Страв од нов почеток

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од tralalala, 25 февруари 2011.

  1. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Излегов од лоша врска пред неколку месеци , додека се опоравив поминав низ симптоми на депресија и.т.н. ( не сакам да невлегувам ) ама , имам забележано во последно време дека на кого и да му се допаѓам на некој и кога ќе ме викне на кафе јас буквално бегам од него ,го бришам од фб и,т,н се однесувам како дете не давам на никој да ми се приближи ,без разлика дали ми се допаѓа или не уууффф до кога не знам ? :(
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    Тралала, опушти се девојко, заличи малку на својот ник.
    Сте раскинале, било-поминало, време е да продолжиш понатаму.
    Остај ти депресии и сВе остало, искочи од инат, со сила, ќе видиш дека нема ништо лошо и страшно тука.
    Само сама можеш да ги срушиш ѕидовите кои си ги изградила околу себе. Не му дозволувај на минтато да ти пречи во иднината! ;)
     
    На tralalala и Nightwalker им се допаѓа ова.
  3. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.444
    Пол:
    Машки
    До кога не одлучиш самата да ставиш крај... Знам дека е лесно да се каже, а тешко да се спроведе, но вака испаѓаш нефер и кон себеси (со тоа што не си даваш нова шанса за среќа), и кон другите (не се другите дечковци криви што ете, некој кон тебе се однесувал погрешно). Пробај полека, доколку си свесна дека некој е заинтересиран за тебе, запознавај го детално и од почеток... Доколку навистина го интересираш, ќе ја сфати „пораката“ и и тој нема воопшто да те притиска, и ќе ти овозможи постепено да го откриваш и да видиш каква личност се крие зад него, и дали можеби може да се случи нешто посериозно. Нема ништо лошо во одење на кафе со дечко, па и вечерен провод, онлајн разговор или нешто слично... Давај си шанси, заслужуваш да си среќна, само претходно направи зрело истражување на потенцијалниот „плен“. Среќно. :)
     
    На tralalala му/ѝ се допаѓа ова.
  4. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Тоа ти се случува поради страв дека некој пак да те повреди и дека пак ќе поминуваш низ тие трауми што си ги доживеала, депресии и слично.Нема потреба за тоа.Претходната врска немора да е причина за твоето одбивање, само нека биде лекција за понатаму.Време ти е за нова страница во животот.Среди се прво самата себеси и дај си дознание дека претходната врска што ти се случила треба да ти е поука за тоа дека не треба да стекнуваш одма доверба кај други зашто лесно може да те предадат и не дозволувај повеќе никој да те повреди зашто никој на светов не ги заслужува твоите солзи, а потоа тргни во потрага по мистер совршен кој и да ги заслужи твоите солзи, нема да дозволи никогаш да ги види... :)
    (освен ако не се од среќа ;) :D )
     
    На tralalala му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Се додека самата не си дадеш сила да продолжиш напред постојано ќе бидеш во страв и несигурност и ќе стоиш во место .
    И јас сум била во иста ситуација ,постојано оддалечував се и секого од мене ,постојано го игнорирав секое машко кое ке ми се приближеше без разлика каков бил и преубав и препаметен не ни ги заприметував,постојано ми праќаа пијачки на маса ,ми се додворуваа и на добра а и на сељачки начин ,имаше секакви ,само што јас и сељаците и тие фините во ист кош ги ставав и на игнор ги ставав.
    Јас имав доста долга врска и откога знаев за себе бев со таа личност што направи мизерно да се чувствував после тоа и ми наметна чувство на вина да чувствував ако погледнам друг .
    Од не многу одамна си реков на себе дека сакам да бидам среќна и стравот ми исчезна поради тоа што самата си се охрабрував дека можам да бидам посилна и искрено многу ми фалаше да бидам среќна и да се чувствувам почитувано и посакувано. И никогаш не би си дозволила повеќе да се чувствува мизерно заради некој друг или да се плашам од врска ..Немало никаква смисла а и веќе не си го оправдував стравот ,да знаеш дека ќе ти биде подобро ,не си наметнувај страв дека ќе бидеш повредена ,дека ќе ти биде лошо во врската и дека ќе биде како претходниот.Запамети има од лошо и полошо ,но и до добро има уште подобро така што сигурно овој пат самата нема да си дозволиш да бидеш со некој полош од претходниот - сите машки не се исти .Искуството треба да ти покаже што било лошо за тебе и да бараш подобро од тоа зошто секој заслужува подобро .... 8) ;)
     
    На tralalala му/ѝ се допаѓа ова.
  6. yes

    yes Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    18
    еџеее колку те разбирам да знаеш,како за мене да си пишала а не за тебе :)
    евети мој совет,чекај нека помине целата таканаречена агонија,да искочиш од сето тоа,па макар траело и година дена,што би рекла јас да застанеш на цврсти нозе...
    Еве сеа јас би ти кажала искрено,јас со дечкото со кој што бев имав преидеална врска,несебична љубов еден кон друг,се до моментот кога тој реши дека кога ке влеземе во брак нема да имаме деца...се обидував со месеци да го разубедам се до моментот додека не ми пукна филм,за да му кажам чао,јас немам иднина со тебе.И покрај сите негови разубедувања јас останав на своето...тешко ми беше страдав,плачев,паднав у депресија,посетував психијатар,пиев терапија,станав анорексична и со еден збор го допрев дното...
    Само што искочив од таа врска,влегов во нова,иако мојот сега иден сопруг го откачив сто пати,иако плачеше и ме молеше,јас искрено го гледав како идиот, без никаква емоција...мене душата ми беше изгорена...
    Мислам па златна да бев ке ме откачеше :D
    И покрај тоа што тој е предобар и преискрен јас имам уште последици,зошто немав време малку да си ја оладам главата....Затоа сакам да ти кажам,ич да не се секираш,оди шетај уживај у животот,одмори си ја малку главата и ке видиш дека ке биде подобро од што си очекувала...
    Поздрав и се најубаво....
     
    На tralalala му/ѝ се допаѓа ова.
  7. macetoo

    macetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    e da ti kazam i jas imam ist problem kako tvojot ne davam na nikoj da mi se priblizi mn zalam za niv moze sakam da sum poinakva site mislam deka vo sekoj moment ke mi zabihat noz vo grb deka ke me zeznat na kafe .. pa ne ni iaskacam gi ignoriram koa mi se pustaat vo disko ili sl gi ismejavam :( si baram aktivnosti kade sto ke se custvuvam svoja nadvor ljubov a za mojot biv znam skoro se no ponekogas iako nesakam da zsnam ke se najde nekoj pameten pa ke me izvesti na bilo koj mozen nacin :worried: kako da mora samo on da mi e vo mislite .... iskreno ako go najdes lekot kazi mi go ja se trudam da go najdam no nemozam znam deka mnn go sakav kako nikoj do sega moze i nikoj od sega no jas samo ke ti kazam deka najmalku mislam na nego smao koga sum so drustvo i koga vezbam i cesto go pravam toa toa me ispolnuva i taka se osekam mnn ubavo ednostavno go ziveam sonot i srekna sum taka :) neznam kolku ti pomognav ali poveke od oa zivej go sonot nemozam da ti kazam nisto dr :)
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.737
    мислам дека јас најдобро те свакам како ти е , и низ што поминуваш
    слична верзија на твојата приказна беше и мојата, се додека сосем случајно не се појави некој со кој почнав спонтано да комуницирам, па ке видиме што ке биде понатаму... никогаш не се знае...
    биди своја,спонтана, комуникативна, и ке видиш дека се ке си дојде на свое место
    како што се вели дека коцкичките се редат да, но полека потребно е време, и секако многу трпение
    ти посакувам срека, па пиши што ново се случува
    поздравче :$