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.350
    Допаѓања:
    9.252
    Пол:
    Машки
    Е ако де, и неземањето лекови и невакцинирањето се природна селекција.
     
    На Someonespecial, Sanjichka007, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    4.502
    Пол:
    Машки
    :wasntme: Претпоставувам знаеш што е природна селекција.
     
    На baba Rada и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.617
    Допаѓања:
    19.216
    Пол:
    Женски
    Можеби си била алергична или нетолерантна на некоја супстанца од лекот.Јас гајле немам за лекови нит читам тоа контраиндикации нит ништо, макар да немам пиено посилно апче од Амоксиклав и Цефалексин да чукнам во дрво.Ама некогаш е добро да се читаат упатствата бидејќи не секој организам добро ги поднесува сите апчиња.Баба ми пред контрола леле леле што ќе каже докторот и ќе дигне притисок и шеќер пред ординација и пие апче за ова,ова ,ова...И почнаа несаканите ефекти.Киселини, болки, несвестици и Алцхајмер..Дедо ми сите лекови еден до последен ги фрли мрзи доктори и апчиња.70 години сам се лечи за се..
    Кузнае што пиеме.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lilo

    lilo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Оди направи си тест на кои лекови си алергична.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    Најпрво да се извинам, ете ти ми ја предочи грешката..јас сакав да прашам ДАЛИ ЛЕКОВИТЕ ЛЕЧАТ ИЛИ УБИВААТ...незнам дали може сега тоа да се промени, но на тоа мислев.

    Фобија добив од читање на упатствата на лекови..после неколку лоши контра ефекти, јас навистина се мислам дали ЛЕКОВИТЕ НЕ ЛЕЧАТ ИЛИ НЕ УБИВААТ, дали ние се лечиме со смртоносно оружје.
    Земете било кој лек и прочитајте што се може да ви се случи....ќе ги спомнам лековите за хемотерапија на пр...па тие повеќе ќе те разорат отоколку што ќе те излешат..имам пријателки кои се оперираа од карцином на дојка и не сакаа да примаат хемоптерапија..па ете, тие се добри, фала богу, додека тие што примаа хепо, поминаа тешка голгота со контра ефектите и стравот дека карциномот повторно ќе се појави...

    Имаше една книга за опасностите од лекови..замислите, смртноста од контра ефектите била причина за големата смртност на луѓето, на трето место во светот.

    Затоа, читајте го упатството на лековите!!
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.583
    Допаѓања:
    94.030
    Заговор е се', да не отрујат малку по малку со лекови сите.
    Изгледа не си имала мака заради која без лек не би можела да функционираш па затоа вака филозофираш. Луѓе со лекови се одржуваат во живот. Е сега, погрешни терапии, контра ефекти, лекување на своја рака и слично има, ама и без нив не се може.
     
    На Milobebence, ivi1987, LiliBoz и 9 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    Тоа дека има заговор да се истреби популацијава на земјинава топка, има, верувам дека тие што владеат со светот сакаат да не намалат и затоа не трујат со лекови, хемија преку воздух, отрови во почва, разни вируси идр.


    Имав мака со здравјето, но господ го видов од контраиндикациите, завршив на дежурна..така да не филозофирам..едно лечиш е работата а друго упропастуваш....Битно е дека сега имам страв во коски..аналгин пијам и на огледало се гледам.

    Кога човек ќе се изгори и на јогурт дува:(
     
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.901
    Допаѓања:
    113.386
    Лековите се опасни при грешна дијагноза, алергии и земање на лекови без препорака на доктор. Во спротивно се доста корисни. Е сега за пишаните несакани ефекти. Оние најчестите и полесните се природни и нормални, како дуење или благо покачување на температурата и најчесто варираат од организам до оргазам. Другите се во комбинација со трите работи од погоре. Пример, лично мене ме боли желудник од повеќето апчиња зошто јас имам проблем со него. Јас и помфрит да каснам ќе ме фати. Мајка ми е агресивно алергична на супстанца и ако пие апче со таа супстанца - можи да резултира со смрт. Во несакани последици мора да го пишува и тоа зошто ете некој алергичен, без консултација со лекар чита упатство. Пиши дека не се умира од леко и пие. А, тој агресивно алергичен. Смрт.
    Така да, пиј препишани лекови.
     
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.973
    Пол:
    Женски
    Вигантол и бебињата штотуку излезени од болница пијат по препорака на доктор.
    Штом ти имаш потреба од тој лек, пиј го во препорачаната доза.
    Не се трауматизирај без потреба.
    Секој лек има контраиндикации. Ако видиш т.е осетиш најмала промена на било кој лек ќе го прекинеш веднаш.
    Дека треба да се чита упатството, треба и тоа задолжително, како и да се придржува кон истото.
    Не дај боже да имаш потреба да пиеш лекови и од нив животот да ти зависи.
    Придобивките од лековите не ги коментирам, излишно е.
    ( бабо мор, сакаш остеопораза да фанеш)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    18.665
    Пол:
    Женски
    Бабе тебе проливот те нема фатено во животов па да откиреш дали лековите уз оваа дијагноза лечат или убиваат.
    А маларија ич од ич те нема допрено иако во твое време потфаќала,потстесувала ваму-таму по некој маларичната треска.
    Бабе бре ич не се замарај со теории на заговор,ставање упатства под лупа ќе те заболе глаата а ко што имаш фобија од апче и ќе те боли во таков бол не знам што инспирација за каква нова тема ќе те потфати;)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.061
    Допаѓања:
    160.692
    Пол:
    Женски
    Добро бе, мислите ли вие малце дека тука ве читаат и луѓе со којзнае какви сѐ не физички заболувања за кои се неопходни лекарства, па можеби плус и полни со стравови, анксиозност и сл.? Или само драми да се прават и теории на заговор да се тераат?
     
    На crimson, Ex Luna Scientia, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    19.290
    Пол:
    Женски
    Јас гајле немам од лекови :D . Алергии немам за сега , освен од оние за болки во желудник , од други лекови не сум имала никакви лоши реакции . Не ми текнува како се викаше лекот , ама е доста популарен во градов ако те боли желудник , веднаш добиваш рецептче за истиот . Епа , кога ме болеше мене желудникот , ми го препишаа лекот , и нормално почнав со терапија , ама наместо да се намалува болката , кај мене беше се полошо , и го прекинав . Подоцна изби проблемот кој требало да го третирам , а докториве поим немале дека таа бактерија создавала такви болки :envy: . Оттогаш наваму , желудников органски не ми го поднесува лекот што го споменав погоре .
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    Мораш на секоја моја тема да идеш контра, ниту да размислиш дали си во право или грешиш душа(ко по обичај ти е тоа)...па ете де, јас сум таа што ми стана страв од несаканите дејства на лековите, искусив на своја кожа и затоа ја отворив темава, секој да може да се искаже, секој да се подзамисли дали треба веднаш да посегнеме по лекови или да примениме алтернативни начини на лекување...некако стана навика за се нешто што ќе не здоболи, веднаш апчето, вештачки витамини е полесно да се земат отколку да исцедиме сокови од приридно овошје....

    Овде може секој да каже искуства од некој лек од кои претрпел некоја реакција по здравје, нека даде совет...еве на пр. (да кажам и ова), јас незнаев дека цитронот не требал да се употребува додека се пијат некои лекови а нарочито антибиотици, затоа што давал многу контраиндикации.....
    Не гледам ништо лошо во темата, не сум јас од некоја тајна организација дојдена овде да правам заговори и др..ниту да убедувам да исфрлите лекарства, напротив, малку да се освестиме и ако можеме да пробаме со други начини на лекување.
     
    На Mishela, La diabla, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.693
    Допаѓања:
    50.150
    Пол:
    Женски
    Темата си е на место, не мрчете ќе ве молам.

    Мене не ми се случило да имам несакана реакција на лек и не се потресувам околу можните несакани реакции кои некогаш ги читам а некогаш не (пред да почнам да го пијам лекот).
    Познавам повеќе луѓе кои прво пробуваат да си помогнат со алтернативна медицина за да не се трујат со хемија.
    Добро би било секој да си направи тест за да знае на што е алергичен и дали е алергичен на некоја супстанца која ќе ја избегнува.
    Најмногу треба да внимаваат постари лица кои претрпеле срцев или мозочен удар или кои имале или имаат некои посериозни компликации па треба особено да се внимава што им се дава.
     
    На Milobebence, Feminka22, katerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.