Од универзитетското собрание на УКИМ вчера објавија дека официјално се изгласала оваа одлука и дека од октомври би требало сите редовни студенти да добиваме месечно по 2400денари за студентски оброк. Кое е вашето мислење за ова? Дали навистина ќе се реализира? На кој принцип ќе биде, дали парите ќе се префрлаат на трансакциска како што беше за купувам домашно или пак ќе имаме некои посебни картички кои ќе ни ги изработат во текот на наредниот период? Доста нејаснотии има околу ова според мене, каде би можеле да се трошат парите, во маркети само или и во угостителски објекти, дали дневно ќе се префрла сума на пари или месечно уште на 1ви во месецот, кога би стигнале да ги обработат информациите кој се е редовен студент за веднаш од 1ви октомври да започне мерката и многу други работи.
Ова треба да биде само за социјално загрозените студенти и евентуално тие што доаѓаат од други градови. Мене не ми требаат тие пари јас сум студент и работам, само фрлаат пари залудно.
Еве што сретнав на оваа тема на инстаграм. Не успеав да најдам други информации освен ова: Не ми е јасно како на трансакциска ќе ги пуштаат, а нема да смеат да се искористат за време на празници и неработни денови. Па од трансакциска смееш да вадиш и да си плаќаш со картичка кога сакаш. А па за тие 120 денари дневно од следната година уште понејасно е. Едит: и тука истото го пишува https://meta.mk/vo-novata-akademska...-dobivaat-po-2-400-denari-mesechno-za-obroci/ Не видов официјална објава од МОН.
Ова го има во некои држави и луѓето не се бунат. Ама Македонче како Македонче сеа и плус паричка ќе му смета. Според мене е топ, а за тоа како ќе биде пишаа дека ќе информираат во текот на летото. Мене секако нема да ме следува.
Ко-не-чно! Овие средсвта се повеќе од добредојдени особено за студенти кои не се од Скопје. Следно шо сметам дека треба да се овозможи е, студентски попуст во определени ресторани, пекари, сендвичари и сл., каде студентите ќе можат редовно да се хранат за евтини пари, да не треба да се грижат дали до крајот на месецот ќе им достигнат парите за храна.
Поглупаво од ова не сум прочитала до сега.Што ако работиш, супер ќе ти дојдат и 2.400 ден плус,не мора на оброк да си ги искористиш може да си купуваш облека.
Не кажа дека не и требаат него дека подобро е да се пренаменат тие сретства за друго за тие што се од истиот град каде што и студираат. Така ја разбрав. Иначе конечно некоја асална мерка. Некако младите и студентите најзаборавена категорија се кога се носат мерки и закони.
Нека не дават на тие што работат. Има многу родители со ниски примања, а школуваат двајца студенти. На тиа и како е добредојдена оваа помош
Јас мислам дека треба да има можност да се пријавиш дали сакаш да ти дадат, па ако сакаш и се е океј да ти дадат.. Така тој што не сака да зема, нема да зема и тоа е океј.
И онака мерката гласи за сите,т.е. сите имаат право на мерката ,и студенти со ниски примања,и социјални случаи,и студенти со просек 10 ,и за студенти со просек 6.За сите редовни.Зборот ми е ако ги добие зашто да не ги искористи.
Да,и има некои такви,студираат редовни се,ама кога ќе дојди стипендија ако се пријавени од работа не можат да користат стипендија.
Во мое време мислам не можеше да имаш статус на редовен студент, а при тоа да си во редовен работен однос
И сега не може ама прават некои "мучки", знам дека се пријавуваат у заводот за невработени со диплома од средно... Инаку за стипендија ако не ти е социјална, нема како да знаат дека имаш приходи..
Може во државава. Не се поврзани никако факултетите за да откријат дека работиш. Јас бев пријавена додека студирав и бев редовен студент. Инаку, одлична е новата измена на законот, конечно нешто и за студентите. Барем оброците да си ги покријат и кафе измеѓу предавања.
Баш е добра меркава, реално секаде има некои привилегии за студентите, кај нас повеќе добиваат од државата пензионерите отколку студентите. А и нема поента да се дава само на некои, не се ни работи за огромна сума па да се исцеди буџетот заради нас.Кој работи нека си работи, не работат сите и баш е океј како помош во текот на студирањето.
А мене не ми е јасно, пошо 2400 ќе ни ги праќаат на трансакциска директно, како ќе знаат дека ние ги трошиме само за оброк? Или годинава за што било ќе можеме да ги трошиме?