Сува кожа-корупчиња во главата на бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од jana31, 10 април 2012.

  1. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    38
    Мојот проблем е во тоа што на мојата ќерка цела кожа на главчето и е како излупена и сува. Пробав да ја мачкам со беби масло и да ја масирам со фротирско крпче ама не помага. Нема корупки жолти ама сепак главчето и е како со првут целото. На телото нема никакви проблеми. Со првото дете не сум ја имала оваа мака, па ве молам за некој совет ако некој го имал сличниов проблем и како го решил!

    Вртејќи по бебешките списанија кои ги имам мислам дека го најдов одговорот на мојот проблем. Имено се работи за себореичен дерматитис. Иако овој проблем потсеќа на егзема, не било тоа и се јавувало во првите неколку месеци кај бебето и најчесто се повлекува сам од себе, иако може да се користат и кремови на база на хидрокортизон. И така направив, не ја мачкав на главчето со ништо и еве веќе почна да и се повлекувасат корупчињата, а на лицето сувата кожа и ја мачкам со кремот од Хип со цинк и и помага. Се надевам дека мојов одговор ќе им помогне на мајките кои го имаат истиов проблем.
     
    Последна измена од модератор: 29 март 2017
    На malifesent му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    57.612
    Ако е ова тоа што го имаше и едно од моите деца (не беше низ целата глава, само горе, ама веројатно е истото), кога бев во Козле ми кажаа дека децата што имаат такви се склони на алергии. Ми се чинеше нелогично, ама после неколку месеци на моето му констатираа алерхија, а и неколку бебиња на пријатели кај кои подоцна забележав вакво нешто подоцна покажаа алергии на нешто.
     
  3. diorsa

    diorsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    И јас забележав дека има корупки жолти на главата само на горниот дел..да оставам од само да си поминат или треба со нешто да ја мачкам ???
     
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Некој викаат пред бањање да се намачка со бенешко масло и шосле бањање нежно да се помине со детска четка и ќе паднале. Јас не правев ништо, сами поминаа.
     
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.835
    На мојата малечка цело главче и беше со теменца, ме советуваа со бебешко масло да сум ја мачкала па со чешелче да сум и ги вадела, ама јас ништо од тоа не направива, туку со Мустела пена наменета баш за теменца ја избањав 7-8 пати и сега главчето и е стакло. На внука ми со чешелче и ги вадеа и ај што е напорно и што нема шанси сите да ги исчистиш, туку и после некој период пак се појавуваат. Мустелата е закон!
     
  6. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    130
    ако збориме за теменици постои шампон за теменици од мустела како што кажа феминката
     
  7. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    пред бањање да се намачка главата со кокосово масло или некое друго беби масло (Бекутан), да се остави да делува 15-20 мин. па со густо чешле нежно да се помине по главлето- сите корупки, лушпи ќе се извадат со чешлето. После си се бања најнормално и ако има потреба пак да се повтори после некој ден. Кај нас ова успеа, а ни беше по препорака на педијатарот.
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.675
    Пол:
    Женски
    Гледам малава има малце сува кожа кај стомачето,ја мачкам со масло против тоа ама не гледам резултат :^) од што баш кај стомачето :^) малце ме загрижува :^) му се случило на некој слично?
     
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    4.163
    Ne grizi se, nemozat site bebuski da imat ista koza. Kerka mi koga se rodi bese so mnogu suva koza sega i e nezna ko svila. Mackaj ja na toa mesto so maslo i ke se sredi. Inaku i nie na glavceto izvadovme pred nekoe vreme korupkicki, ama ne sum ja mackala so maslo,nekako mi e strav so ceselce da.ja ceslam deka i e uste.meko.glavceto a gledam mnogu majki praktikuvat. Bratucedka mi so zejtince go namacka bebusot i so cesle pomina rece site mu.ispagjale a decata ni se razlika osum dena. Jas cekam sami da padnat ama nekako bavno odi
     
  10. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    330
    Масло од бекутан, моето за два дена се исчисти. И редовно чешлање.
     
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    4.163
    Ke probam
     
  12. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Гледам од синоќе на главчето се појавува по некоја трага од првут сигурно според мене тоа е знак дека во наредните денови ќе почне да му се лупи кожичето на главчето?? Дали сум во право, досега и сеуште се лупи на препоните, курето и пазувите.
     
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    5.654
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, обично пишувам во темите поврзани со природна нега на кожата и косата и најчесто сум активна во убавина и нега, меѓутоа би сакала со вас да споделам една статија поврзана со овој проблем кој најчесто се појавува на главата кај бебињата кога се многу мали. Јас не сум мајка меѓутоа ова го пишувам од поглед на дејството на состојките на бебешката кожа и нивната улога во негата на кожата кои не се за потценување.
    Се надевам дека на некоја од вас ќе и помогнат. Ве поздравувам сите


    Природни состојки и производи како лек за бебешка круста (корупки или теменици)


    [​IMG]

    Бебешката круста е еден вид на себореичен дерматит, кој најчесто се појавува на главчето на бебињата и има жолткаста боја (потсетува на првутот). Иако оваа појава исчезнува сама по себе, од естетска причина, а и како превенција и нега на самата кожа, од огромна важност се производите за нега на бебешката кожа во тие неколку месеци. Во продолжение на оваа статија би сакала да ви дадам неколку мали совети кои ќе ви помогнат при оваа проблематика:

    1. Масла за нега на кожата

    Половина час пред бањањето, со помош на едно памукче намокрено со масло, нежно поминете ја бебешката глава. Од маслата може да ги користите и наједноставните како бадемово или оризово. Внимавајте маслото да биде чисто, односно на етикетата да го пишува само ботаничкото име на маслото (на пример маслото од бадеми ќе го најдете како Prunus Amygdalus Dulcis Oil, додека она од ориз како Oryza Sativa Bran Oil) и тоа треба да биде единствена состојка во самиот производ. Во никој случај не ги земајте мешавините на масла со парафинско масло кое во декларацијата ќе го најдете како Parrafinum liquidum или во некои декларации и како mineral oil, затоа што ја запушуваат кожата, не и дозволуваат да дише и ја влошуваат состојбата на бебешките корупки наместо да ги лечат. Доколку сакате, во едно од горенаведените масла (бадемово или оризово), може да ставите малку чај од камилица кој секако ќе го зголеми ефектот на маслото.

    [​IMG]

    2. Од огромна важност е и производот кој ќе го користите за бањање на бебето кој мора да биде нежен, да не ја суши бебешката кожа и пред се да не ја иритира. Многу е важно да ја читате декларацијата на производите и да ги избегнувате оние агресивните кои може да ја влошат состојбата. Пожелно е производот за измивање како сурфактант да има глукозиди кои нежно измиваат, а воопшто не ја иритираат детската кожа. Еден пример за убав нежен производ е дерматолошкиот гел за бебиња и деца од Gamarde кој како состојки има: термална вода од Гамард, која е богата со сулфур и ги намалува иритациите на кожата, и вода од лаванда која има смирувачки ефект врз кожата. Содржи многу нежни сурфактанти за измивање како lauryl glucoside, coco-glucoside и decyl glucoside. На самата декларација пишува дека е од огромна помош при бебешките корупки. Детална рецензија на овој производ ќе најдете во статијата http://biodevojka.blogspot.mk/2015/06/blog-post_17.html.

    [​IMG]

    3. Оставете ја бебешката кожа да дише

    Секако дека во лето и зима кога излегувате надвор со мало бебе мора да ја заштитите главата со соодветно капче, меѓутоа во домашни услови, обавезно оставете ја кожата да дише. Особено зимно време волнените капчиња понекогаш може да ги зголемат иритациите на кожата.

    4. Отстранување на корупките

    Во никој случај немојте насилно да ги отстранувате бебешките корупки, иако на моменти ќе добиете нагон да го сторите тоа. Доколку ги следите советите за маслото и доколку користите убав производ, сами од себе ќе паднат. Важно е да не се прави притисок со насилно отстранување, затоа што тоа на некој начин може и да се зголеми појавата.

    Се надевам дека овие совети ви беа од корист и дека ќе се обидете да примените еден или повеќе од нив. Секако секое бебе е различно и она што одговара за едно бебче, може и да не функционира за друго.

    Поздрав и до скоро читање.

    Вики
     
    Последна измена: 5 септември 2015
    На Lolipop23, danichap и joy1 им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    231.947
    Фала за постот Вики.
    Бебчето мое нема баш ваков вид на круста, но приметувам дека има прилично сува кожичка па вакод вид на нега би би бил добредојден доколку може и превентивно да се користи.
    ЈА бањам со шампонче од Веледа но пред бањањето би ставала и масло. Го имам ова уље Bildschirmfoto 2015-09-05 um 12.13.19.png На етикетата стои дека е чисто Prunus Amygdalus Dulcis Oil.
    Твое мислење за негово користење како превентива при сува кожа на главчето и колку често?
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    5.654
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, според мене еднаш неделно е сосема доволно. Да не се претерува со оглед на тоа што твоето бебе нема поголеми проблеми. Што се оденсува до маслото доколку пишува само Prunus Amygdalus Dulcis Oil, а колку што можев да видам од опаковката е органско, тогаш супер одговара. Важно е да не се користат оние масла за бебе каде базата им е парафинско масло. Друга важна работа е да не се притиска туку нежно да се поминува со памукчето. Поздрав.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    citam vo postovite, pena za temence od Mustela, dali e ovaa pena kako sampon potoa teeba da se odmiva, ili se macka povremeno kako krem? Moeto bebe ima vakvi zoltenikavi korupki na glavceto, pa sakam da ja kupam ovaa pena za glavceto na Mustela.
     
    На H&J му/ѝ се допаѓа ова.
  17. augustd

    augustd Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    11.133
    Пол:
    Женски
    Kaj nas se pokaza efikasno masloto na frezy derm.
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.760
    Допаѓања:
    133.738
    Пол:
    Женски
    Со обично беби масло, или еве, маслиново масло нека биде, измачкај го убаво, нека стои саат-два, исчеткај го одозгора и избањај го, после уште еднаш помини со чешле, ќе падне голем дел од теменицата. После тоа и да останало нешто, само повтори, ќе се исчисти. Кај моиве двајцата од двапати ја снема. Додуша, кај малово и Логона од невен купката помогна за остатоците што потешко се вадеа.
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  19. H&J

    H&J Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Ние ги имавме само на предниот дел не на цела главичка,користам Хипп шампон и кога го бањам само поминувам со четкичка и толку за неколку дена му помина и еве сега ги нема му се исчистија скроз.
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Majki, jas povtorno prasuvam po temava, no eve nikako da se iscisti naseto temence od ovie suvi strupcinja, ima se poveke i poveke. Go banjam so specijalen sampon- pena za temenca na "Mustela", 15min pred banjanje stavam maslo Becutan i nezno ceslam so meka cetkicka za kosa, no ne pagaat...dali nesto ne pravam kako sto treba, mozebi treba malku pogrubo da protrijam, no mi e strav :( Kako sto citam od 2-3 pati ceslanje so predhodno natopeno maslo na poveketo im gi snemuvalo...