Студентски лидери

Дискусија во 'Образование' започната од >mima<, 17 јануари 2025.

?

Дали знаеш кој е претседател на твојот факултет / универзитет?

  1. Да.

  2. Не.

  3. Не а ниту ме интересира.

Дозволен е избор на повеќе опции
Можеш да ги видиш резултатите само откако ќе гласаш.
  1. >mima<

    >mima< Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2023
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Долго време го следам форумов и ги читам дискусиите поврзани со студентските прашања – теми за студентските домови, стипендиите, оброкот и слични проблеми. Често забележувам дека се појавуваат ситуации во кои студентските права се прекршени, а истовремено многу малку се зборува за тоа.

    Како поранешен студент, од сопствено искуство можам да потврдам дека ова не е нов феномен – ваквите прекршувања се случуваат често, а реакцијата обично изостанува. Токму затоа сакам да отворам дискусија на тема: Колку студенти ее запознаени со улогата и активностите на нивните студентски претставници?

    Дали знаете кој е претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на вашиот универзитет – УКИМ, УКЛО, УГД или други? Дали сте слушнале за студентскиот правобранител? Дали некогаш сте стапиле во контакт со нив, било да се работи за прашања, проблеми или предлози?

    Сакам да знам какво е вашето мислење за нив:
    - Дали сметате дека тие навистина го претставуваат гласот на студентите?
    - Дали сте задоволни од нивното лидерство?
    - Се чувствувате ли како тие да се активни и посветени на студентските прашања, или ги гледате како „статични фигури“ што постојат само заради форма?
    - Дали мислите дека нивното работење досега донело подобрувања во студентскиот живот?
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    15.545
    Пол:
    Женски
    Најчестата жалба што се упатува до овие лица е делот со нефункционирањето на студентски прашања. Мислам дека не треба само да се чека од претставник, туку и студентите треба да се сплотат и ангажираат.

    Според мене претседател/претставник треба да се занимава со побитни прашања, а не да биде тромозен со едно те исто. Да не речам дека голем дел од студентите не знаат или сепак, не се интересираат за најосновни работи и се збунети пред оние од студентски прашања. А претставниците на факултетите ова го гледаат како отскочна даска во политиката. И најчесто е искористено, а не дека нешто им е битно за студентите. Што значи, џабе постојат (барем тука кај нас).

    Ние немаме систем на земање предвид на мислењето од студентите. Ама и делумно студентите не сакаат да се вклучуваат со свои идеи за подобрување. Чекаат.