сутлијач во тенџере стави вода и ориз клај му и ко ке почни да врие млеко тури му и шеќер по вкус ќе му ставиш
сутлијач Не може од рака треба во сооднос д абидат водата и оризот ,оризот наварува не може премалку вода а не може ни одповеќе значи си има мера една ориз чашка и три вода , потоа одкако ќе зоврие водата се тура млекце и со него се вари на тивко и на крај шекерот и бонапетит
Сутлијач На 1 л. вода и 1л. млеко се додаваат 3 шолчиња за кафе(од малите ) шеќер, 3 шолчиња ориз, 1 шолче зејтини една ванила.Сите состојки се ставаат во длабоко тенџере и се става да се вари.По желба на крајот може да се додаде и изрендана кора од лимон или цимет.
Сутлијач Јас го знам како сутлијаш а не сутлијач Оризот го варам прво во вода а потоа додавам млеко. Шеќер додавам според тоа колку сакам да ми биде благ. Никогаш не мерам туку од око ставам. Е сега си правам варијации, некогаш ставам само цимет, некогаш пред варење ставам 1 пудинг од чоколадо или ванила зависи што вкус сакам, некогаш одозгора само какао посолам или несквик - што имам по дома, сецкана чоколада која ќе најдам по дома..... Убава варијанта ми е кога во него ќе ставам мешано суво овошје и некој сечкан орев, бадем или лешник - фантастичен вкус и супер доручек
Сутлијач сутлијаш,ставам една паковка млеко во тенгере на огин да се загрее потоа еден филџан од кафе (не голем филџан) ориз го ставам оризот внатре и на тивок Oгин се вари A во мегу време мешаме,кога ке се здебели додаваме шекер колку сакаме да е благ, уште малце промешуваме на огинот и готов е јас вака го правам
Сутлијач Јас прво го варам во вода и кога ке биде сварен оризот ако има многу вода малку ја отсипувам и ставам млеко(се ова ставам отприлика зависи колку сакам да правам) и шеќер и оставам да поврие малку,по желба ставам ванилин шеќер и цимет.
Сутлијач А не се вика сутлијаш? Како и да е јас прво го загревам млекото, после го додавам шеќерот и мешам цела вечност после шеќерот, го мешам уште малце и толку.
Сутлијач Да. Сутлијаш се вика или пилав. Јас не знам да го правам. Инаку, сакам да го јадам, особено со цимет одзогора.
Сутлијач Морам да се самоцитирам. Боже ми помогни од самата себе мислев прво оризот го додавам па онда шеќерот. Ц ц ц ц бруки сум.
Сутлијач Јас сум природен талент, кај си видела некој сутлијаш со шеќер и млеко да напраи Тоа само јас го можам!
Сутлијач И јас го знам како Сутлијаш Инаку денес прв пат пробав со цимет Како ли сум го јадела претходно без него превкусно е, преубаво.. Јас го варам само со вода, млеко не пијам и не додавам
Сутлијач Одамна немам јадено класичен сутлијаш, се навикнав на овој кој ми е далеку подобар https://moirecepti.mk/post/малку-поинаков-сутлијаш/ Најчесто со пудинг од јагода, малина, лешник, но доколку не сакате многу да експериментирате, пробајте со пудинг од ванила
Сутлијач Обозавам мама пред некој ден ми правесе а снаа ми става и ванилин сеќер во него и повкусен е дефинитивно
Сутлијач 1 чаша ориз 3 чаши вода 3 чаши млеко 1 ванилин шеќер 8 (до 10) големи лажици шеќер Во тенџере се сипа чашата вода и се става на огин. Кога водата ќе зоврие, огинот се намалува и се додава оризот. Се промешува од време на време за да не се залепи на дното. Кога водата ќе испари и смесата ќе се подзгусне, се додава една чаша млеко и повремено се меша додека пак не згусне.Постапката се повторува се додека не се сипе и третата чаша млеко. По третата чаша млеко, убаво се промешува и се додаваат 8 (до 10) големи лажици шеќер и ванилин шеќер. Се сипа во садовите во кои сакаме да го послужиме, се запрашува со цимет по желба или се декорира со рендано чоколадо, овошје или прелив.