1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Страв од училиште

Дискусија во 'Психологија' започната од Girl12345, 4 септември 2011.

  1. Girl12345

    Girl12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Па вака. Јас сум ученичка во седмо одделение и одлична ученичка. Од прво па се до шесто одделение, одењето на школо ми беше многу лесно и немав проблеми :| . Но во седмо одделение работите се изменаа целосно. Се плашев да одам на училиште, ми беше страв од незнаење(а сите оценки ми беа одлични), плачев, дури бев и на некој начин депресивна. Разговарав со моите, имам и роднина психијатар, бев и кај неа... Да скратам :| Мојот живот на некој начин е само во петок и сабота и деновите кога не сум училиште. Кога ќе дојде недела приквечер, едноставно сум премногу тажна и ми се чини дека целиот свет ќе ми се сруши :sweat: На некои сајтови прочитав дека ова е периодот на пубертетот и дека стануваме почуствителни, но ова повеќе од една година ме мачи и не можам да преминам преку тагата :sweat: Ве молам напишете било што, помогнете ми веќе не можам да издржам повеќе :worried:S
     
  2. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Ве молам погогнете ми :'(

    На секого е така. Мислиш мене ми се учи и ми се оди на школо? Исто е со секого. И мене ме фаќале периоди, па посебно во тој период. Се случувало да не научам ништо, па по цела вечер да не спијам или пак да сонувам како ме испрашуваат, како добивам слаба оцена и слично. Ништо страшно, уживај во годините, уживај со другарите/другарките.. и ич да не му ја мислиш.
     
  3. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Ве молам погогнете ми :'(

    Немора да се плашиш нема да не изедат ако идеме на школо, и чекај сега само што почнавме нашкола нема два дена..ке ти помине периодов,навикната на шетање,лето слобода не идевме на школо,сите сакаме така,ама нема..чекај ке се привикниш на школото стрпи се :*
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Ве молам погогнете ми :'(

    Ааа, па и јас од 1во до 6то имав само 5ки и 4ки, па во седмо почнав 2ки и 3ки на тестови да добивам, нема трте мрте :rofl:
    Сега најозбилно, не се плаши, одиш на училиште за да научиш, не си сама, имаш другарки, не се притресувај толку, гледај повеќе на забава и смеа да ги тераш работите.
    Период е, ќе помине.
     
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ве молам погогнете ми :'(

    Од што се плашиш девојче,не разбирам?
    Не одиш ни во нова средина,па да треба да пронаоѓаш друштво ни ништо.Едноставно се ќе биде како порано.Како од нештото што до пред неколку месеци ти било секојдневие сега се плашиш?Од што се плашиш?Од професорите,од новите предмети мислиш дека нема да можеш да ги совладаш, од што?

    Ајде немој да ја тупиш главата со непотребни работи.Еден ден ќе те чекаат навистина големи предизвици,а ти како ќе се справиш со нив,кога сега за вакви работи се грижиш.Побарај ги другарките,договорете се и утре со крената глава оди на училиште,затоа што единствената работа која што се бара од тебе во овој период е-учењето! :)
     
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ве молам погогнете ми :'(

    Ех да може јас сега да се вратам на школо...Најубавите спомени ми се токму од тој период. Мислам дека те фака пубертет и сега сите емоции ти се засилени. Немој толку да му ја мислиш. Па некогаш и да не научиш нешто или добиеш послаба оценка не е ништо трагично. Ехее колку 1 сум добивала јас па ете ме сега си завршив и факултет. Не мисли негативно едноставно труди се колку можеш во училиштето и успехот ќе си дојде сам, а во мегувреме забавувај се со другарките таму, нема да осетиш кога ќе летнат годините. ;)
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Еј знаеш дека и јас како тебе бев..едноставно животот ми беше само петок и сабота и едвај чекав да дојде за да се издишам.Постојано велев кога ке дојде сабота и во алманахот школските во ps. ми пишаа -Кога ќе дојде сбута?-Во среда |( :D ама јас си го најдов лекот бре сега дома не се прибирам секоја вечер шетам :D и пак сум одлична ученичка :)
     
  8. Buterfly-girl

    Buterfly-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    4
    Јас те разбирам девојче. ми се случуваше и мене лани нешто слично. не до толку да бидат депресивна, но... помисли, во тоа училиште каде што одиш има мноогу деца, значи не си сама. имаш другарки, пријатели таму... страв ти е од незнаење... јас обично имав страв пред тестови, се тресев буквално и мислев дека ништо незнам, но кога ќе дојде моментот сето она што си го учела ќе ти текне. ако имаш страв од професорите, не дозволувај баш секој од нив да го забележи тоа. јас имав професор што се исмеваше со тоа и уште повеке се иживљаваше ако забележи дека ти е страв. значи: кога ќе тргнес на училиште во себе мисли си дека таму одиш за дружење и за да научиш. колку ќе научиш, толку. тоа е за твојата иднина. и не се само 5ките оценки. имам професорка која вели дека ако добивас само 5ки не си цовек кој би можел да поднесе пораз, а на некој начин и така е. значи со секој пад во животот, учиме нешто. како и да е, ќе ти помине тој страв, само мисли позитивно! :*
     
    На elisabeta и Cloee им се допаѓа ова.
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Период е низ кој сите минувавме...или скоро сите.
    Нема место за грижа, ќе ти помине.
    Страв од незнаење не треба да имаш. Прво, одиш на школо за да научиш и никој не знае се. Второ, и да немаш некогаш научено не е страшно...сигурно не си сама. Трето, таму ти е друштвото.
    Не гледај чудовишта во професорите (мада некои како такви се прикажуваат)..
    Мисли на тоа дека таму сепак има и забава. Друштвото, одморите, екскурзиите...и тие се дел од училиштето, не само учењето и оценките.
    Ќе дојдеш осмо, прва, втора средно..ќе се смееш на тој страв кој сега изгледа ужасно!
    Надмини го и не потресувај се на секоја послаба оценка. Се може да се поправи со малку труд!
    И да, не преоптоварувај се со оценките. Секоја од нив е за ученици и не може секој секогашш да има само петки и ништо подолу од петки. :)
     
    На Buterfly-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Па не е чудно да ти трае ова повеќе од една година. Пубертетот е период од НЕКОЛКУ ГОДИНИ, нормално е да те фаќаат вакви работи.
    Следи ги советите што веќе ти ги пишаа, да не се повторувам многу многу.
    Крај краева, нема никаква потреба да се плашиш од училиште и наставници. Таму нит колат нит бесат ;)
     
  11. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Нема од што да се плашиш, ако продолжиш да се плашиш што ќе биде со тебе во средно и на факултет?!
    Пошто во средно се построги 70% повише од основно, а за факултет незнам не сум стигнала до таму :lol:
    Ако не учиш е тогаш би требала да се плашиш од училиште ама има многу што уво не ги боли за школо..
    Иначе седни научи си убаво нека те испраша некој 2-3 пати во денот и тогаш ќе бидеш сигурна и нема причина да се плашиш... ;)
     
  12. vampire.p

    vampire.p Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    11
    слично како кај мене и јас така бев во втора година средно .. сега кога сум 2 години поголема не дека сум многу сменета но размислував некако црно .. се ми беше црно секој ден броев до 10 јуни.. а сега имам дечко кој учи во друг град и секако ми е тешко за него за училиште ич не ми е гајле :)
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Јас немам некој голем страв од училиште но имам страв од испрашување... 100 пати подобро одговарам на тест, на тест ни даваат некогаш да раскажуваме лекции што е и слично на испрашување а мене ми е полесно да ги раскажам на лист отколку пред табла, на табла се бунам секогаш и се оди у аут хах
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тоа е само пубертет и лудувања на хормони. Ок е да ја сватиш озбилно обврската за училиште ама не и толку премногу. Сигурно некој така влијалел на тебе -моја претпоставка немора да значи.
    Едноставно повторувај си во себе, кога денес ќе напишам домашно и научам лекциите за утре, ќе појдам кај мојата другарка, шопинг, на гости....така прави си тестови, заврши ги задачите за утре и потоа окупирај се со некоја слободна активност - живеј си го животот
     
  15. tamara08

    tamara08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    уживај си :) сите имат таков период.... наместо да мислиш на то дека можат да ти пишат слаба одценка препушти се малце поќе на дружењето...тогаш ќе сватиш дека училиштето и не е така лошо....сепак немој да го запоставиш учењето ;)
     
  16. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Mene me mrzi da ucam pa zatoa ne se zamaram mnogu :)
     
  17. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Немам страв од училиште
     
  18. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    и јас вака ептен се притресував ама сфатив дека нема потреба..не вреди
    забавувај се со другарките и не мисли на ништо друго еве и јас сега сум прва година и единици ги наредив :lol: (јас не ти велам 1 да редиш) само сакам да ти кажам дека на вреди еве сега сум безгрижна од петто до седмо поминував со сите петки а сега гајле немам се ми е рамно :D и моево нечини ама и ова твоево па ко да нечини :worried: ...ти да си бидиш одлична ама не вреди до толку да се притресуваш нема смисла :)
     
  19. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.587
    Пол:
    Женски
    Супер е на училиште, ич не му ја мислам за ништо, иначе поминувам со 4ка. ;)
     
    На Nate.Shadows му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Нема потреба од толкави стресови и сл.
    Ќе научиш и нема што да се грижиш.
    Девојче да ти не би требала така да се оптеретуваш.Гледаш и самата дека знаеш и имаш успех.
    Знаеш дека сега се искачуваш кон поголеми нивоа на знаења и нормално дека е потешко.
    Ќе биде се потешко и потешко.Училиштето нема потреба да ти биде страв,нема причина за тоа.
    Ти не му ја мисли многу и терај си.Сега велиш живееш за петок и сабота,сети се само со учење и успех подоцна можеш многу лесно да се снајдеш во животот-не е се без врска. ;)