1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студенти на ПМФ-Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од milenuska, 14 јули 2010.

  1. milenuska

    milenuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Планирам да се запишам на Природно-математичкиот факултет во Скопје....
    Ве замолувам ако има некој студент кој студира токму таму да ми пише како е... Посебно некој од хемија...
    Чекам мислења :)
     
  2. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    Јас студирам на ПМФ, ама не на хемија :) .Секој факултет си има своја тежина, ама ПМФ е малку потежок :rofl: .Не чекај многу мислење од другите затоа што тоа е индивидуално, секој со своето искуство. Верувај дека многу ќе ти речат дека е тешко, а некои и дека е лесно.Преиспитај се сама што сакаш во животот и колку си спремна да се жртвуваш за тоа, ако тоа што го сакаш е хемија и си сигурна во тоа дека ќе дадеш се за да успееш тогаш само напред. А ако не си баш сигурна и ако не ти се учи многу, тогаш запиши се на некој полесен факултет.
    Поздравче :)
     
  3. milenuska

    milenuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    А каде престојуваш? Бидејќи и тоа ми е многу битно. Сакам јас во Стив да седам, ама не знам баш како е таму?
     
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    За Стив еден другар , што е исто на пмф вчера ми кажуваше дека супер му било таму .Он во прва година беше во стан , а 2ра и 3та во Стив престојуваше , доста се фали и вели дека поубаво му било сега .Кажуваше дека супер е онака и дружбата се , а знам дека супер ми оди и на фах досега ,така да ако ти се учи секаде ке учиш :) Знам дека и оваа година пак ќе биде таму , што значи задоволен е .Е сега немам лично искуство да ти зборам што е како е . но ти кажувам што ми кажувале. Твое е да си одлучиш ;)
     
  5. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Јас сум на ПМФ ама не на хемија. Кога се запишував бев со некоја мисла дека и ако не успеам нема да се разочарувам бидејќи во средно бев просечен ученик. Првиот семестар ми пројде некако брзо и во страв и немав нешто посебно добри резултати. Ама решив дека одма не се откажувам па продолжив (додека скоро половина од студентите се откажаа). Не е дека сум меѓу најдобрите студенти ама навистина сум задоволна од личниот успех. Секако бара многу посветеност, учење, решавање задачи (бидејки студирам информатика) ама не е дека животот ќе ти се сведе на тоа. Живеам во Скопје па за разлика од студентите од други градови кои немаат стандардно друштво тука јас сум секој викенд излезена. Нормално за време на сесија знам и недела-две да се затворам во соба ама јас се смеам: јас решив тука да студирам! Многу ми се чудат на коментарот дека ПМФ не е ужас како што го замислуваат сите ама се е во начинот на кој ќе го гледаш факултетот (задоволство или обврска). Ако се решиш за ПМФ како избор на јако образование секако нема да погрешиш! ;)
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Студенти на пмф

    Миленушка што бидна се запиша ли на ПМФ?
    Инаку и јас сум на ПМФ, на Хемија :) Може и колешки сме :P
     
  7. SunshineBaby

    SunshineBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Студенти на Природно математичкиот факултет во Скопје

    Здраво
    Јас сакам да се запишам на ПМФ отсек биохемија само не ми е јасно поточно во кој институт треба да се запишам дали во биологија или институтот по хемија? Во институтот по хемија има аналитичка биохемија и двопредметни студии биологија-хемија кои се за наставник во основните училишта (тоа не ми е во предвид :)) А биологија-хемија студиите на биолошкиот институт дали се исти ме интересира?
    Дали некој може и да ми каже дали навистина е толку тешко како што сите ме плашат за да не се запишам.. мислам јас сум одлична ученичка и имам желба да го учам тоа ама сите ми велат да се запишам на нешто полесно..
    Ве молам ако може некој да ми одговори на ова :)
    Благодарам однапред. :)
     
    На qqq му/ѝ се допаѓа ова.
  8. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Студенти на Природно математичкиот факултет во Скопје

    Јас сум на ПМФ, не сум на биохемија но знам дека биохемија има и кај институтот за биологија, и кај институтот за хемија. Е сега, која е разликата и која насока е подобра тоа нека каже некоја што е таму. Меѓутоа сакав да кажам нешто друго.
    Знам дека професориве на ПМФ најблаго кажано се... мрднати. Многу бараат а малку даваат. Мораш да учиш, и може да се случи да преучиш и да добиеш 6че (мене колку пати тоа ми се случувало ехеее). Но, нема корупција како кај другиве факултети што сум слушала дека има, ама затоа мораш многу да го грееш столчето за да положиш. Ако си учиш, нема страшно, не ги слушај другиве што те плашат. Ако ти е желба за биохемија запиши се, учи си и уживај :) Се надевам ќе се јави некоја од биохемија да ти каже како е таму, јас сакав ова да ти го кажам.
     
  9. SunshineBaby

    SunshineBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Фала многу :)
    Поздрав
     
  10. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Размислувам нешто..и случајно скоро беше на гугал прочитав дека на ПМФ има насока биохемиско -физиолошка, многу се заинтересирав ама немам никој кој да ми објасни, мислам дека факултетот е поврзан со биологијата, предмет кој многу ми лежи. Ако има некој на ПМФ што знае нешто повеќе за оваа насока или пак студира на оваа насока да ми каже дали е поврзана со биологијата, предметите да ми ги каже, што можам да работам со оваа насока, дали можам потоа во лабораторија да работам и дали оваа насока е иста со насоката биохемија.....
     
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833

    Ако сакаш да работиш во лабораторија и си љубител на хемијата ,биологијата
    јас би ти го препорачала Фармацевтскиот факултет во Скопје отсек- Лабораториски биоинжинер
    http://www.ff.ukim.edu.mk
     
  12. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    ^^Па и хемијата не ја сакам многу, органската па и па а обичната не баш..ама биологија обожавам и затоа најмногу се распрашувам, за некој поврзан факултет што е со биологијата..сепак фала..има време ке размислам.. :)
     
  13. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Можеш да работиш во лабараторија, но многу тежок факултет, бара постојано учење, а професорите се оф леле мајко.
     
  14. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    ^^А ти на тој факултет ли си?..ако си ако може да ми ги кажеш предметите.. :) и секако секаде се строги професорите
     
  15. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    На LovelyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    еве ја се ке ви кажам што ве интересира за биохемиската насока на пмф оти ја бев дете од пмф
    биохемиската насока е на биологија и со неа откако ќе дипломираш можеш да работиш во лабараторија е сега додека да дипломираш малку ќе се помачиш оти професорите се такви бараат многу и даваат многу ,ако си научиш си положуваш. Aко сакаш и ако имаш желба тоа да го учиш тогаш си на право место. интересно е има лабораториски вежби се сечат стаорци,жаби,... ја ептен го сакав практичниот дел
    имаш некои предавана на хемискиот институт некои на биолошкиот и така имаш скрипти не мора да купуваш скапи учебници
    на хемиски пак има насока аналитичка биохемија со повеке хемиски предмети исто така со неа можеш да работиш во лабораторија, ама ако повеќе ти оди биологија биохемиската е одличен избор
     
  17. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Дада повеќе ми оди биологијата, хемијата ми е слаба страна, затоа и се плашам да не го утнам изборот па да се каам после..Ајде помош од поголемите..некои предлози за факултети.. кои се најповрзани за биологијата.. :)
     
  18. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Малку со закаснување, да ти кажам нешто со биохемиско-физиолошката насока. Јас дипломирав таму пред година ипол и ако биологијата е предметото кој што ти лежи, оваа насока ти е прав избор...Тоа е насока на институтот за Биологија и после дипломирање добиваш звање-дипл.инж.по биологија.Можеш да работиш во лабораторија, а после тоа со доквалификации можеш да бидеш и наставник/професор(ете јас сум во таква ситуација сега, а и многу наши колеги има во образованието,ако веќе нема во лабораторија и тој избор не е лош). Инаку,90% од предметите се биолошки дисциплини, имаш 5 хемии, нив ги полагаш долу на хемиски институт. Факултетот е напорен, имаш секојдневно вежби, скоро секој испит се полага и практично и усно, али ако имаш желба, ништо не е невозможно. И мене така ме плашеа на почеток, па на крајот се испадна во најдобар ред.Прави си онака како што се осеќаш, само така ќе направиш правилен избор...Поздрав
     
  19. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    ^^Па искрено биологија најмногу ми лежи, не ми ни претставува проблем кога учам. Само хемија |( ....5 хемии..не сум нај нај со хемиите..Ако не ти е тешко прати ми во ЛП кои предмети ги учете и дали факултетот е 4-ри години :)
     
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Па повеќе биологија од самиот факултет биологија, нема да најдеш :D
    Хемија имаш само во прва година (зборам за чиста биологија, наставен смер), органска и неорганска, се слушаат по еден семестар и лесни се за положување. И толку. Во втора година имаш биохемија која е малце потешка, но сепак не е класична хемија.
    Како и да е, биологијата си е супер, омилена наука ми е, но ако се решиш на ПМФ да студираш, спреми се за макотрпна работа и многу учење, тоа можам да ти го кажам. За било што друго те интересира, слободно кажи...ќе добиеш каква и да е информација :D