1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сѐ околу погреб

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lenna1, 8 август 2021.

  1. Lenna1

    Lenna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    42
    Не знам дали постои веќе слична тема, доколку да, слободно може да се избрише оваа.

    Овде може да се дискутира сѐ околу погреб, гробно место, обичаи, погребални служби, надгробни плочи и споменици.

    На интернет има многу малку информации на оваа тема, но денешницата вели дека и во најтешките мигови, бизнисот продолжува да цвета за оние кои имаат корист, а ожалостените пак во мака и од мака ќе платат огромни суми за достоинствен помен на своите најблиски.

    Што мислите за цените на погребалните служби, гробното место, надгробните плочи, целиот тој трошок и тој луксуз што богатите можат да си го приуштат. Но, што се случува со сиромашните во вакви ситуации, како тие справуваат со целиот трошок околу погребите?
     
    На Leonessa Moon, RainbowButterfly, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    4.458
    Браво за темата. Додека постои раѓање и умирање на физички тела, ова е реално и неизбежно, а луѓето ретко размислуваат за ова иако е составен дел од животот. Но уште е понепријатно и постресно доколку луѓето чии блиски починале, брзо и одненадеж треба да „трчаат„ да ги дознаваат процедурите и цените, но и да даваат соодветни одговори на прашања на службите.

    На пр. дали да ги погребат во православен, муслимански, еврејски, католички дел... Дали сакате непосредно пред положување на ковчегот во земја накратко да се отвори истиот?(било поради обичај, било поради проверка да не дошло до мешање на исти ковчези а други покојници) Исто, треба да знаете дека имате право да повикате, но и да одбиете да биде повикано свештено лице, зависно од личните убедувања на покојникот додека бил жив неговите желби но и реални можности. Имено, има атеисти но и верници кои не сакаат свештеници на погреб и точка и тоа треба да се почитува.

    Ми се чини дека е голем бизнис - транспорт на покојникот(иако е платено, понекогаш се случува да нема доволно луѓе кои би го однеле ковчегот до возилото и следниот ден од возилото до самото гробно место), наплата на гробно место, гробарина, венци, чување во ладилник (законски телото мора да преноќи во фриждер, претпоставувам да се утврди сигурно дека е мртов) - имаше пред неполни десет години репортажа низ некој од медиумите околу тоа. Работава, поарно не умирајте за да не арчите пари.

    Моето убедување е дека животот на душата продолжува по смртта на телото, и од тие причини не сум за церемонии и спектакуларни погреби, но од хигиенски причини телото мора да се погреба, па затоа треба да постои законски опција да се побара бесплатен погреб, макар најскромно.

    Еве линк од скопското погребално претпријатие каде можат да се добијат соодветни информации:

    Ценовник - Бутел
    Чести прашања
     
    На eliesaab, mesecar, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.989
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Машки
    Да почнам со коментар, околу погребалните оператори. Погребалните претрпријатија ужасно манипулираат со погребалните трошкови. Цената им е 10, услугата 0! Летово за жал учествував на два погреби. Во првиот случај, покојникот буквално им го украдоа од болница. Семејството не беше за ништо информирано, медицинскиот персонал(!) го предал телото без да се консултира со семејството!!! Им го однесоа на други гробишта!
    Во вториот случај покојниот го запретаа набрзина и нестручно, без добро да го запечатат гробот. Кога појдовме на прво утро се ширеше ужасна миризба.
    За погребалните обичаи во следниот пост.
     
    На eliesaab, mira.mira и daylight им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    9.713
    Пол:
    Женски
    Се мислам од каде да почнам да коментирам.
    Најпрво со погреби многу искуства сум немала, ама кога почина татко ми тогаш за брзо време се учиш, што и како оди процедурата.

    Околу цените на погребалните претпријатија можам да кажам дека се до плафон за сите услуги, ама сепак има понуда и за тие што не можат да си дозволат повеќе, памтам дека за ковчези имаше од 2000 денари па нагоре.
    После има уште стотина работи коишто се само за пари земање, дозвола за откопување, па дозвола за закопување буквално тогаш си преплавен со документи и се утепуваш од трчање од врата до врата.

    За надгробна плоча и споменик исто тие што тоа работат пари перат, секако имаат и по евтини варијанти, ама и тие евтините не се баш евтини. Конкретно нас споменикот и надгобната плоча не коштаа 2000 евра, бидејќи татко ми почина доста млад а и беше човек што стварно заслужува поради тоа се одлучивме да биде се најдобро.

    Околу обичаи за погреб има премногу, секое село свој обичај што би се рекло. Така од град до град, од место до место има разлика и не е секаде исто.
    Ама нешто што е исто мислам дека сегде тоа се прави, првата вечер што е ноќ на чување на мртовецот така се вика дека порано дома ги чуваа и морало да има луѓе што ќе бдеат над него цела ноќ, па е останато уште во мојот крај, и се спрема вечера за луѓето за последен пат да вечераат со починатиот, после низ дома се што може да отслика, како огледала, телевизори, стакла се покрива со чаршави, бидејќи се верува дека духот на починатиот се враќа дома и шета, па да не се види.
    Друго што ни кажаа е дека на мртовецот во палтото му се ставаат пари, нешто симболично и железни парички обавезно, зошто не знам, исто се става и огледало и чешел, ако бил венчан се става и бурма, не вистинската што ја носел додека бил жив туку обичен прстен ги има во погребалното, веќе не дозволуваат да се става пари и злато на мртовците, бидејќи порано ги откопуваа и крадеа.
    И така има уште многу други обичаи.

    За крај мислам дека секој човек заслужува достоен погреб, не мора да е ништо луксузно, макар да е човечки и достојно испратен, ако ништо друго во нова облека.

    Искрено на крај се на се нас колку што не фати погребот со сите трошоци се чудев како им е на луѓето што немаат, и сеуште не знам, бидејќи каде и да отидеш сегде вртоглави суми ти кажуваат.
     
  5. Lenna1

    Lenna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    42

    @Snowflake97 Каков споменик зедовте ? Гранитен или мермерен ? Мене од Бутел ми кажаа вртоглави суми за гранитен "цакум-пакум" среден споменик, некаде околу 5,000 евра за еден споменик. Кога ја слушнав цената искрено ми се сврте и уште не ми е верно, се си мислам дека тој одговорниот згрешил околу цената, затоа што јас прашував за еден споменик, па потоа за два (~600.000MKD), прашував дали би имала попуст и сл.
    За мермерен ми кажаа цена некаде околу 1,500 евра од споменик.

    И си викам така во себе, јесте да е гранитот толку скап, ама зарем е можно до тој степен..
     
  6. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Еден погреб=еден кредит. Кошта околу 500евра, ако се прави споменик уште толку.
     
  7. Lenna1

    Lenna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2018
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    42
    Еве ние колку покрупни трошоци имавме досега за погребот на мајка ми:
    Гробно место: 12.000 MKD
    Погребална служба: 32.100 MKD
    Ручек во ресторанот во Бутел (погреб): 13.000 MKD
    Ручек во ресторанот во Бутел (40 дена): 8.000 MKD

    Тек треба споменик да се праве.
     
  8. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Стварно ненормална работа. Зошто па толку зема погребалната служба? Ручеци, 2,4, 9 дена, пола година, година, попови, па и големи споменицни според мене се сосема непотребни ако се знае каква е состојбата на мртвите. Ако одиме по христијанство, а не по традиција. Традицијата ни е скапа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    9.713
    Пол:
    Женски
    Црн мермерен е споменикот, а надгробната плоча исто е црна мермерна ама некако како прскан мермер шарен.
    Во Скопје знам дека се ненормално високи цените за споменици, едни пријатели наши порачаа споменик тука од каде што сум јас бидеќи во Скопје цените беа огромни. Не дека и тука е ептен ефтино, ама сепак има разлика.

    Во тие пари се плаќаш, сандак, венци, крст, транспорт на мртовец (од местото каде што го зема, до капела, и после од капела до гробишта). И искрено тие услуги не би требало да коштаат толку, ама ете неопходно е и они перат пари.
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    4.458
    Доколку починатото лице било пензиониран македонски државјанин, по соодветно поднесена документација до ПИОМ се исплаќаат 30,000 ден. од солидарен фонд се чека околу десетина дена на парите. Таман да се покријат основните трошоци околу погребот без споменик.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.989
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Машки
    Не е точно ова. Тие 30.000 денари ги добива лицето, ако и само ако вложувало во доброволниот фонд на ПИОМ. Ако не вложувало нема ништо да добие.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    4.458
    Вложувањето е автоматско, исклучок е доколку за време на животот поднело писмена изјава дека се откажува од вложувањето.
     
    На Dust и Orthophill им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.989
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Машки
    Кога се добива право на пензија, од ПИОМ прашуваат дали се сложува корисникот да учествува во доброволниот фонд. Ако се сложи корисникот (потпиши изјава) ќе го вклучат и плаќа 14о или 160 денари месечно. Сите не се вклучени.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    9.713
    Пол:
    Женски
    Да беа десетина дена добро ќе беше, нас дури по 3 месеци ни ги пуштија и тоа бидејќи одевме им досаѓавме таму, на крај морав да се испокарам со дотичната госпоѓа што ги немаше испратено документите каде што треба па така да завршат работа.
     
    На eliesaab и Orthophill им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.016
    Допаѓања:
    174.735
    Пол:
    Женски
    Нас за месец ипол ни ги пуштија парите..
    34000 погребот кошташе
    Ручек не дававме, на погреб само јас и вереникот бевме (желба на татко ми) .. после тоа земавме ручек за дома за мајка ми и за нас и толку беше.
    На 9 дена само јас бев..
    На 40 само јас..
    На 6 месеци сега пак само јас..
    Кога го погребаа за попот 3500 после за 9,40 и 6мес ситно беше..

    Он сакаше без собиранки и глупости..му ја исполнив желбата.
    Е сега за споменикот војна водиме со мајка ми и уште не е направен..
    Ми дадоа понуди само за плочата од 600 до кај 2500 евра, плус цртањето и текстот..
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    4.458
    Нашето искуство е од 2019 година, па можеби беа две недели но не повеќе.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.850
    Допаѓања:
    24.671
    Пол:
    Машки
    Аман бе оти олку скапи во Прилеп, го направивме сосема солиден гробот ни најевтиниот ни најскапиот и не фати околу 1200 евра, го направивме од гранит, поточно од Крин гранитот што го експлоатира во Мариово.
     
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.850
    Допаѓања:
    24.671
    Пол:
    Машки
    Лага, еве веќе два месеци чекаме и сеуште не се пуштени парите. :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.359
    Допаѓања:
    4.458
    Не можеш да речеш лага, туку поинакво искуство. Знам кога беа добиени парите.
     
  20. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Незнам зошто е така, веројатно заради лудоста на народот. 1200 евра споменик за гроб, еј 1200 евра. Не треба да е повеќе од 100 евра. Само трева или само една плоча и доволно. За починатиот неговото завршило, ништо нема да го врати ниту да се лути ако нема скап споменик. Останатите треба да живеат, а не да се задужуваат, стресираат и мизеруваат заради надгробен споменик кој нема никаква практична вредност.
     
    На iloveyou29, Majra и eliesaab им се допаѓа ова.