Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.919
    Допаѓања:
    49.552
    Пол:
    Женски
    Доколку ви е потребен совет за ентериер или екстериер, архитектура и уметност, бујрум! Ќе ве советуваме, ќе ви даваме идеи и ќе ви помагаме, јас и мојата колешка Mrs.Bass. Овде нема да поставуваме слики бидејќи веќе имаме теми каде се поставуваат слики, а доколку е потребно да се разјасни нешто тоа ќе оди со слика во спојлер. Нема да рекламираме никого, може само да ви посочиме од каде може да набавите она што ви е потребно. Благо речено вие феминки си имате бесплатни архитектки на форумов Сите знаеме колку чини совет од архитект/дизајнер, но ние тоа ќе ви го даваме бесплатно. Повелете!
     
    На CarrieBradshow, IRBBB, rainbowec и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.073
    Пол:
    Женски
    Сега ја видов темата, и баш се израдував што од право лице ќе се добие сигурен одговор! :clap:
    Да ја сефтосам темава, да не ја должам многу :lol:

    Ме интересираат оние лизгачки вградени плакари, т.е сакам мајстор да ми ги направи, бидејки имам гледано на огласи дека изработуваат.
    Сакав да прашам колку би чинел материјалот и раката за еден поголем во спалната и еден помал во ходникот, и дали и каква улога имаат вратите од стакло, имам начуено дека визуелно го зголемуваат просторот.
    Дали јас треба да им дадам скица како да изгледа со точни мерки ?
    Како се движат цените на материјалот и колку би ме чинеле?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    193
    Браво за темата .
    Епа вака ние ќе се преселуваме за еден месец во новата куќа, бидеќи мебелот ни е предходно земен ќе морам да гои искористам сега. Имаме простор кој ќе биде наменет за кујна , трпезарија и дневна. Во простотот има два прозорци што мислам дека се доволни. Мебелот оди вака - кремова - венге кујна, венге (маса) - (столици) бела трпезарија , црна гарнитура , венге - крем масичка и венге - крем комода. Е сега би сакла да ми помогнете околку бирањето на боја на ѕид(овите) или тапетите и завесите што мислите која боја најмногу ќе ми одговара . Сега кога дојде ред за мене да си бирам немам идеи. Дајте ми идеја ако треба нешто да се преправи, претапацира добредојдена ќе ми е .
    Поздрав и благодарам однапред.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.919
    Допаѓања:
    49.552
    Пол:
    Женски
    Да, визуелно се зголемува просторот со овие огледални врати, и тоа доста. Цената се движи отприлика околу 100 евра за метар должен плус дополнителни механизми, огледалото за вартата, посебни некои тапети ако сакаш на вратите дополнително, се тоа си чини плус. Мајсторот ќе ти даде скица, како он предлага да биде, но можеш и ти да си кажеш, сакам со простор за капути, за фустани, посебно за кошули, дали сакаш да ги делиш пример ако го делиш плакарот со сопруг, брат, па посебно за негови кошули посебно за твои, исто така изработуваат и фиоки специјални за каиши, саати, накит... Се си кажува што ти треба и се тоа си оди отприлика дополнително во цената, се разбира основната цена која они ќе ти ја понудат е таа, околу 100 евра од метар должен.
    Зависи од тоа кои бои ти ги сакаш, но можеш да продолжиш со тие тонови, кафени, кремави, никако бели бидејќи ќе ти се изгуби просторот така. Можеш д дадеш некој акцент на некој ѕид со боја или тапет, пример, црвена-бордо, тиркизна, темна зелена, дури и некоја силна боја како циклама или портокалова ако ја ускладиш после со просторот ќе оди убаво. Тиркизната ќе ти го отвори просторот дополнително, бордото и зелената малку ќе ти го затоплат просторот, ама па визуелно ќе го смалат. Овие силниве бои кои ти ги кажав можат многу да ти го нагрдат просторот во иднина ако не ти се вклопат со останатиот простор, украсите, завесите. Јас би идела со еден ѕид тиркизен, спротивниот со некоја иста боја тапет со шара ама во бордури, не да биде целосно, пример две ленти по една до две ширини од тапетот, зависи колкав ти е ѕидот, или пак само тапет, без дополнително боење на ѕид во таа боја. Инаку исто така многу убаво и богато ќе изгледа и целиот ентриер да биде во кафени тонови, крем ѕидови и некои шари, бордури или лајсни во потемни кафени тонови. Бордото да не ти го закомплицира после изборот на тонови за уредување на станот, украс и слично. Немој да одиш со сребрена варијанта и со сива варијанта, не се поклапаат никако со крем и кафените тонови ;)
     
    На Rubiii и SuNsHiNe989 им се допаѓа ова.
  5. meni-dini

    meni-dini Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    ZDRAVO i mene dobro bi mi doslo da se konsultiram so vas vo vrska so boja na dzidovite-do sega dzidovite ni bea beli a sega sakame malku da smenime no ne mozeme da odlucime kakva da bide-kujnata ni e bordo so prljavo bela boja (KREMASTA BOJA),vo dnevnata garniturata i draperiite se bordo,komodata crno-prljavo bela (KREMASTA BOJA),masiceto crno-sankot sto ke go pravime sakame da bide prljavo bel-dali stolicite sto ke gi kupime da bidat bordo kako garniturata (no takvi nesakam a mislam deka takvi najmnogu bi odgovaralo)dali ke izleze dobro da bidat crni ili prljavo beli?A ZA DZIDOVITE DALI BI BILO UBAVO DA BIDAT ZELENI ILI PAK PORTOKALOVI ILI PAK ZOLTA-BANANA BOJA?DOKOLKU ME RAZBRAVTE VE MOLAM ZA NEKOJ PREDLOG-ODNAPRED VI BLAGODARAM
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.919
    Допаѓања:
    49.552
    Пол:
    Женски
    За оваа комбинација на бои многу убаво би изгледало да направите основа од една боја, за тоа најдобро би било да ја употребите ванила бојата, кремаста со малку повеќе жолта. Можете да правите детали со бордото и црната, дали во вид на тапети или нешто фарбано, како ќе одлучите. Друга боја која може да употребите не знам како би одговарале, поготово не зелена и портокалова. Столчињата мислам да бидат боја како и гарнитурата, евентуално црни, некоја екокожа.
     
    На meni-dini му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    20.660
    Пол:
    Женски
    Аиии ме израдувавте со темата :)
    Ајде и јас да прашам пак за боите. Ќе уредувам стан, е арно ама јас сум труп за комбинација на бои.
    Знам дека сакам да ми биде со акцент на зелено просторот дневна, трепезарија и кујна заедно (на сите што спомнав зелено ми викаат не се глупирај)
    Е сега дали е подобро зелено, бело и темно сиво
    или зелено, бело и крем (ова јас го вика крем она дрво, мислам венге го викаат). Според вас која комбинација е подобра

    И јас замислувам вака еден ѕид зелен (на тој телевизорот), гарнитура темно сива, трепезарија со столчиња темни, кујна бела и детеали (завеси, перничиња и килим) зелени.
    Има ли ова воопшто некоја смисла :)
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.919
    Допаѓања:
    49.552
    Пол:
    Женски
    Ирена извини што волку касно ти одговарам архитектката задолжена за ентериери (јас) правеше верудба :lol:
    Одлична комбинација ти е зелена со сиво и бело, а онаа венге боја е далеку од крем, мислам дека си се збунила, венге е чоколадна боја, мава накај црно дури, имаш во три нијанси, на црно, на чоколадо и на црвенкасто малку. Што се однесува до ѕидовите слободно иди со зелена и сива, и тоа како што кажа ти, сиви ѕидови со зелена на оној ѕид каде ќе оди телевизорот, па може да вметнеш и некоја апликација потемна зелена, а мебелот во тој случај може да ти варира од црно, до венге и сиво, но гледај сивата да не ја застапуваш многу кај мебелот. Многу ми се допаѓа мене темнозелена боја на гаритура, ѓаволска кожа, прелесна за чистење и многу топло делува. Се друго може да ти варира во тие тонови, бела, зелена во нијанси и црна, евентуално наместо црна венге боја, или чоколадна. Подот нека биде посветол, пример белен јавор, светол бамбус и слично. Само еден совет, немој да одиш со онаа зелена која мава накај флуросцентна или со онаа бледа резеда зелена, и двете се најголем промашај за понатаму уредување и менување на просторот, трева зелена бојата ти е идеална за комбинација ;)
     
    На Ringishpil_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    20.660
    Пол:
    Женски
    AngelOfArh најпрво и најважно честитки за веридбата да си бидете сложни и заљубени цел живот.
    Да во право си, ептен сум се помешала со венгето, тоа е многу темно. Јас мислев на крем, она како дрво обично само излакирано, натурално. Реков јас не се разбирам :lol:
    Ќе те прашам уште еден професионален совет. Станот е со северно-источна ориентација. Значи нема претерано многу светло. Некаде сум чула дека несмеам со многу темни бои да го обојам, затоа што ќе биде уште потемен. :^) стварно незнам
    Инаку имам и една слика која што сакав да ја поставам (пример за наместен простор што мене ми е таман) е арно ама релативно сум нова на форумов и незнам како да ја ставам :D ајде да се снајдам, па дополнително
    фала ти уште еднаш на советот
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    20.660
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.919
    Допаѓања:
    49.552
    Пол:
    Женски
    Во ред е Ирена.1 ќе ти опростиме, но ја молиме Лукс ако може да среди, да идат во еден пост и да иде во спојлер, ако може нормално ;) да не биде дека од старт не почитуваме правила.
     
  12. bile1986

    bile1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Zdravo i jas da prasam nesto :) vo kujnata imavme 2 vrati ednata ja zatvroivme so knauf i tamu ke ni stoi friziderot megutoa friziderot ne go pokriva celiot prostor kade so e zatvoreno so knauf e sega me interesira dali bi bilo mozno na knaufot da se lepat plocki ?
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.958
    Допаѓања:
    134.682
    Пол:
    Женски
    Може да ми кажете каде да најдам каталог на боите за мебел? Оти поим немам за нивните имиња, па сакам да знам што барам кога ќе отидам во продавница за мебел (на пример сакам да купувам полици, да знам да кажам што боја ми треба) :)
     
  14. melanija1983

    melanija1983 Активен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo :) ... Me izraduvavte so temava. Jas sakam da angaziram dizajner za renoviranjeto na domot. Gledajki ajde doma i drugi emisii za enterier sfativ deka e bitno da se angazira profesionalec... Dali moze da pratite sliki od vasite proekti za enterieri, pa dokolku mi se dopagaat da razgovarame za vase angaziranje... pozdrav
     
  15. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    многи ми се допаѓа емисијата Ајде дома, ама мислам дека тоа што го прави арихитектката не може да остане така наредното кречење, ние барем кречиме на секои две години и незнам колку е практично да се одлепуваат тапети и да се погодуваат истите нијанси на ѕидови, а доколку се промени бојата на ѕидот автоматски и цел мебел се менува, бидејки се во тон :)))))))) тоа кошта...
     
  16. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    6.892
    јас се извинувам за доцните одговори ама се надевам дека ќе ми простите...се зафатив со други работи

    секако дека може да се лепат плочки на кнауф плочи...само за во кујна препорачливо е плочите од кнауф да бидат водоотпорни :)

    анат каталогот на бои се вика РАЛ карта нешто налик на ова е
    [​IMG]
    да не мислиш на ова?...додека за материјалите од кои се изработува мебелот исто така има рал карта која секој производител ја има и ја означува со разни ознаки секоја боја и материјал...така да секој пат кога ќе бараш нешто во продавница зе мебел првин побарај рал карта и бирај ;) :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IrinaIrina

    IrinaIrina Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво :) Многу се израдував кога го пронајдов форумов. Би ве замолила за совет како да ја уредам дневната. Проблемот е што целата е со ламперија и доста е малечка(или од ламперијата така изгледа :().3 m na 2,5m e ширина и должина. Сакав еден ѕид да залепам тапет за да ја освежи малку, но секако ке го менувам цел мебел, па не сакам многу време да изгубам во вадење на ламперијата или префарбување. Ве молам за ПОМОШ. Каков мебел да одберам која боја,каков тапет итн. Инаку има еден повисок ѕид отприлика 3,5 метри и тоа уште повеке ја издолжува просторијата(таванот е како поткровје) и има мн убави мали вертикални прозорциња, секако има и усте еден голем прозор. Има некој креативна идеја :) :angel:
     
  18. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    6.892
    ИринаИрина од кажаното неможам комплетно да го доловам просторот, меѓутоа можам да ти помогнам. :)
    просторијата е многу мала а плус целата е со ламперија која не само физички туку и визуелно го смалува и онака малкиот простор...
    ако во моментот не можете да ја вадете ламперијата тогаш бар еден ѕид префарбајте го во светла боја може и нежна тапета со шарки...има место за еден убав тросед со мала масичка и фотелја...многу светлост и зеленило, и мала комода за телевизор.
    во прилог неколку идеи :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  19. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.698
    Допаѓања:
    25.317
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека некој побрзо ќе ми одговори. Ќе белиме сега, по Велигден. Досега мојата соба беше бела целата (ѕидовите) сега сакаат да ги обојат ѕидовите. Па ме прашаа за боја. Јас навистина не знам каква.
    Мебелот е спој на три бои: (не многу) драчливо портокалово, бледо сино, и бледо виолетово. Вака некако:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Каква боја би одговарала? Очекувам брз одговор. ;) :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    858
    Допаѓања:
    6.892
    можеш некоја од тие бои во многу бледа варијанта или многу светло жолта [​IMG]
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.