Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Angelche, 24 јули 2010.

  1. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Странски јазици- колку од нив познавате и зошто?

    Кои јазици ги зборувате и зошто?
    Зошто? Можеби ви треба за работата којашто ја работите, затоа што вашиот град е туристичко место, затоа што го обожавате тој јазик, затоа што вашите родители ве натерале и слично.

    Кој странски јазик ви е најомилен?
    Мислите ли дека изучувањето на странски јазици е само губење на време?
    Кој странски јазик е најтежок за изучување според вас?
    Кој странски јазик, ви е ‘‘најомразен‘‘?

    И за крај запамтете, ‘‘Јазикот е богатство!‘‘
     
    На Dannyella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308
    Страст ми се странските јазици уште од мала. Негде во 5 одделение знаев која ке биде мојата животна определба, и ете ме сега работам во Италија како преведувач за една наша фирма. До сега познавам три странски јазици, и искрено се надевам дека нема да запрам тука....имам голема желба да научам германски, турски .... со тек на време ќе биде ;) Викаат првите 5 се тешки....после многу лесно одело :) хехехе. Сметам дека мора да имаш талент за странски јазик не само желба, кој со секојдневно вежбање и учење ќе го доведеш на високо ниво. Било кој странски јазик мора да се вежба и зборува скоро секојдневно зошто сепак е жива материја и се заборава, сите кои учат странски јазик и решиле да им стане, така да кажам занает ги советувам да одат во матичната земја од кај што потекнува јазикот доколку се во можност, зашто така најубаво се учи, во директен контакт со нативните зборувачи. Најтешки за изучување се јазиците во кои што има падежи. Најомразен немам....но, сепак можам да кажам дека францускиот ми е помалку драг во однос на другите. Јазичари, само вие учете и имајте трпение и надеж дека ќе дојде и вашата шанса. :*
     
    На WinterGirl16, sofijacasas и Kicky им се допаѓа ова.
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Еххх ми одат јазиците многу и ги обожавам..
    Англиски секако најмногу..Сакам да научам убаво италијански..онака разбирам по нешто малку..
    Порано посетував часови по грчки и него го владеам малку...Се сум заборавила... :doh:
    Некако тежок ми изгледа германскиот..
    Лошо ми звучи рускиот..некако смешен..
    А предизвик е да се научи кинески :?: :lol:
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека јазикот е богаство. Вреди да се знае било кој јазик зашто никогаш не знаеш зошто ќе ти послужи. Баба ми вели, и цигански да знаеш фајда е :)
    Инаку имам добро познавање од англискиот јазик, го учев во школо и плус на одев на курс осум години. Шпански доста научив од сапуниците кои ги гледав како мала, а француски иако го учев во основно и во средно, вкупно осум години, знам само името да си го кажам. Не ми звучи привлечно, иако баш го имам она француското „Р“ :D
    Инаку многу ми се допаѓа италијанскиот јазик.
     
    На elka.timova и sofijacasas им се допаѓа ова.
  5. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    зборувам англиски,германски и шпански(од сериите се научив) и малку португалски,го учев кратко и се откажав...а сега би сакала да учам француски
     
    На elka.timova и sofijacasas им се допаѓа ова.
  6. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Знам англиски и сакам дури и да се запишам на истиов имам познавање колку толку од француски и шпански-како и сите и јас го научив од сериите :D
     
    На elka.timova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.398
    Допаѓања:
    200.892
    Пол:
    Женски
    Ми одеа јазиците... било кој јазик да го учев, немав проблем. Освен волја мораш да имаш и талент за јазици, инаку џабе е трудот што се вложува. Жив пример е моја соученичка од средно - никако не можеше да склопи неколку реченици на англиски, без оглед на тоа што разбираше, едноставно јазици не и одеа.
    Знам англиски сосема солидно (advanced level), француски малку, доволно да се снајдам; површно италијански и шпански. Француски учев покрај англискиот, а другите два не сум ги учела, ама бидејќи имам добра основа и познавање на латинскиот јазик, не ми е проблем да ги разберам. А ни за говорење не се тешки, имаат многу поедноставна граматика.
    Не сакам германски ниту руски јазик, немам желба да ги учам. Имаат доста тешка граматика, која веројатно и не би била толку тешка кога ќе се сфатат основите. И францускиот јазик има доста тешка граматика, ама се учи.
    Зошто јазици? Па искрено, мислам дека во денешнава глобализација се потребни. Кој било јазик да го знаеш, макар и свахили, вреди. Еден од условите за вработување во било која област е активното познавање на барем еден странски јазик. Не сме веќе затворени држави, потребно е познавање барем на англиски јазик за да се снајдеш било каде, било кој странец што доаѓа тука во Македонија нема да ти зборува македонски, а исто така помага ако работиш во интернационална фирма каде основен јазик за комуникација е најчесто англискиот.
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Завршив курс по англиски , добро ми иде валда :) Француски учам од шесто , ми иде зашто класната ми предава француски мислам :D Мислам сега од септември и да се запишам на албански , да разберам што ми зборат позади грб :^) Инаку ги учам зашто некогаш ќе ми притребаат .. па и на одмор било тоа во некоја друга земја :)
     
  9. GaGa-GirL

    GaGa-GirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    4
    Angliski znam cisto i tecno da zboram, germanski ne tolku ama pa mozam da recam deka znam, francuskiov maki macam za da go naucam a spanski do nekade razbiram od seriive. Inaku sakam i italijanski i turski da naucam ama nikako da se zapisam na kurs. Izucuvanjeto stranski jazici vo nikoj slucaj ne e gubenje vreme, a najomilen mi e angliski, onaka. :)
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Добро го познавам англискиот, знам по нешто и италјански, германски, француски, шпански, руски. Некои најосновни работи.Убаво ми е да сум запознаена со повеќе јазици најмногу заради мое лично задоволство.
     
    На sofijacasas му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Англиски-перфект :lol: Одам на курс уште од мала
    Француски-од 6 учам,ама не ми се допаѓа баш :lol:
    Шпански-се разбира од сериите,бидејќи имам гледано безброј серии супер го познав и зборувам :lol:
    Италјански-сакам да научам :)
     
  12. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Зошто? Јас многу го сакам францускиот јазик.
    Јас ги зборувам јазиците: англиски, шпански, француски, албански- за кој многумина ми пререкоа, зошто го учиш и слично, но како што и претходно кажав, јазикот е богатство, германски, италијански, но ми се меша со шпанскиот..
    Се согласувам со Annath, дека и за изучување на јазици е потребно талент, еве мојата другарка која што учи заедно со мене на курсот по англиски, ист степен сме но таа не знае да сврзе два збора. Морам да признаам дека многу добро ми одат јазиците, и ги сакам. А кога нешто се сака, полесно се работи. Во иднина планирам да се занимавам со јазици. Но којзнае што нема да ми се најде на патот, и дали ќе се предомислам.
     
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Па незнам ангелче не ми се допаѓа :lol: Инаку ми оди добро ама тоа е не го сакам :lol:
     
  14. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    англиски го знам најдобро од сите јазици и пишување и конверзација ми е на високо ниво, француски учев 4 години во основно и ништо незнам освен да се претставам многу глупав јазик ми е, гермасни знам колку да се разберам и по некое зборче, италијанскиот неможам да го смислам, е сеа хрватски српски јазик ги знам нормално тука блиску се до нас :D
     
  15. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    planiram da se zapisam na jazici....najmnogu premnogu si go obozavam germanskiot, potoa italjanski ova godina prv pat go ucev i mi bese mn lesen...a ne sakam angliski makar sto znaam..no nema koj ne znae barem del od angliskiot i poradi toa ne mi e bas predizvik :)
     
  16. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Ах, ни јас не го сакав, ама дека Париз градот, и Франција како држава ги сакам премногу, го засакав и јазикот, изгледа си го изучувала во основно па затоа не го сакаш, јас германскиот така, па не го сакам многу. :lol: :lol:
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Англиски - перфектно, последно нешто ми е усовршување на ghetto talk :D
    Германски и албански знам добро да читам и по нешто превод, конверзација нула, за жал. :(
    Знам по нешто полски и бугарски, колку да се снајдам.

    Потребен е талент и многу желба, волја и труд при изучување на било кој странски јазик. Нормално и добар професор. ;)
    Убаво е да се знаат повеќе јазици (со ризик да прозвучи како клише, но сепак - навистина се прозорец кон светот). ;)

    Би сакала да научам добро шпански, инаку разбирам од сериите :lol:
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Потполно си во право :lol:
    Инаку и јас ги сакам Францја и Париз :mm:
     
  19. danyela

    danyela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    sakam da ja prasam Trendafilka od kade go znae polskiot me interesira :)

    inaku zboruvam angliski dobro mi odi mislam :) francuski da 4itam ke razberam nesto mozebi ama konverzacija u minus duri :D germanski u4ev 1 godina ali nisto...
    sepak najdobro go znam polskiot.
    bi sakala da zboruvam ruski ( ne mi izgleda mn ogu tezok posto e sli4en i so makedonskiot i so polskiot) a interesen mie i turskiot :D
     
  20. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Англиски - зборувам перфектно исто и граматика. Конверзацијата ја усовршив додека живеев во Англија = 3 месеци
    Француски - граматиката ја знам цела. Ама конверзација некако потешко
    Руски - Основно - средно ниво на познавање. Знам да се разберам во основни ситуации а граматиката малку повеќе ја владеам
    Шпански - го владеам како и англискиот само конверзација малку повеќе од граматика
    Италијански - Високо ниво на познавање. Лесна граматика и општо многу лесен јазик. Го изучив за 3 години сега веќе 4 одам на целосно усовршување и посета на Рим.
    Латински ( иако не е жив јазик ) го познавам многу добро. Учев 3 години на училиште и ми помогна со изучување на италијански
    Германски - следен предизвик- почнувам од септември
    и секако нашиве соседни јазици - Српски и Хрватски :D