1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентска пракса (Практична настава)

Дискусија во 'Барање работа' започната од Punk girl, 19 јуни 2016.

  1. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Јас сум прва година на факултет за земјоделски науки и храна,треба да посетам 30 дена практична настава сакам да прашам ваше искуство без разлика на кој факултет сте ? Дали ви даваат пари за тоа ? Дали работите по 8 саати ?
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Не сум на твојот факултет, ама ќе ти кажам за мојот и други два факултети за праксата, и се надевам дека кај вас нема да биде така.

    Во главно, не правиш ништо. Не ти плаќаат секако :D и сигурно нема да работиш 8 часа. Или им вариш кафе таму кај што си отидена, одиш им купуваш за јадење, исклучиво лиснато од Силбо на пример (ова од другарка на Правен). Јас за среќа не варев кафе, нас ни нудеа да ни сварат :D , шала на страна, ни ние ништо не правевме само бесцелно лутавме по установата, првиот ден само не прошетаа малку, четири пати отидовме само и одма се понудија да ни стават потписи. На пракса или правиш нешто што не е поврзано со твојата работа, или не правиш ништо, само колку да се помине. И жално е тоа, се надевам дека нема да биде така на твојот факултет. :)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    За плаќање - не плаќаат, добиваш само потпис на формуларот за практична настава. Да одиш дефинитивно. Жално е што почесто се практикува - дај ќе ти потпишам не мора да доаѓаш:x
     
    На Punk girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    На мојот не плаќаат, те примаат со вртење очи дека нели ќе им висиш. Иаше ограничено саати колку треба да одработам во текот на пракстата па си ги распоредувам како се можностите. Не одев на места каде што викаат дај ќе ти се потпишам и чао зошто мојата работа е одговорна и се работи со луѓе, не го зимам здраво за готово. Ти препорачувам и ти да го практикуваш тоа зошто колку- толку ќе гледаш, ќе научиш и ќе користиш.
    Институциите ги биравме сами, а имаше и институции кои имаат склопено договор со факултетот ама не си ограничрна на нив.
     
    На Punk girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.745
    Пол:
    Женски
    Јас каде што одев, нормално, пракса е па не ни плаќаа, ама и не ги одевме сите саати зошто кога ќе дојдеше и другата смена ни велеа „ајде одете сега вие доста ви е за денес“, нели не сакаа да им сметаме. За разлика од праксите во средно кои беа надвор од училиште (повеќедневните), првиот ден имавме обиколка на установата и сите останати делови каде што одеше менторот таму и ние т.е. ја гледавме како работи и ѝ помагавме во нејзината работа, за да научиме нешто. Ни скрати и денови, и саати и се.
    Ама колку - толку правевме нешто, се надевам и на другите пракси во иднина ќе правиме нешто. А пред да почниме на факс ни кажаа точно колку дена и колку сати треба да сме таму ама кога веќе ојдовме на праска таму поинаку свиреше песната.
    Исто и средно кога одев на Феријална беше иста приказна. Требаше околу 5-6 часа да бидиме таму, во втора година 10 дена, другите години по 20 дена, ама сем ако ептен не замолиш да останиш сите дена, одма ти бараа дневник за потпис за да не им висиш над глава.
    Сега за државен испит во болница буквално кога одев документи да поддам ми потпишаа, само надвор од болница праксата треба да ја држам (тука договорив цело време да одам - thanks God - , неќам да немам знаење кога ќе земам испитот и барам работа, а не ме бива).
    Сепак праксата е да научиме и некогаш институциите каде одиме не знам зошто толку се одбивни. Знам, нарушуваме и мир и се, и бараме помош ако неможиме нешто сами да напрајме, и кафе ќе свариме и кифла ќе однесиме и промет в банка дури, ама дури и нишо да не прајме гледаме тие шо прат па колку толку учиме нешто. Јас кај шо бев на пракса бевме во посреќните кои успеаа лесно да одат, зошто ако беше одговорното лице во лош период од денот знаеше да враќа студенти да си оделе во друга институација, а нивното одење таму беше претходно договорено со нив, и препорачано писмо од факултет имаа и се, а поради и местото каде што бевме пуштени и лекарски прегледи имавме претходно правено.
     
    На Punk girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RoseBlossom

    RoseBlossom Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Некој што бил на пракса во ЕВН, или знае што е паметно да се вклучи во мотивациското писмо?
    И дали можеби некој знае што би се распрашале на интервјуто?
     
  7. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Море 8 саати во станица им дремев и им пишував повеќе него полицајцине, требаше плата да ми дадат :D

    Иначе, има ли некој искуство ако не бил на летната пракса?
    Јас не сум тука цело лето па мислам дека тоа ваљда ќе се одложи малце накај септември-октомври..?
     
  8. little.doll

    little.doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    23
    Има ли некој одено на платена пракса во Арцелор Миттал во Скопје ?
     
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    8.683
    Пол:
    Женски
    Никој не се замара со студентите. На толку пракси одено, абе еден денар не дадоа (една кифла ти треба, една кесичка кафе). И ок, ајде тоа (пак пред се' искуство да се стекне, сите сме со таа мисла), ама најтешкото ми е кога ја земам потврдата. Пишуваш мејлови (лично ми имаат кажано оти не читаат пошто пишувало практиканство и не биле битни тие мејлови), број немаш (ако имаш ептен си под среќна ѕвезда), одиш културно да прашаш, те маткаат. :(

    Поголемиот дел од луѓето што се знам, велат: ''имаш морална поддршка''. Морална поддршка? И после се чудиме зошто квалитетен кадар бега надвор. Со многу нефер ситуации сум морала да се помирам, сум гледала неспособни што ми ги давале да ги упатувам дур сум на пракса за да можат да се снајдат (така на една ѝ бев кажала: "пиши со македонска поддршка", а оваа место да смени на лаптоп, ми пиши "со македонска поддршка". Погодете кого вработија.)