Студирање психологија

Дискусија во 'Образование' започната од Ambitious, 1 јуни 2015.

  1. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Вака, моја професорка по психологија не убедуваше да не студираме психологија бидејќи работа никако не може да се најде или евентуално ќе се најде во некое училиште како психолог/проф. по психологија.
    Ме интересира какво е вашето мислење. Дали вреди да се студира психологија во нашата држава. И што мислите, дали во другите земји тоа е поразлично?
     
  2. Осамената09

    Осамената09 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    И мене истото ми го имаат кажано.Јас многу сакам да студирам Психологија,така што ве молам ако знае некој нека каже :l::$:D
     
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.504
    Пол:
    Женски
    Не знам што очекувате да ви се каже, да студирате или не студирате?

    Реално во Македонија кариера на психолог - научник е невозможна, ама од каде правото на некоја бедна професорка да убедува да не се студира? Или вие ги немате разграничено поимите сеуште?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.708
    Допаѓања:
    74.638
    Пол:
    Женски

    За во др земји незнам како е , но во Мк ако немаш некоја голема врска да те бутне некој по школо , градинка или некоја др установа , нема шанси да се најде работа. Моја најдобра другарка заврши психологија пред 5 години и не најде работа до ден денес , туку сега работи како медицинска сестра зашто тоа заврши средно. Таа пак нешто најде да работи , додека некои други познанички што го завршија истиот факултет си седат сега дома
     
  5. kasandrasrce

    kasandrasrce Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    24
    Здраво женски...дали има некоја тука сто студира психологија? Ни даде професорот задача по еволуциска психологија да гледаме некој филм или представа и во тој филм или представа да забележиме појава што е надвор ,или карактер однесување со некоја адаптација,интерполова компетиција,2 страни да напишеме во во ворд.,дали има некоја пишувано вакво нешто??
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    7.845
    Пол:
    Женски
    И јас имав голема желба за психологија, ама реално навистина нема работа, и да најдеш тоа ќе биде училишен психолог или професор, јас си имав замисла за личен психолог своја канцеларија и сл. ама тоа во Македонија евентуално за 50/100 год.
    Психијатар е нешто сосема друго, за тоа има колку-толку повеќе перспектива, и поинтересна е работата ама факултетот па, 6 год општа и после 4 специјализација...не е за да се нафати секој.
     
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    100.164
    Пол:
    Женски
    А κоја пρофесија е загаρантиρано деκа одма ќе ти обезбеди ρабота по стρуκа?! Аκо те влечи нешто по сеκоја цена учи го тоа што го саκаш, аκо сметаме κаκо се вρаботува овде и слични таκви муабети ниκој неκа не учи и само по паρтии неκа виси.... Плус не се знае κаде патот ќе те однесе, можеби во стρанство ќе ρаботиш, па може ќе си пρва κоја ќе отвоρи психолошκа оρдинација и сл.. Мој неостваρен сон е психолигијата, за жал и полρај што бев подготвена за полагање на пρиемниот сепаκ се отκажав бидејќи не саκав и не можев да студиρам во Сκопје, од неκои лични пρичини и не жалам за тоа, студиρајќи во мојот гρад дипломсκата ми беше по пρедметот психологија, а тоа вρеме го поминав со личност κоја сκоρо по дипломиρањето почина!! А со студиρање психологија планиρав да посетувам и κуρсеви по гешталд теρапија... но ете јас ја пρопуштив таа шанса. Совет - следете ги вашите соништа!!!
     
    На RockNroLLGirL и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    110.623
    Tvojata posledna recenica e pricina zosto se zapisav psihologija, pusta zelba i nadez. Kraj kraeva sekogash mozam da najdam rabota kako farmacevtski tehnicar vo apteka.
    I mene pred da se zapisam koj ne mi tupashs glata za da ne ucam psihologoja skoro i se otkazav ama eve sega tamu sum
     
    На RockNroLLGirL му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    100.164
    Пол:
    Женски
    @theowndemon браво за одличниот избор, и кога веќе си во тие води подлабоко, немој такви размислувања, секогаш имај повисоки очекувања, критериуми и цели, нели ти е позната моќта на потсвеста и моќта на позитивното мислење!? :) Еве и јас живеам по тоа мото - внимавај што посакуваш, може да ти се исполни!
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SweetAna

    SweetAna Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    16
    Здравоо, јас сакам да студирам психологија. Другарките ме предомислуваат дека немало работа, но кога ќе видиш се е до среќата. Видов дека оваа година примаат 120 на психологија. Дали имам шанси со околу 85-86 поени да ме примат?
     
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    22.474
    Пол:
    Женски
    Како психолог можеш во секоја институција во денешно време па и судски вештак како хонорар можеш да кажеш шо како зошто е отепан фиљан фиљан човек или во училиште итн има многу да не набројвам...на славјанскиот во Битола моментално сме 62...откачуваш по малку кога го студираш ова но во позитивна насока ;)
    Така да ако те привлекува оваа наука има интересни работи шо ќе научиш...запиши се на тоа
     
  12. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    3.661
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам за психологија треба да имаш завршено општа медицина,па специјализација па тек потоа да работиш како психијатар во некоја болница,колку е точно не знам.
     
  13. WinterGirl16

    WinterGirl16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    651
    Зависи дали сакаш да бидеш психолог или психијатар оти се разликуваат.За психолог се студира на филозофски факултет и после можеш да работиш по училишта и други општествени институции,при лечење на пациентите се фокусираат на психотерапија.За психијатар се учи на медицински факултет и при лечење тие се фокусираат на терапија со лекови.
     
    На cresa-jagoda и Βικτωρία им се допаѓа ова.