1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студенти и работа...

Дискусија во 'Барање работа' започната од Oki777, 18 јануари 2014.

  1. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    Имам едно прашање, се извинувам што отворам нова тема, но не знаев каде да го поставам прашањево. За да не вработи некој треба и да не пријави затоа што постојано имало инспекции, зборувам за Скопје, така да прво треба да сме пријавени во завод за вработување мислам. Па сакам да прашам дали дооколку студираме имаме право да бидеме пријавени во завод за вработување. дали воопшто може да се најдеме работа доколку сме студенти?
     
  2. mhmrj

    mhmrj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Ако си пријавена нема да можеш да се водиш како редовен студент туку како вондреден.Е сега треба да знаеш дека доколку преминеш во вондреден студент, ќе мора да си во приватна квота :)
     
  3. Oki777

    Oki777 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    5
    А има ли нешто што би можело да се работи а да не мора да не пријават?
     
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    здраво

    Сакам да ме упатите како,каде да најдам работа како бебисистерка или да чувам стари лица..или миење чинии или чистачка ....
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас си бев и редовен студент на факултет (бидејќи кај мене нема вонредно) и истовремено вработена и пријавена и се. Што е работата, јас во завод бев пријавена со средно бидејќи пред да се запишам на факс си ги имав документите заверено на нотар па не беше проблем. Од кај знаат на факултет јас што правам дали работам или не, и дали сум пријавена, всушност и не би требало да ги интересира тоа се додека јас си имам време и редовно можам да си одам и на факултет и на работа. Така работев година ипол, напуштив работа, фино лепо ме одјавија и си продолжив на факултет ко и до тогаш. :)
     
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Според мене може да работеш само ако си вонреден студент, редовен нема шанси на работа да се посветеш нема да бидеш продуктивен највеќе 5 6 месца ако издржеш така, има време за се.