Дали пазарувате во Стружанка и колку сте задоволни од квалитетот? Јас имам купувано долна облека. Не сум задоволна од квалитетот. При второто перење облеката се растегна, а ластикот попушти. П.С. Барав ваква тема ама не најдов. Ако не е во ред, канта.
Јас добив поклон пешкир. Добар е. Долните маици на маж ми сега се како сукња. И тоа задниот дел е подолг. Гаќичките на децава се со растегнат ластик.
Гаќите и маиците им се како парталчиња. Крпите им се добри. Одамна немам купувано ама не верувам дека ќе купувам пак од таму
А какви се? За вежбање ќе ги биде или за по дома се само добри? Барам да се растегливи ептен, не ко шо има некои мокра ликра ич растегливи и неудобни за вежбање.
Ја за сегде ги носам Вежбање, кафиња, сегде Не се скроѕираат затоа ми се допаѓаат И стварно не мрдаат Еве сеа може ми се малце попуштени ама се носени не знаеш
Јас воопшто не сум задоволна од квалитетот на нивните пижами. Ниту од машките, ниту од женските. Им дадов шанса неколку пати и секогаш истото - утка. Изработката полна фелери, утнати рабови, по едно перење тотално ми се изобличија и не верувам дека пак би купила. Крпи, навлаки за перници, постелнини, сваштарии за по дома ко стазички и слично, сè тоа им е топ.
Крпите им се добри, но од постелнините со ластик воопшто не сум задоволен. По неколку перења се излитија и се направија дупчиња.
Навлаки за перници-топ. Гаќи за дете-топ. Бањарка за дете-топ. Тоа во последниве години што имам купено. Ама-не сите производи се нивни производи, и овие што се топ, беа од поскапите. Мислам, колку пари толку музика, ама се наоѓа квалитетно.
Пешкирите пред 3 год ги купив од кај нив, како нови се. Мајка ми купува тренерки тану и баш ги носи долго време, без да сменат боја или форма. На син ми му дупувам подмаици и супер се. Имав за него и вреќа за спиење, ми беше одлична. Пижами за мене и мм, се ни се погоди. Не знам, мене нжсе ми е погодено, ми се допаѓа квалитетот.
Па мислам немаат нивно производство веќе, се им е трговија, па зависи од кој производител т.е. марака ќе земеш каков ќе биде квалитетот. Купувам долна облека на Тритекс, пижами , ама гледам се што купувам да е од македонски производители.
Мене ми се допага нивниот квалитет, обично крпи и пижами од таму земам. Кога земам од друго место ми се расипува материјалот, лани земав од овие новогодишните, супер се. Дека потенки ги носиме дома преку цела година. Ама не е лит памук туку баш она памучно и да те топли на зима ама и да не те поти кога не е толку ладно. Досега најпријатен материјал. Мразам посебно на пижама ако не ми е пријатен материјалот.
Квалитетот им е океј, купувам од тука, само многу цените им се покачени последниве години. Некои пижами ги изнаносев од кај нив, некои брзо се искинаа.