Веќе некое време трае судењето помеѓу Деп и Херд. Амбер тврдеше дека претрпела физичко насилство од страна на Деп, што тој го негира. -Никогаш не сум дошол до точка да ја удрам госпоѓата Херд на било кој начин, ниту сум удрил некоја жена во мојот живот, вели Деп кој не негирал дека тој и Амбер имале несогласувања и кавги. Актерот за отштета бара дури 50 милиони долари, што е четири пати поголем износ од проценетото богатство кое моментално го има актерката. На Деп му е загрозена кариерата поради што трпи финансиски загуби, а по 15 години бил исклучен и од идните филмови од серијалот „Пирати од Карибите“. Амбер од друга страна е исмејувана од јавноста бидејќи нејзините изјави изгледат како лоша глума и не е воопшто убедлива. Има гласини дека размислувала да се откаже од спорот со оглед на висината на оштета доколку изгуби. Го следите ли судењето?? Што мислете за досегашните случувања и секако крајот?? Покрај главната тема судењето содржи и многу драми..последните денови голема тензија има помеѓу Деп и неговата адвокатка па многу пишуваат дека најверојатно нема само професионален однос меѓу нив.
Следам колку ми дозволува времето, да ги анализираш Амбер и Џони, Амбер делува толку напнато, стално така тажничка, ја фаќа камерата како се клешти, сфаќа дека ја снимаат и наеднаш опп повторно таа пренапатена фаца, во еден момент почна да се пика во обезбедувањето демек ќе ја нападне овој а уствари тој не ни забележа дека се наоѓа во нејзина близина па подзастана, од друга страна пак Џони е тотална спротивност, крајно искулиран, опуштен, насмеан…. Мислам дека судењево ќе заврши во корист на Џони, иако многумина ги откажаа договорите и соработките со него и му завртија грб, сепак мислам дека на крај ќе излезе како победник, ќе се воздигне повторно и ќе си ја врати старата слава и репутација зошто позади него има војска од страсни фанови кои го поддржуваат и сакаат и во иднина да го гледаат на малите екрани, меѓу нив сум и јас верувам во неговата невиност. а зошто уствари судењево е јавно?
Чат-пат следам што се случува, ама и повеќе од очигледно е дека Амбер е тежок манипулатор кој сака да се прослави врз грбот на Џони. На секаков непромислен начин пробува да се прикаже како жртва во јавноста, а всушност со секоја постапка си се закопува. Од друга страна Џони, смирен, учтив и културен човек кој верувам дека е невин и судењето ќе заврши во негова корист. Сметам дека ќе добие многу поголема популарност, поддршка и соработка од претходно после случајов. Според моја претпоставка судењето е јавно затоа што се работи за популарна личност. Иако некои вакви работи треба да се задржат за себе и приватно да се решаваат, кога се случуваат вакви дешавки меѓу познатите, медиумите едвај чекаат да прават сензации за што повеќе да се разбранува јавноста.
Не сме сигурни ама така личи. Не знам зошто ама мислам дека лаже и дека сака лесно до пари да дојде. Неубедливи и се фацијалните експресии ... Шо знам ....
Како не бил учтив. Само се потсмева цело време И неговите фацијални експресии. Не мислам дека му е за пари, publicity stunt e
А кој не се потсмева на непромисленоста на Амбер? Мислам вистинска жртва на насилство нема да застане пред камера да позира како плаче со марамица на нос.
Не знам која е вистината и затоа не сакам да нагаѓам. Не би сакала да бидам човек кој двојно виктимизира жртва.
Затоа што долги години е во оваа индистрија, заводник со стаж, партнерки и партнерки на број низ годините и тоа сите селебрити и ниту една до сега во 30 и кусур години не изјавила дека била жртва на било какво насилство од негова страна, напротив му оддадоа поддршка, оваа се најде сега да глуми некое лудило?? И било досадно во врската пошо цело време бил со неговото друштво и со гитарата в раце
И Вајнстајн беше долго време во индустријата. Не можиме ние да знајме како било-шо било. Ни сме биле таму, ни сме полиција, ни сме истражувале.
Имам видено. Преплавен е интернетот со него. И искрено, многу ме нервира кога јавноста изиграва судија.
Мене ми е одвратно колку цел свет го гледа судењево како да е циркус, а не дека се збори за сериозна тема како што е семејно насилство. Сите ја исмејуваат Амбер, не може да дише жената без да биде превртено дека прави којзнае што. Пропагадна од страна на тимот на Џони Деп во највише. Никогаш до сега се светот нема свртено кон некоја славна личност вака, ама демек Џони Деп сега е невин а Амбер Херд е најголемиот насилник што постоел. Објаснете ми како можете да ги читате пораките на Џони Деп, кои се користени како доказ, и да мислите дека тој човек не може да биде насилен? Он е насилен, агресивен, мизогин, одвратен и се дружи со други abusers како него. Џони Деп и самиот кажа дека сакал јавно судење само за да ја понижи Амбер до крај и во тоа и успева. https://twitter.com/exiled_Lover/status/1519624089819926529 Идете на #IStandWithAmber на твитер и прочитајте подобри информации, затоа што не е нормална ова подршка за Џони Деп и ова изживување на сите негови фанови на судењево. Не потпаѓајте толку лесно на пропаганда и на фактот што Џони Деп има огромна бројка на фанови. Многу лошо испаѓа за сите жени кои се жртви на вакви токсични врски. П.С. Имало уште едно судење поврзано со ова тема, Џони Деп ги тужел The Sun затоа што го нарекле wife beater и во тоа судење он изгуби со тоа што 12 од 14 тужби за семејно насилство биле прифатени како вистина.
Чим е јавно имаме право и да изиграваме судии, а ти да не си малце феминистички настроена во целава ситуација?