1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стромае (Stromae)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од pdb123, 14 август 2022.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.796
    Стромае, или Пол Ван Хавер, е белгиски музичар кој стана познат со хитот Alors on danse, а хитови му беа и Papaoutai и Formidable. Издаде два албуми: Cheese и Racine carrée, и потоа (мислам поради анксиозност) се повлече од сцената едно 6-7 години, не знаејќи дали и кога ќе се врати. Во меѓувреме работеше на својот моден бренд Mosaert со неговата жена и отвори продуцентска куќа со неговиот продуцент, преку која соработуваше со познати имиња како Coldplay, Lorde, Dua Lipa, Billie Eilish итн.

    Всушност, за време на неговата пауза, како вокал се појави единствено во песната Arabesque на Coldplay (која патем, ја обожавам :D) и направи сингл Défiler за ревијата (која е цел перформанс) на неговата петта линија на облека. Во Défiler зборува за живеење површен живот преку социјалните мрежи.

    Неговиот стил е електронска музика, со вметнување на многубројни битови од насекаде во светот. Познат е по иновативноста и длабокиот текст каде често користи игра на зборови и каде најчесто се осврнува на секојдневни теми. Неретко во самиот текст раскажува од перспективи на различни личности. Самиот вели дека смета дека најдобра страна му е раскажувањето приказни кои го поврзуваат личното со универзалното, а смета дека не е баш интересно да пишува автобиографски песни (можете да го прочитате интервјуто со Rolling Stone, непосредно пред објавување на новиот албум).

    Според коментари на негови песни и видеа, многу го сметаат за голем уметник, со свој уникатен стил, чија единствена причина зошто не е уште попознат е тоа што пее на француски. Во некое негово интервју мислам го адресираше ова, нешто во стил (парафразирам): „Во Белгија, постојано слушаме англиска музика, иако не разбираме многу англиски, па така мислам дека не би требало да е проблем светот да слуша музика и на француски, односно на друг јазик, затоа што сепак музиката е универзална. Еве и шпанските песни се многу слушани, иако не секој разбира што се пее“. И се согласувам со оваа изјава. Само затоа што ние на Балканот сме позапознаени со шпанскиот јазик поради теленовелите, не значи дека шпанскиот е универзален јазик како англискиот; во многу земји луѓето не разбираат шпански, а сепак слушаат шпански хитови.

    Јас лично многу го сакам како уметник, не само заради добрите текстови и музика, туку и заради иновативноста, но и приземноста, скромноста. Мислам дека сега живее во Лос Анџелес - имаше и покани кај Jimmy Fallon и Jimmy Kimmel.

    Како и да е, инспирацијата за темата ми е што пред неколку месеци се врати на сцената со синглот Santé, а потоа и го објави новиот албум Multitude. Во ова интервју го прашаа како одлучи да се врати на сцената, на што одговори дека кога веќе чувствуваш дека стануваш љубоморен на други музичари и сметаш дека нешто можеш да направиш подобро, време е да се фатиш за работа :D.

    Не знам како толку доцна сфатив дека Stromae is back, ама откако дознав, целиов нов албум ми е на repeat. Не можам да одлучам која песна ми е најубава :inlove:. Во ова интервју објаснува дека инспирација за насловот на албумот е тоа што песните се раскажани низ перспективи на личности што ги среќаваме во секојдневниот живот. Битовите се црпени од различни страни на светот, со посебен фокус на фолклорна музика - од Латинска Америка, Азија, Африка, па дури и во една песна искористил бугарски хор - комбинирана со модерни електронски битови. Стромае вели дека целта му било песните да имаат призвук на музика од одреден дел од светот, без притоа да може да се каже на пример: еве ова е кубанска песна, ова е кинеска песна итн.

    Под секое видео можете да најдете коментар со целосниот текст преведен на англиски, а јас накратко ќе ги сумирам поентите на песните, за тие што ги мрзи да бараат :wasntme:. Како што кажав, песните не се баш автобиографски, туку повеќе како раскажување туѓи приказни.
    Invaincu - кратка мотивирачка песна за да продолжиш да се бориш во животот. Како што вели: „Додека сум жив, јас сум непоразен“.
    Santé - песна посветена на работниците кои најчесто не ги „славиме“, како чистачки, келнери, рибари, пилоти, стјуардеси, медицински сестри, пекари, возачи на камиони, сите со тешко работно време, родители кои не спијат заради бебешки плач... Инспирација добил од жената што му го чистела домот - Роса.
    La solassitude - строфите го следат развојот на еден маж Никола, кој од личност која само менува жени за секс и кој тешко се отвора, потоа влегува во врска, каде по 8 години се прашува дали сè уште го сака девојка му и дали ѝ е привлечен, за потаму да дознаеме дека се разделиле. Во рефренот го сумира дуалитетот на љубовниот живот, а тоа е дека кога си сингл, чувствуваш осаменост (solitude), а кога си во врска, чувствуваш замор, досада, напор (lassitude); оттаму и насловот на песната - solassitude.
    Fils de joie - песната е посветена на сексуалните работнички, каде рефренот го пее нејзиниот син, додека останатите строфи се приказ на тоа како се доживувани и третирани од страна на нивните клиенти, макроа и полицајци.
    L'enfer - се зборува за живеењето во депресија, имањето панични напади и самообвинувањето.
    C'est que du bonheur - се разгледуваат и позитивни и негативни аспекти од бидењето родител. Мислам дека малку саркастично се користи насловот низ песната. Имено, насловот се однесува на фразата што ја слушаме од сите дека децата се среќа и радост, додека низ песната се споменуваат и не-толку-среќните моменти од родителството. Моментално најмногу среќа осеќам на оваа песна, ептен ми одговара музиката :D.
    Pas vraiment - едниот дел од песната се однесува на пар кој однадвор изгледа совршено и кому му љубоморат другите, но зад затворени врати се прашуваат зошто сè уште се заедно, затоа што всушност не се сакаат. Другиот дел од песната е разгледан од спротивната страна, односно се коментира врската на други - не се сакаат навистина, не знам зошто се заедно, сигурно нема да се венчаат. Третиот дел од песната се случува за време на запросување, каде девојката го одбива затоа што не го сакала.
    Ја поделив песната вака на делови затоа што не бев сигурна дали е склопена како една цела приказна или се споени различни приказни :D. Јас ја сфаќам вака одделено.
    Riez - разгледани се гледишта, т.е. амбиции/желби во животот, почнувајќи од личност која сака да е толку позната и богата, што ќе мора постојано да е придружувана со „полиција“ и завршувајќи со личност која ќе е среќна доколку успее да не биде гладна денес. Не сум сигурна за значењето на рефренот - смејте се; можеби се однесува на тоа како луѓето постојано ќе ти се смеат, во зависност од тоа колку невозможни им се твоите соништа? Не сум сигурна, ама мислам има некаде објаснување што е поентата.
    Mon amour (соработка со Camila Cabello) - оригиналната песна, без Камила, може да се сфати чисто како приказ на маж кој постојано ја изневерува својата девојка, а цело време ѝ ветува дека му е единствена и дека овој е последен пат. Во соработката со Камила, и особено во комбинација со спотот може да се сфати и каква може да биде модерната љубов, како во реалните шоуа, со безброј драми и сплетки, како што е и во спотот. Текстот ми е комичен :D. Повеќе ми се допаѓа песната без Камила, можеби затоа што не сакам autotune :D. Би рекла дека оваа песна ми е најнеомилена, надвор од рефренот ми е малку чудна, ми треба време да ми легне :lol:.
    Déclaration - песна посветена на жените и проблемите со кои се соочуваат во животот. Читав дека првично не сакал да ја стави песната на албумот, веројатно мислејќи да не не му е негово место да зборува за тоа. Меѓутоа, по доста дискусии и раздробувања со жена му, која е феминист, и со охрабрување од неговиот тим, сепак ја објавил песната.
    Mauvaise journée - раскажан ден и гледишта за животот од страна на депримиран, песимистичен и веројатно огорчен човек, кому му е „гајле дека е депримиран и е депримиран дека му е гајле“ и чијашто чаша е „полупразна“. Затоа и песната се вика лош ден.
    Bonne journée - пандан на претходната песна, овој пат раскажана од аспект на среќен, оптимистичен и позитивен човек, чијашто чаша е „полуполна“. Затоа и песната се вика добар ден. Мислам дека песната е одбрана поради завршување на албумот на позитивна нота, со позитивна порака. Истовремено ми е и како дополнување на првата песна со која почнавме - Invaincu, за да се бориш во животот.

    Која песна ви се допадна најмногу во целина, која во однос чисто само на музиката, а која во однос на текстот (ако го читавте)?
    :l:
     
    На Celltica, LivingGlam, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Му ги знам само познатите песни Alors on danse, Formidable и Papaoutai. Преслушани ми се и убави песни за мој вкус.

    Слушнав сега нешто од новите песни, некако не ми се толку заразни како постарите. Сепак ми се допаѓа што пее на француски.
     
    На Ajronmen и pdb123 им се допаѓа ова.
  3. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    На BlackNight и pdb123 им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Го слушав знам и ден денес да пуштам некоја негова песна, интересен и необичен лик, уникатен, Papaoutai сум читала уште од порано дека е за неговиот татко посветена

    исто и оваа ми е убава
     
    На daylight, pdb123 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :) . Не сум верен слушател на Стромае , признавам , но :!: .. Попознатите песни ми беа хит подолг период :D дури и ги имав симнато на телефон и знаев да си ги пуштам на слушалки или во автомобил понекогаш :D . Самиот лик на Стромае е интересен како појава , во комбинација со неговиот стил на пеење и облекување , уникатен на свој начин :) .
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    И оваа песна многу ја имам слушано, како ли ја заборавив. :tmi:
    Времиња, кога песниве беа хит насекаде...
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.796
    Мислев брат :D
    И јас ја обожавам оваа :inlove:

    Инаку, многу ми се допаѓа и оваа:

    Се зборува за тоа дека според луѓето секогаш мора да си или едно или друго во животот, левичар или десничар, мачо или хомофоб, расист или не, атеист или терорист итн, и дека не им чини дури и кога не заземаш страна :emo:.
     
    На daylight, Ajronmen, CrazyGirl15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.796
    Уште ова видео да го споменам, многу го сакам, како филм од Tim Burton е.

    Песната е за рак, и има игра со зборови: cancer и quand c'est? се изговараат скоро исто (разликата е само во r на крајот). Quand c'est би го преведила како: „кога ќе?“. Од контекстот на песната некако си велам дека може на повеќе начини да се сфати:
    - Кога ќе дојдеш?
    - Кога ќе си заминеш?
    - Кога ќе ми дојде крајот?
     
    На elimkd, Ajronmen и BlackNight им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Изразито талентиран музичар кој дел од детството го растел без татка си кој пак станал жртва на геноцидот во Руанда (Африка). Подоцна тоа ќе стане мотивот на познататa Papaoutai. Но мислам дека повеќето го знаат со песната Alors on danse, а во врска со тоа еве едно смешно видео за божемниот настанок на песната. Скечот е со Стромае и францускиот комичар со мароканско потекло Џамел Дебуз кого кино публиката го знае од филмот Волшебната судбина на Амели Пулен/Le Fabuleux Destin d'Amélie Poulain (2001).
     
    На elimkd, Ajronmen и pdb123 им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Поради темава повеќе преслушав од него, навистина уметник, Formidable ме трогна!
     
    На daylight, Ajronmen и pdb123 им се допаѓа ова.
  11. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски

    Ова бре ремек дело, за сите анксиозни. И песната за ракот со спотот ме трогна. Бравос за темава!
     
    На Ajronmen и pdb123 им се допаѓа ова.
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    8.259
    Пол:
    Машки
    Го ислушав цел (ваљда) албум некни на Јутуб.

    Искрено, порано не сум обрнал внимание на текстовите освен на песната Papaoutai.

    Но сега, по сугестија, ги читав преводите на англиски додека пее.
    Заклучив дека човек лесно може да се рилејтне со повеќето песни. А дури и за оние кои не може - сепак лесно се чувствуваат чувствата е тежината што ги пренесува Стромае.

    Песни шо би издвоил ми се :
    Fils de joie - иако е поконкретна, ја доживувам како израз на се што не е во ред со денешното општество, луѓето и цел систем.

    Тука негде ми доаѓа и Santѐ, со друг аспект на човечки приказни (од истиот албум е? Пошто три месеци порано е изглезена ко што гледам на Јутуб).

    Quand c'est - тешка и егзистенцијална песна ми е. Ко друг вид на борба на човекот. Овој пат не со општеството и луѓето како горните две, туку со природата односно болестите, односно најстрашниот рак. Преразлични чувства имав додека ја слушав, од страв па до болка и немоќ.

    Имам чувство како да ги опфатил најголемите проблеми шо ги иаме ко човештво, ги ставил во албум, и секој што го слуша на некој начин ќе се поврзе со макар една песна, а со сите останати ќе сочувствува во најмала рака.

    Mon amour - како музика ми е многу забавно песниче, во комбинација со текстот ми е и хумористично сатирична.
     
    На elimkd, daylight, Beautiful Dreams и 1 друга личност им се допаѓа ова.