babylove овошни кашички

Студирање во Бугарија

Дискусија во 'Образование' започната од strumfetka, 21 јануари 2012.

  1. strumfetka

    strumfetka Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Би сакала да студирам во Бугарија. Ме интересира како е процедурата за запишувањето и дали има некои стипендии за странски студенти. Дали се важат оценките од државната матура и дали таму се полага некој приемен испит?
     
  2. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    И јас планирам да студирам во Бугарија. Процедурите не се исто, во Македонија можеш да аплицираш на 1 факултет во Бугарија на 9, има стипендии за странски студенти, но незнам баш по која процедура се добиваат. Оценките од државната матура не важат затоа што не сме член на ЕУ. И да се полага Бугарски јазик и Историја на Бугарија, и зависи на кој факултет сакаш да студираш, на некои има и испити плус.

    Инаку и јас би сакала да знам малку повеке за студирањето во Бугарија, ако се најде некоја феминка што студира таму, се надевам дека по детално ке ни објасни.
     
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    5.685
    Првин поднесуваш документи во амбасадата на Р. Бугарија во Скопје, или во одреденото место од министерството за образование во Бугарија, тие документи се:
    -копии од свидетелствата заверени кај нотар,
    -потврда за бугарско потекло (кое се вади во Бугарија и ви овозможува да плаќате ниски партиципации за факултет)
    -фотокопија од пасош
    -потврда од средното училиште дека кај нас дипломите се издаваат во јули
    -две фотографии
    -еден формулар што се зема од таму каде што ги пишуваш твоите 5 факултети (не се веќе 9), прв го пишуваш тој што највеќе го сакаш итн.
    Добиваш број и си чекаш да дојде датумот за полагање на приемен.
    Не се сеќавам баш што друго од документи требаше, но воглавно тоа е...

    Потоа, си земаш книги за Историја на Бугарија (речиси е истата како македонската :D ) и учиш јазик, граматика и литература. Си решавате примерни тестови и си вежбате.
    Приемниот е само на заокружување, се решава 3часа, јас го решив за 1.30.

    Потоа излегуваат првин резултатите со колкава оценка сте положиле, кај нив највисока е 6.
    Резултатите на кој факултет и универзитет сте примени излегуваат по овие првите.

    Си ги земате документите од Софија, од министерството за образование, одите во универзитетот каде што сте примени и ве запишуваат. Е тогаш таму давате фотокопија од дипломата заверена кај нотар.
    Оценките од матурата не ви вршат никаква работа, важно е само да ја земете дипломата.
    Од таму ви кажуваат каде треба да одите за да ве сместат, т.е. да добиете место во студентски дом.

    За стипендиите, првата година добивата стипендија од 45е, без никакво поднесување на документи. Продолжувате да ја земате и во втора година доколку имате одреден просек (на секој универзитет е различно).

    Ова ви е страницата на Министерството за образование http://mon.bg/left_menu/abroad/

    Среќно на сите што ќе аплицирате :)
     
  4. LadyDPC

    LadyDPC Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    сестра ми сега е матурантка и размислува за таа опција, но е тапа со бугарскиот јазик, ако може повеќе инфо како се полага бугарски јазик (дали со заокружување) и дали се поминува лесно
     
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    5.685
    Дечки на страната ви пишува се, прочепкајте малку се на тацна ли да ви се сервира.
    Кога ќе мрднете од дома ќе нема кој да ви ги оправа работите, почнете од сега.
     
  6. FineChina

    FineChina Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    25
    Eве и јас да помогнам малку јас студирав и магистрирав во Бг ..на почетокот бев тапа на бг јазик ич ништо не знаев.. малку ми беше тешко на приемниот оти ништо не разбирав со заокружување беше и беа мн строги како и да е имаше мн песни народни од револуционери бугарски ова беше пред 7-8 год ви кажувам ако сака некој нешо др да праша слободно нека ми пиши колку шо можам ќе помогнам..позз
     
  7. ivana.jovanovska

    ivana.jovanovska Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Sakam da studiram vo bugarija no jazikot ne go znam pa me interesira dali so pocetokot na studiite nekoj poducuva vo vrska so jazikot
     
  8. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Дали некој ќе студира во Бугарија оваа година :?: Ме интересира кои документи ми се потребни за сместување и за запишување семестар. :)
     
  9. menceto95

    menceto95 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    sakam da studiram visa medicina ( medicinska sestra ) vo bugarija, dali treba nekoj prosek da imam za fakultet dali vazat ocenkite ?
     
  10. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Луѓе ќе ве замолам за помош... матуранка сум и сакам да продолжам да студирам медицина во Бугарија, но 2 години сум многу добра. Колкави се шансите да ме примаат, има некој некакво искуство?
     
  11. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Твојот успех од средно и не игра голема улога, гледај добро да поминеш на државната матура. Најважно е на приемниот испит во Софија да покажеш добри резултати и немаш мака. Ако се покажеш добро ќе бидеш примана на тоа што го сакаш без проблем.
     
    На pulchritudinous му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Прочитав погоре резултатите не важеле бидејки не сме членка на ЕУ? Имаш повеќе податоци?
     
  13. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Немаат голема улога, но сепак ги носиш документите од средно. Со малку подготовка за приемниот испит и секако ќе бидеш примана. Предност на студирањето во Бг е тоа што дипломата ти е признаена, плус првата година земаш околу 50 евра месечно стипендија, а понатаму во зависност од успехот. Мислам дека нема да погрешиш ако се запишеш овде. Јас студирам во БГ и сум доста задоволна.
     
  14. mh23

    mh23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    46
    Би сакала да се запишам на магистерски стидии во бугарија може некој да ме поупати за уписите кога се квотите приватни државни и во процедура сум на вадење на државханство дали има улога
     
  15. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    193
    ^^Како добиваш стипендија 50 евра? :^)
    Инаку во однос на плаќањето како оди? И поскапо е таму студирањето или тука-некаде? Се мислам помеѓу Словенија и Бугарија, само мислам дека словенскиот јазик би ми правел проблем, па затоа одбрав Бугарија.
     
  16. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Стипендија прва година земаш врз база на тоа дека си од др држава и студираш во БГ. А потоа наредните години мораш да имаш просек над 4.00 . Семестариалната такса е во зависност од факултетот на кој ќе се запишеш. Околу 300 лева(150 евра), малку е поскапо од МК, но затоа барем дипломата ти е признаена , а и да не зборувам колку е по различен животот во БГ. ;)
     
    На toogood, Bescheiden и Vervine им се допаѓа ова.
  17. Alek.P

    Alek.P Нов член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Вака сакам некој да ми објасни што студира во бугарија или што завршил веќе како е, колку се плаќа отприлика годишно, што смерови има, по колку години се, колку поени треба, дали се тешки приемните и јазикот.. се што знае за факултетот и интернатот:3
     
    На ivana.97 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Batka82

    Batka82 Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Tuka se zachleniv za da pomognam.Zdravo na site. Jas se zapishav na medicinski fakultet vo Bugarija -1999 god. Preku Ministerstvo za obrazovanie i nauka na R. Bugarija. Prvo za priemnite- zavisno za koj fakultet se zapishuvavme i takov priemen se polagashe. Jas polagav biologija , bugarski jazik, i Bugarska istorija i bugarska literatura. Vazni se odcenkite od sveditelstvata od 4 godishnoto obrazovanie. Za medicina-vazno beshe biologija site 4 god. da imash odlichen uspeh. I vkupeh uspeh nad 4,0 od R. Makedonija. Jas koga se zapishavav vo Bugarija imashe vkupno 4000 kandidati za na medicina, od 10 zemji....a se zapishavme vkupno nekade okolu 258 lugje niz cela Bugarija. Jas plakjav nekade okolu 1100 dolari godishno. Najdobro e da se zivee vo internat, So jazikot sekoj koj se zapishuva ima problemi nekade okolu 1 godina. Medicinata vo Bugarija e na mnogu dobro i visoko nivo. Jas sega kako doktor mozam da se snajdam vo sekoja mozna situacija....pri rabota. Pozdrav.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Batka82

    Batka82 Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Nekoj imal problemi so bugarskiot jazik....moze da zemete kursevi za bugarski jazik vo Bugarija. Dobra idea e.....taka kje bidete podgotveni za studiite.
     
  20. PreciousDiamond

    PreciousDiamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да се запишам во Бугарија. Ако има некој информации нека ми пише.